Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Уште на ФК Шкупи го нема бакнато амблемот. Најголемата фудбалска проститутка. Колку паѓаше во несвест лани со она клипчето кога бил на Стемфорд Бриџ како помлад во дрес на Дрогба.




Отприлика.
 
Лукаку си ја најде зен зоната во Интер, со Конте, беше центарот у проектот на Конте од секој можен аспект, најмногу тактички, и од него направи монструм со оглед на тоа каков беше пред да дојде, заедно со Пинтус и го ослабнаа и нови режими на храна и посебни тренинг методи наклонети само за него, од прв ден Ранокија на грб му го ставиле и му рекле играј вака.

2 години после тоа Конте му отиде, он си мислеше тоа е тоа, го можам ја ова и у друг клуб, дефакто Челзи му беа некоја зацртана цел од мал, избега од хаосот во Интер и се поеба за сите пари, класичен пример дека е еден од оние играчи кој не може да успее во секаква средина, од фан база до различен систем и тренинг методи, едноставно све што имаше во Интер го изгуби преку ноќ во Челзи а не е one man show тип на играч што може лесно да се прилагоди во друг систем и пак да дава голови.

Конте уште после месец дена од стартот на сезоната, за Скај Италија кажа дека Челзи не го игра она што на играч ко Лукаку му одговара односно играат тотално спротивно на неговите барања иако на старт од сезона не е дека беше лош, напротив, а таков е, или-или, и тоа од старт требаше Тухел да го знае ... а не го знаеше. Али така обично бидува кога планот А не ти успеал ( Халанд ) па идеш на опција Б, нит прв нит последен ваков пример, јебига, како и да е не е за критика неговиот ангажман од Челзи, логичен трансфер беше тоа али потоа им се десија нелогичностите.

Е сеа во Интер каков ќе е без Конте е енигма, ама да не се лажеме, од напад Џеко-Лаутаро на Лукаку - Лаутаро и евентуално Дибала, е јебига, огромен апгрејд е како и да ја вртиме, ама нема да се летам однапред овој пат за Лукаку, со Конте бев убеден дека ќе гази неизбежно беше тоа и бев еден од малкуте кој убедуваа тука дека многу ќе сме подобри од периодот кога Икарди беше дел од Интер, али сеа ќе видиме. Искрено не верувам дека ќе ги има истите бројки ама надежно ако дојде и Дибала тој баланс у напад ќе го добиеме секако зашто сите тројца се способни за давање голови и асистирање е сеа до Инзаги е дали ќе може да ги уклопи сите во стартен тим а реално ниту еден нема да е ок со клупа.

Систем секако ќе менува за ова, само прашање е како, со оглед дека е трипетдваш, најверојатно ќе ја проба варијантата со двајца централно ( фубалско убиство за броз ) и Дибала позади напаѓачите, нешто што Конте го проба со Ериксен и сфати дека не иде. Најидеалната опција за Интер е после 3 сезони да се врати на одбрана со 4ца, и да игра формација 4312 што реално ќе биде и најидеална за новиот ростер, нарочито ако замине Скринијар, ама иако ова е најлогично решение, тешко изводливо е со тренери кои скоро цела кариера форсираат игра со 3 стопери што за мене искрено е несфатливо толку да си ограничен у модерната ера на фудбалот али тоа е.

Што и да се дешава, многу појак ростер ќе има овој пат Инзаги на располагање и под дифолт ќе му умре веќе муабетот дека е задоволен и со ЛШ пласман со оглед дека лани реално после таква распродажба и губење на тренер, беше муабет кој можеше донекаде да му помине и кај фан базата. :toe:
 
Не би било лошо Интер и Угриновски да го потпишат, таман за малиов да го враќа во реалност.
 
Pojasni za tie sto ne go znaat, zasto?
Секогаш без исклучок кога и да донесел голем играч во Јуве секогаш продавал голем играч, ради баланс, како милуваше да каже.
Значи кои не играчи поминаа низ Јуве а не заиграа заедно.
 
Тој што го знае Марота знае дека во Интер нема да бидат Лукаку, Дибала и Мартинез заедно. ;)
Аман бе, ти кафе секое сабајле да не пиеш со него па го знаеш, а другите не го знаат.
 
Секогаш без исклучок кога и да донесел голем играч во Јуве секогаш продавал голем играч, ради баланс, како милуваше да каже.
Значи кои не играчи поминаа низ Јуве а не заиграа заедно.
Па нема везе тоа со Марота колку што има везе дека мора очигледно еден да се продаде ама најверојатно тоа ќе биде Шкринијар. Точно е дека се спомнуваше и Лаутаро и уште не е исклучена и таа варијанта ама пак, нема врска тоа со Марота, баш дека е Марота не глеам причина зашто да не се остави опција плус квалитетна за напад иако реално има место за сите тројца во ситуација да се смени системот зашто Дибала може да игра и 10ка. Ако сакаш успеси у денешниов фудбал само 2 квалитетни опции у напад а остало боранија некако нема смисла. Бастони мислам само ко варијанта е исклучен за продажба и секако Барела, моментално најмал коефициент за заминување има словакот.
 
Халанд веројатно замена за Бензема за 2 години...



Опасно е старово, не е спорно колку е успешен Реал со него како претседател и секогаш ќе ја има подршката од фан базата, али како знае понекогаш да не изманипулира и да ни сервира некоја опасна лажга, а ние така лесно без ни тронка сомнеж да си ја проголтаме.
 
Само еден го пиша тоа и очигледно не знае што збори :D

Релаксирано е затоа што се покажува кон тоа дека ќе се среди. А ќе се среди само поради новите газди. Штом Тухел ги охрабрил, нема што многу да изгубат, не се нивни трошоци ова. Сигурно ќе сакаат да извадат некој милион, ама ќе биде тоа нешто минимално, нема да се гребат. Доколку уште беше Абрамович и се функционираше по старо, тогаш немаше воопшто да има муабети, затоа што немаше да има шанси да се откажат од него за нешто помалце од 80-90 милиони. Е тогаш немаше да е воопшто релаксирано затоа што ќе мораше и следна година да го слушаме плачот и лелекот (поздрав еден топол @Сладоледџија).

Во моменталната ситуација најдоброто решение е да го откачат како било и изгледа дека ќе се случи тоа.
Тагни ме бе срце, не се срами, нема да се лутам ако ми кажеш директно.
Ок, јас не знам што пишувам. Така нека е. Кажи ми ти што цифри се вртат од страна на новинари блиски до Челзи? Чим јас зборам без да знам, новинарите уште помалку знаат.
Ај ќе бидам поспецифичен, според новинари Челзи сакале 20 првата година и 70 откуп.
Kaде прочитав:
Покасно пишува дека би било нешто како 10 + 10 првите 2 години позајмица и после задолжителен откуп.
Задолжителниот откуп на почетокот секаде беше ~70, така да не знам што се напинате како и вие да сте во одборот на Челзи и вие знаете се. Чил.

едит: Сигурно ќе се намали нешто, ама нема да е како што пишуваат навивачите на Интер, e.g. @Stefan-kobe или @VardarVoSrceto
 
Тагни ме бе срце, не се срами, нема да се лутам ако ми кажеш директно.
Ок, јас не знам што пишувам. Така нека е. Кажи ми ти што цифри се вртат од страна на новинари блиски до Челзи? Чим јас зборам без да знам, новинарите уште помалку знаат.
Ај ќе бидам поспецифичен, според новинари Челзи сакале 20 првата година и 70 откуп.
Kaде прочитав:
Покасно пишува дека би било нешто како 10 + 10 првите 2 години позајмица и после задолжителен откуп.
Задолжителниот откуп на почетокот секаде беше ~70, така да не знам што се напинате како и вие да сте во одборот на Челзи и вие знаете се. Чил.

едит: Сигурно ќе се намали нешто, ама нема да е како што пишуваат навивачите на Интер, e.g. @Stefan-kobe или @VardarVoSrceto
Ај дај линкови кај што некој збори за 70 милиони. Јас нигде немам видено. Никакви шанси нема за такво нешто.
 
Exclusive: Manchester City are now set to submit opening proposal to Brighton for Marc Cucurella. First bid ready to proceed in advanced talks in the next days. #MCFC

Cucurella is still Man City top target as left back, Pep Guardiola really wants him. Work in progress.
 
Мех ексклузива, уште пред да заврши сезоната кажаа дека се заинтересирани за дечково. Брајтон полека еден по еден го напуштаат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom