Фудбалски вести

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
Правилно е да се укине голот во гости во продолженијата 2х15 затоа што на тој начин тимот што гостува вториот меч добива (неоправдано) 30 минути повеќе да постигне гол што во суштина вреди два гола.

Другото мислам си е океј. Ако се укине целосно уште толку ќе се зголеми тактизирањето во нокаут фазата што ќе доведе до тоа да стане ептен неинтересна.
Да, ама од друга страна некои утакмици се сами по себе поотворени, посебно ревашните.

Пример, Јуве го тепа Атлетико дома 2-0, во меч кој бил релативно затворен и не многу интересен. Едните играле претпазливо да не примат гол дома, другите би биле задоволни и со нерешено.

Доаѓа реваншот и Алетико мора да победи и мора да нападне. И тука на Јувентус му се отвара простор со еден гол од контра (најверојатно) да го реши двомечот.
 
Зошто Јувентус би биле казнети за тоа што играле подобра одбрана од Атлетико?

Им се отвара простор со еден гол од контра да го реши двомечот......поради тоа што Атлетико не дале гол, а примиле два.

И во право си и ти со ова "Доаѓа Атлетико и мора да победи и мора да нападне"

Со укинување на правилово ништо не ги спречува голем дел од подефанзивните екипи да играат 100% дефанзива.

Дефанзивна екипа што има 2-2 и гол на гости ќе игра подеднакво исто дефанзивно и ако има 2-2 и можност да игра во продолженија.

Поентата ми е...нема нешто премногу да сменат правилава иако УЕФА смета деак ова ќе го направи спортот погледан. Ова им се очајнички работи колку да сменат нешто за просечен гледач да ужива во офанзивен фудбал, ама пак тоа ништо нема да смени во пристапот на екипите.

А особено што последниве години екипиве се почесто играат натпревари каде што гол на гости скоро и да не важи (пример лани имаше 3,4 двомечеви каде што гостите ги добија и двата меча), не гледам дека ќе смени нешто премногу.

Единствен ќар е тоа луѓе што сега почнуваат со гледање на фудбал да не се бунат правилото "гол на гости", пошто памтам кога бев копиљ многу деца тотално беа збунети од ова....
 
Зошто Јувентус би биле казнети за тоа што играле подобра одбрана од Атлетико?

Им се отвара простор со еден гол од контра да го реши двомечот......поради тоа што Атлетико не дале гол, а примиле два.
Не е да се казнети, Атлетико пак ќе мора да нападне и пак Јувентус ќе има отворен простор со контра да даде гол. Ама место да го реши двомечот тој гол, Атлетико ќе може со три гола да брка продолженија. Бидејќи реално во 50та ти да примиш гол за 0-1 (при загубен меч 2-0 на гости претходно) биди најдобрата генерација на Барса не им даваш четири гола до крај на утакмица. Вака за 3 може и ќе имаат надеж.

Ваљда од таа страна гледа УЕФА. А дека во продолженија МОРА да го укинат, тоа обавезно. Нема смисла некоја екипа да има таква огромна предност во продолженијата само пошто ждрепката сакала да играат на гости во реваншот. Таму треба од 0-0 да си влезат и тоа е тоа.
 
Во ФА Куп или Карлинг Куп пред пар години имаше такво глупо праивло во продолженија важеше правило на гол на гости, а во регуларен дел не

Најретардирано нешто евер :ROFLMAO:
 
https://off.net.mk/offside/fudbal/i...-nema-vekje-stoenje-vo-protivnichki-zhiv-dzid

Се мења правилото за гол аут, да топката немора да го напушти шеснаесетникот пред играчот да ја допре. Со ова им се помага на екипи ко Сити, уште потешко ќе биде пресинг да им направиш.

Исто така и при слободен удар нема да може противнички играч да смета во живиот ѕид.
 
Баш ми се свиѓа дека ќе можат било каде да излезат при замена, не да ми ползат тука со саати..
Да, ама глупо е кога ќе излезе уште цел круг околу до влезот во соблекувални да дојде!
Тоа ти е како градски автобус да нема станици, туку да застанува кај ќе му се ќејфне на возачот или на некој од патниците.
 
https://off.net.mk/offside/fudbal/i...-nema-vekje-stoenje-vo-protivnichki-zhiv-dzid

Се мења правилото за гол аут, да топката немора да го напушти шеснаесетникот пред играчот да ја допре. Со ова им се помага на екипи ко Сити, уште потешко ќе биде пресинг да им направиш.

Исто така и при слободен удар нема да може противнички играч да смета во живиот ѕид.

Колку што прочитав на странски сајтови, ова се предлози а не веќе променети правила.
 
Одлично е правилото за замените, ќе биде добро и да воведат правило за побрзо иведување на аут и корнер, што повеќе активна игра тоа подобро за гледачите.
 
Колку што прочитав на странски сајтови, ова се предлози а не веќе променети правила.
Остави тоа што тек треба да се гласаат, ужасно се преведени дел од промените.

Мислам ова правило бр.6 ептен нема логика, каде голманите треба да стојат пред линијата за пенал. Глупости.
 
Остави тоа што тек треба да се гласаат, ужасно се преведени дел од промените.

Мислам ова правило бр.6 ептен нема логика, каде голманите треба да стојат пред линијата за пенал. Глупости.
Јас шестоно не го ни најдов никаде по странскиве сајтови, само овие 5
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom