Фудбалски трансфери - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Бидејќи и можеби не е толку добар играч колку што си мислиTE ВИЕ, кај нас во фудбалските клубови постојат тренери,скаути,стручњаци што знаат кој што игра и колку игра,како се движи по теренот и дали е корисен играч...сигурно ВИЕ од Македонскиот форум Кајгана не знаеТЕ повеќе од некои луѓе што се занимаваМЕ секој ден со разно разни фудбалери и други фудбалски активности,иначе немаше шанси туку така да му стават 25 милиони евра клауза.
Ајде не биди скромен, што се ставаш во вториот кош...

Е така сега е подобро :D
 
Последно уредено од модератор:
Бидејќи и можеби не е толку добар играч колку што си мислиме ние,во фудбалските клубови постојат тренери,скаути,стручњаци што знаат кој што игра и колку игра,како се движи по теренот и дали е корисен играч...сигурно ние од Македонскиот форум Кајгана не знаеме повеќе од некои луѓе што се занимаваат секој ден со разно разни фудбалери и други фудбалски активности,иначе немаше шанси туку така да му стават 25 милиони евра клауза.

Цената му е сега најмалку 45 мил.евра, клаузулата му истече.
Така е Џони, од што многу стручњаци гледам Интер и Милан се изнакупија квалитетни играчи. Пример еве Начо и Гибс се во Арсенал, Клиши во Сити. Со тоа според тебе можеме да заклучиме дека се едноставни подобри од Родригез. Кој сум јас да зборувам тука што требало и како требало. Си знаат Венгер, Манчини и другите.
Кои сме ние тука од Македонија да коментираме општо за трансферите кој клуб како купува. Оти нели досега малку пати препознавме фејл трансфери па немаме право да си искажаме мислење за некој нелогични потези на неколку клуба во трансферите.
Тоа ти е исто како да им идам во фан клубовите на Интер и Милан и да им кажам како тоа си има луѓе во Интер и Милан, скаути и стручњаци што знаат секој детал зошто тоа Кучка и Бертолачи треба да го засилат Милан. Кои се тие членови на Кајгана форумот што знаат повеќе од Галијани, Берлускони и Михајловиќ, Монтела итн. Или тебе да те цитирам кој си ти да кажуваш дека е подобро Гамеиро да го купат кога Манчини си знае работата.
Значи да не ни дискутираме за фудбалот ако не бидејќи си има луѓе за тоа што знаат како треба.
 
@Uli Hoeneß друже,ти си еден од малкуте што повеќе ги ценам од овој форум конкретно за дискусија на тема фудбал,но не правиш разлика за некои работи очигледно.Без разлика на квалитетите на Родригез,Арсенал нема потреба да зима лев бек од повеќе причини.Очигледно е дека не гледаш ПЛ или посебно Арсенал штом збориш за Монреал така.Дечкото последните две сезони кине буквално.Плус што Арсенал за овој трансфер период има четири приоритетни позиции за пополнување,од која една веќе ја пополнија со Џака. Така да,на веќе еден лев бек што последните 2 сезони е стандардно одличен и еден просечен,за замена доволен и на плус 4(3) дупки за крпење,едноставно Родригез не изгледа логичен трансфер.
Дури кога имаше саламски шпекулации на почетокот на јуни за Родригез у Арсенал не ми се веруваше баш поради овие причини.
Башка тоа што Џони го кажа има доста смисла.
 
Ама јас не го спомнав само Арсенал. Еве и Сити и Челзи ќе ги спомнам. Се знаеше одамна за Конте и Пеп дека ќе бидат нови тренери на тие два клуба. Конте можеби сака подефанзивен бек, а Пеп имал поприоритетни позиции за засилување па најпрвин го потпиша Гундоган па офанзивците Нолито и Сане. Ливерпул со Морено? Јунајтед со Лук Шо кој е неизвесен како ќе му оди кариерата по страшната повреда.
Да не беа Алба, Марсело и Алаба веќе ќе потпишеше за еден клуб од Барса, Реал и Баерн бидете сигурни во тоа. Затоа и тие клубови се таму каде што се. Топ 3. Зашто знаат како. Не може никој да ме убеди дека не е така. Како што кажав еден двајца тренери да имаат замисла некаква дека не им одговара таков одбранбен бек е ок и го разбирам тоа, пример како Конте што сака најверојатно подефанзивен бек. Ја следам и ПЛ, Начо добро одигра изминатите сезони, но и тој е веќе 30-годишен, а сума од 25 мил. евра за 23-годишен играч е ништо. Секако играте и ЛШ. Затоа и го спомнав Родригез бидејќи сумата беше смешна за тие клубови. Ама ајде за Венгер и разбирам бидејќи прва цел му биле стопер и напаѓач, а и менаџер е што не фрла многу пари за повеќе играчи во еден трансфер период. Па дури и Мурињо си имал поважни позиции во тимот за пополнување со квалитетни играчи, ама 25 мил. евра особено за ПЛ тимови се ништо. :)

Смисла не може да има тоа што го кажа Џони, зашто да беше така едноставно Јунајтед немаше да се мачи со години за да пркне, а и Арсенал ќе го направеше тој чекор напред, а не со години веќе да тапка во место.

И што на пример за една-две недели се појави тим што ќе биде спремен да плати 45 мил. евра и го ангажира? Што правиме тогаш? Нема ли да биде глупо кога можел истиот тој клуб пред еден месец да го земе за дупло помалку? Или и тогаш Џони ќе се појави со разбирање како тоа си имаа лица стручњаци што знаат како и зошто тој X клуб платил сега 45 мил. евра, а не пред неколку недели само 25 мил.
 
Не ми се верува баш да плати некој 45м за Родригез во моментов. Освен Сити можеби. Од леви бекови мене овој Гереиро на европското ми фати око ама си го лапнаа Дортмунд навреме.

@Uli Hoeneß, Шо на подготовките игра во одлична форма, не му се приметуват последици од повредата. На таа позиција ги имаме и Блинд кој е сосема солидна замена и Бротвик Џексон(овој веројатно ќе оди на позајмица) кој има голем потенцијал.
Нема потреба Мурињо да пазари на оваа позиција. Десната бековска е покритична моментално во Јунајтед.
 
Последно уредено:

Мислам дека Мурињо ќе го игра Валенсија најчесто на десната бековска позиција во ПЛ утакмици. Дармијан во ЛЕ.
 
Не го разбирате Ули што сака да каже, јасно е дека и Арсенал и Манчестер моментално се покриени на тие позиции и не би било рационално да се фрлаат пари а имаат други приоритетни позиции за засилување... ама 25 милиони за таков играч. Не знам. :toe:

Бидејќи и можеби не е толку добар играч колку што си мислиме ние,во фудбалските клубови постојат тренери,скаути,стручњаци што знаат кој што игра и колку игра,како се движи по теренот и дали е корисен играч...сигурно ние од Македонскиот форум Кајгана не знаеме повеќе од некои луѓе што се занимаваат секој ден со разно разни фудбалери и други фудбалски активности,иначе немаше шанси туку така да му стават 25 милиони евра клауза.
Па што кур јадеш гомна за Нагатомо тогаш? :kuracc::icon_lol:
 
Марлос Морено, Габриел Хесус, Келечи Ихеањачо, сите се напаѓачи, страшни таленти купи Сити, на двајца од овие ќе им пропадне кариерата.:X3:
 
Мислам дека Мурињо ќе го игра Валенсија најчесто на десната бековска позиција во ПЛ утакмици. Дармијан во ЛЕ.

Јасно е кој ќе играт но колку има квалитет во нив. :D[DOUBLEPOST=1470240514][/DOUBLEPOST]
Мислам дека Мурињо ќе го игра Валенсија најчесто на десната бековска позиција во ПЛ утакмици. Дармијан во ЛЕ.

Јасно е кој ќе играт но колку има квалитет во нив. :D

Не го разбирате Ули што сака да каже, јасно е дека и Арсенал и Манчестер моментално се покриени на тие позиции и не би било рационално да се фрлаат пари а имаат други приоритетни позиции за засилување... ама 25 милиони за таков играч. Не знам. :toe:

Па што кур јадеш гомна за Нагатомо тогаш? :kuracc::icon_lol:

Јасно дека е евтин за тие пари Родригез но нема логика да купуват лев бек и да му ја кочат кариерата на Шо кој има потенцијал да биде топ 3 бекови во иднина.
 
VfL Wolfsburg have issued a statement on the interview with Julian Draxler from August 3rd, 2016.

The Supervisory Committee and the Board of Directors at VfL Wolfsburg Fußball-GmbH feel the need to comment on the interview with Julian Draxler which was published in the 'BILD' newspaper, in order to clarify the current situation and dispel any possible resulting rumours.

VfL Wolfsburg wish to make it absolutely clear that at no time did those responsible at the club make either written nor oral commitments on the transfer of Julian Draxler within the current transfer period, which is due to end on August 31st, 2016. This is reiterated by a contractual release clause agreed upon with Julian Draxler and his management, which does not come into effect until summer 2017.
VfL Wolfsburg will not be selling Julian Draxler during the course of the current transfer period.

In joint discussions with Julian Draxler, VfL Wolfsburg again made it clear that they would not be granting the player’s wish to make a move. We now consider any possible uncertainties to have been eradicated and that all parties can revert back to a professional and responsible collaboration for the good of VfL Wolfsburg and, in particular, for our fans.
 
Дневна доза
http://sportmax.mk/transfer-shpekulatsii-v-sreda-3-avgust/

Арсенал, според информацијата на Tuttosport, има намера да се засили со играчот од средниот ред на Торино Бруно Перес. Реализацијата на овој трансфер во моментот е спречена само поради несогласувањата меѓу оној што продава и оној што купува. Торино бара 19, а Арсенал дава 16 милиони евра. А да се најдат некаде на 17,5?

Арсенал се соочи со негативен одговор на Валенсија за трансферот на Шкодран Мустафи. Сега Арсен Венгер ја брка работата со Вермален, кој исто така може да го замени повредениот Мертезакер.

За разлика од Арсенал, Челси, кои е исто така заинтересиран за Шкодран Мустафи, веднаш понуди 30 милиони евра и велат дека е многу блиску до согласноста на Валенсија. Венгер може уште еднаш да остане со прстот во уста и се поради својата легендарна скржавост.

Челси ја испрати својата најнова понуда за фудбалерот на Евертон Ромелу Лукаку. Понудата е тешка 79 милиони евра, но тоа што е поважно е пораката за раководството на Евертон дека ова е конечна понуда на Челси, кој, во случај на отказ, повеќе нема да се интересира за Лукаку.

Eте ти работа, испаѓа дека во меѓувреме од Челси дојде и алтернативна понуда за Евертон и за Ромелу Лукаку. Челси како алтернатива нуди 72 милиони евра на рака и Лоик Реми за рака. Така тврди Daily Mail.

Тотенхем се интересира за голманот на Еспањол Пау Лопес (оној несреќник што згазна на ногата на Меси, па го колнеше пола планета) и веќе испрати барање за овој 21-годишен фудбалер, пишува AS. Самиот Лопес нема ништо против да замине во Премиер-лигата, иако знае дека го планираат како резервен голман, а тоа секогаш е најнеблагодарната улога во фудбалот, бидејќи ветува минутажа “со лажица“.

Вест Хем изгледа има за частење. Напаѓачот на Депортиво Малдонадо Хонатан Каљери во интервјуто за ESPN се пофали дека неговиот трансфер е завршен и дека е тој најновата алка во тимот на Славен Билиќ.

Чудна ситуација. Вест Хем го бара на позајмица дефанзивецот на Интер Давиде Сантона и е подготвен да плати 0,5 милиони евра, со право на откуп на договорот за 5,9 милиони евра. Чудна е затоа што истиот тој Сантона требаше да оди во Наполи, ама не ги мина медицинските тестови. Или здравјето нагло му се поправи, или Вест Хем е сега толку очаен што прибира се што оди на две нозе.

Ах Евертон, Евертон. Веќе го замислија дефанзивецот Ешли Вилијамс во својот дрес, кога ете стигна негативниот одговор на Свонси. Луѓето не го продаваат Вилијамс, особено не за 10 милиони фунти, колку што понуди Евертон.

Евертон конечно го заврши трансферот на Идрис Гује од Астон Вила, со кого потпиша четиригодишен договор.

Уште не се исуши мастилото од потписот на Идриз Гује, а неговиот сега веќе поранешен клуб Астон Вила го капариса напаѓачот на Фулам Рос Маккормик и тоа за 12 милиони фунти.

Не е грев да си ја пробаш среќата, па тоа го направи и Интер, кој веќе се подготвува за животот без Мауро Икарди. Интер се јави во Борусија Дортмунд и праша за здравјето на Пјер Емерик Обамејанг. Германците одговорија дека човекот е добро и ја лупнаа слушалката. Можеби и не беше се баш така, ама суштината е таа – читајте во La Gazzetta dello Sport.

Рома успешно го реши проблемот со голманот на Арсенал Војцех Шенсни, кој минатата сезона ја мина во Рома како позајмен фудбалер. Тој ќе остане и оваа сезона, повторно на позајмица, а Рома ќе има обврска да го откупи за 16 милиони евра. Во наредните денови Шенсни ќе ги мине медицинските тестови и ќе го потпише договорот.

Лацио го сака Флоријан Товен, но е подготвен и ако овој трансфер не се реализира. Во тој случај од ракав се вади џокерот, кој се вика Риад Будебуз (26) и кој моментално игра во Монпелје, пишува L’Equip.

Во Барселона се случува побуна на голманите. Марк Андре тер Штеген веќе не сака да брани само во Лигата на шампионите и во шпанскиот Куп, туку бара да биде прв голман во екипата, или да биде ставен на трансфер листата, а заинтересиран за овој голман од поодамна е Манчестер Сити. Случајно или не, ама истото го бара и Клаудио Браво, кој не сака да биде втор голман и кој исто така се заканува со заминување.

Веќе денеска Вилјареал може да го извести светот дека го потпиша Роберто Сориано од Сампдорија, кој вчера ги мина медицинските тестови. Ова задоволство Вилјареал ќе го чини само 13,5 милиони евра.
 
Интер се јави во Борусија Дортмунд и праша за здравјето на Пјер Емерик Обамејанг. Германците одговорија дека човекот е добро и ја лупнаа слушалката. Можеби и не беше се баш така, ама суштината е таа – читајте во La Gazzetta dello Sport.
Ова со прочитајте во Газета е како, не пропуштајте и видете што ќе се случи во наредната епизода!
 
Рафаел ван дер Варт во Митјиланд. Ете ви ја пичкината магија за која зборев во ПЛ темата на дело уште еднаш :D
 
Рафаел ван дер Варт во Митјиланд. Ете ви ја пичкината магија за која зборев во ПЛ темата на дело уште еднаш :D
Која му е жена на овој бричот сега?
Инаку дај мести некоја другарка со таква магија. Или човек ќе ме направи или ќе ме докусури :pos::pos:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom