Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Кога барал Челзи толку пари?
Се заебавам пошто тука имаше некој ваш член такви бајки кажуваше. Кога му рековме дека интер нема шанси да даде толку пари се смееше и збореше дека нема шанси да го пуштат за 10 мил без задолжителен откуп.
Еве го:
Тагни ме бе срце, не се срами, нема да се лутам ако ми кажеш директно.
Ок, јас не знам што пишувам. Така нека е. Кажи ми ти што цифри се вртат од страна на новинари блиски до Челзи? Чим јас зборам без да знам, новинарите уште помалку знаат.
Ај ќе бидам поспецифичен, според новинари Челзи сакале 20 првата година и 70 откуп.
Kaде прочитав:
Покасно пишува дека би било нешто како 10 + 10 првите 2 години позајмица и после задолжителен откуп.
Задолжителниот откуп на почетокот секаде беше ~70, така да не знам што се напинате како и вие да сте во одборот на Челзи и вие знаете се. Чил.

едит: Сигурно ќе се намали нешто, ама нема да е како што пишуваат навивачите на Интер, e.g. @Stefan-kobe или @VardarVoSrceto
 
Се заебавам пошто тука имаше некој ваш член такви бајки кажуваше. Кога му рековме дека интер нема шанси да даде толку пари се смееше и збореше дека нема шанси да го пуштат за 10 мил без задолжителен откуп.


Мислев нешто сериозно се зборувало.
Задолжителен сега тешко, бидејќи сепак преговарале за една година, плата на грб на Интер и десетте милиони.
Нека ви е со среќа назад, се надевам дека ќе изгази и да си го купите после.

Сепак, мислам дека Челзи ќе земе играч на Интер и тоа за некоја пониска цена од вообичаено. Дамфрис, некој стопер, се споменуваше и еден 19-годишник од Примавера. Џентлменски договор.
 
Ако Сити ги продаде Стерлинг и Хесус, ќе мора да купи барем две крила, инаку ќе бидат драстично ослабени.
 
Ако Сити ги продаде Стерлинг и Хесус, ќе мора да купи барем две крила, инаку ќе бидат драстично ослабени.
Па двајцата често ги користеше и како деветки, а веќе ги донесоа Халанд и тој другиот за напаѓачи. Ги имаат Грилиш, Марез, Бернардо, Фоден за другите две позиции.
 
Не ми е јасна ситуацијава за Де Јонг, од една страна Барса ко намерно да го бркаат од клубот со образложение дека висока му е платата (нели криза, долгови), а од друга страна планираат да лупнат 50 милиони за Левандоски... Неможам да најдам НЗС :toe:
 
Па двајцата често ги користеше и како деветки, а веќе ги донесоа Халанд и тој другиот за напаѓачи. Ги имаат Грилиш, Марез, Бернардо, Фоден за другите две позиции.
да, ама сите овие не се баш крила ја сакаат топката во нозе и плус Грилиш,Фоден и Бернардо му покриваат на позија ЦМ, додека Хесус и Стерлинг се подиректни играчи кои втрчуваат преку противничка одбрана да примат пас во празно, без нив му се намалува тактичаката флексибилност.

Може Гнабри да го соберат.
 
Не ми е јасна ситуацијава за Де Јонг, од една страна Барса ко намерно да го бркаат од клубот со образложение дека висока му е платата (нели криза, долгови), а од друга страна планираат да лупнат 50 милиони за Левандоски... Неможам да најдам НЗС :toe:
Моментално за да купи Барселона играч треба да продадат x3 од цената што планират да ја потрошат.
Неколку причини има зошто сакаат да го продадат, Де Јонг има најголема вредност, преголема плата, не се уклопува најдобро во системот, не ги исполнил очекувањата на управата.
По Левандовски се оди ради маркетинг за Барселона да има sвезда односно звучно име во тимот овие 2-3 години додека клубот финансиски се опорави.
 
Грилиш,Фоден и Бернардо му покриваат на позија ЦМ
Никогаш али добро.
Автоматски споено мислење:

Моментално за да купи Барселона играч треба да продадат x3 од цената што планират да ја потрошат.
Значи ако сакаат да го купат Лева треба да продадат играчи во вредност од 150м? И ако го продадат Де Јонг ете за 80, им требаат уште 70. Од каде? Нејсна ми е политикава на Барса али ајде.
 
Никогаш али добро.
Автоматски споено мислење:


Значи ако сакаат да го купат Лева треба да продадат играчи во вредност од 150м? И ако го продадат Де Јонг ете за 80, им требаат уште 70. Од каде? Нејсна ми е политикава на Барса али ајде.
Не е никаква политика на клубот, правилата на лигата така налагаат ради загубите

Мислам дека треба продажби од околу 120м за да може клубот да го земе Левандовски. Да го дадат Де Јонг 80милиони и уште 3-4 играчи ситна боранија по 5-10м.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom