Фудбалски вести

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
Мене лично ова со бананиве ми е ептен дебилна работа, ама ај нека им е
 
Нови правила на УЕФА…За жолт картон – 10 минути на клупа

Меѓународниот младински фудбалски турнир што од 2 мај до 5 мај ќе се одржи во Молдавија, под закрилата на УЕФА, ќе биде експериментален, но можеби ќе влезе во историјата на фудбалот и како предвесник за менување на правилата на фудбалската игра. На овој турнир, за првпат ќе се испроба ново правило, откако играчот ќе биде опоменат со жолт картон, тој ќе мора да се упати на клупата за резерви и да паузира 10 минути. Ова е слично на сегашното правило во ракометот, кога играчот ќе добие казна од 2 минути да замине на клупата, а тимот да продолќи да игра без него.

Исто така, ќе се испроба и уште едно ново правило кога е бодувањето во прашање. По нерешен резултат во нокаут – фазата, нема да се играат продолженија, туку веднаш ќе се изведуваат пенали, а победникот наместо три бода, колку што се планирани за победа во регуларен дел, ќе добие два бода на своето конто на табелата.

Ова ќе биде само еден експеримент кој ќе се примени во Молдавија, а допрва во УЕФА ќе се размислува за негова можна примена и во сениорската конкуренција, и тоа на меѓународната фудбалска сцена.

http://ekipa.mk/novi-pravila-na-uefa-za-zholt-karton-10-minuti-na-klupa/
 
И Џуру со банана ;) #saynotoracism
10308193_10152090611272321_6586281894810106010_n.jpg
 
Жуан Жезус и Марио Балотели со поддршка за Алвеш.
10155341_652656488155118_1712327801839043301_n.jpg
10320281_709852719058611_1566485024242690525_n.jpg


И дел од играчите на Интер
10150532_729359610447514_7596449763010581244_n.jpg
 
Последно уредено од модератор:
Нови правила на УЕФА…За жолт картон – 10 минути на клупа

Меѓународниот младински фудбалски турнир што од 2 мај до 5 мај ќе се одржи во Молдавија, под закрилата на УЕФА, ќе биде експериментален, но можеби ќе влезе во историјата на фудбалот и како предвесник за менување на правилата на фудбалската игра. На овој турнир, за првпат ќе се испроба ново правило, откако играчот ќе биде опоменат со жолт картон, тој ќе мора да се упати на клупата за резерви и да паузира 10 минути. Ова е слично на сегашното правило во ракометот, кога играчот ќе добие казна од 2 минути да замине на клупата, а тимот да продолќи да игра без него.

Исто така, ќе се испроба и уште едно ново правило кога е бодувањето во прашање. По нерешен резултат во нокаут – фазата, нема да се играат продолженија, туку веднаш ќе се изведуваат пенали, а победникот наместо три бода, колку што се планирани за победа во регуларен дел, ќе добие два бода на своето конто на табелата.

Ова ќе биде само еден експеримент кој ќе се примени во Молдавија, а допрва во УЕФА ќе се размислува за негова можна примена и во сениорската конкуренција, и тоа на меѓународната фудбалска сцена.

http://ekipa.mk/novi-pravila-na-uefa-za-zholt-karton-10-minuti-na-klupa/
фудбал и исклучувања - промашај

во нокаут фаза ќе добива 2 бода ?! излеа глуп сум..........
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom