400 до 500 евра, за менаџери 1000 па натака.
Liar liar..
FX3X всушност има малку македонски 3Д дизајнери, повеќето се индијци кои ги најмуваат хонорарно. Работат по ист модел како и големите софтверски паразити од типот на Seavus - зимаат голем број на дизајнери за ефтини пари и проектот им го растураат на ситни парчиња. На секого му даваат мало парче, таман доволно за да не знае на што работи човекот. Така нема да може да бара многу пари. Пример, ако дизајнираат автомобил, едниот работи на бандажите, друг работи на седиштата, два-тројца на предницата и така натаму. Само мал дел на луѓе им се стално вработени и тие луѓе потоа ги склопуваат деловите за да се добие финален модел или сцена. Во суштина најголем дел од дизајнерите воопшто не ни знаат кај им завршил трудот.
Никогаш, ама !НИКОГАШ! не би работел за ваква бедна компанија. На страна тоа дали плаќаат добро, немаш никаква перспектива за унапредување. Во 3Д дизајнот каде креативноста е најбитна, тие ти даваат стриктно зацртани димензии и упатства. Предизвици нема, никогаш не си соочен со нешто што ќе ти даде нови искуства или ќе те натера да развиеш нова техника. Кај нив работата се сведува на исклучиво механички операции, само редиш полу-готови делови. Класична амалска работа.
Како еден од ретките 3Д дизајнери во Македонија кои професионално се занимаваат со оваа работа, со сето срце изјавувам дека ја презирам оваа фирма. На нас дизајнерите не ни се проблем пари, доволно е 2-3 куќи годишно да дизајнираме и пуна капа пари има, ние константно бараме нови и интересни проекти на кои би работеле. Со други зборови, се она што 3Д дизајнот би требал да биде, во оваа фирма не е.