Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Такво инфо вртеше, а и сеуште некои новинари го кажуваат истото.

Сега после изјавава не знам што да очекувам искрено.

Очигледно е дека што е до него тој би останал кај вас, е сега ако е приморан од ваша страна да се продаде мислам дека би прифатил кај нас исклучиво заради Тен Хаг. Ако загризи сериозно и Сити, нема да ме чуди да заврши таму на крај.

Sent from my SM-A750FN using Tapatalk
Го имаат Родри веќе на таа позиција, нив им треба играч за ротација. Така да, или останува кај нас или кај вас.
 
Прегледај го приврзокот 335449

Знаев дека Челзи нема да го даде тукутака, само затоа што му ќефнало да се враќа во Интер, но не мислев искрено дека Интер ќе плати било каква сума за неговите услуги. Ниту за позајмица, ниту за перманентен.

Нека се врати Џонтра од трчање и полека да го финализираме новиот-стар спектакуларен трансфер.

Најголемото разочарување и промашување во историјата на Челзи. Да е иронијата поголема, најмалку поради играчкиот аспект.
Затоа при следна селекција, разговори облигативни со тим на психолози, стручни лица, проценка на карактерот.
Во Ливерпул долго време се практикува тоа. Па повели со пубертетски навики и говнарии.
Џонтра е во тивок бојкот на клубот во моменти кога се спрема продажба на Миланчо Шкринијар. Така да моментално кур ме боли што Дибала ќе дојде за 0, што Лукаку ќе дојде на смешна позајмица и што покрај нив се одвива едно добро меркато каде Интер планира да земе играчи на позициите што фалат за ротација и да се збие конкуренцијата за место у стартни 11. Но сето тоа ќе го пуштам низ канализација ако Шкринијар го пратат да пати со умрените бразилчиња и уеш уеш Мбапе да му продава фудбал и правила.

Лукаку е многу глуп човек и искрено се срамам од неговото понашање према Челзи иако мојот циничен ѓавол ме боде со вила да хехкам и да ви се смеам тука. Ама нема.

За една недела се сменија многу работиве, Челзи прво бараше некои 25 милиони за позајмица со задолжителен откуп од 75 после 2 години. Па после наводно се сложиле таа 2 годишна позајмица да биде поделена на 1+1 пошто новите правила не дозволуваат играч да биде позајмен повеќе од 1 сезона. Па Лукаку деновиве се вратил у Лондон и директно замарал у Челзи плачел молел пустел па ајде Челзи рекле за 15 ќе го дадат, па синоќа искочи инфо дека и за 10 ќе прифатат и Марота као да купува лубеници им рекол ние 5 ќе дадеме.
Па имај малце усул мајку му стара, за 5 милиони Ндерим Неџими не можеш да го позајмиш а не па Лукаку.

Ама ај таква е ситуацијата, новиот ваш газда е добар човек и најверојатно ќе го пушти за џабе.
 
1655287825842.png
Лукаку се враќа во Челзи бидејќи не го пуштале за помалку од 20 и Интер не сакал да плати па се игра на кој прв ќе трепне. Изгледа Челзи не трепка и Лукаку се враќа да се моли. Според мене ќе биде нешто 20 сега + 70 на неколку години. Не мора Челзи да продава, може да го лупне втор состав и нека плаче.
Колку глуп човек е Лукаку не ми се верува. Се надевам дека ќе дојде во Интер и ќе скапе на клупа.
 
Се поебал семафорот со зеленото светло.

Па по изјавата гледаш дека вика дека се наоѓал во најголемиот клуб во моментот, по што може да заклучиме дека е лажго.
Од кај знаеш дека не лаже и за другото? :icon_mrgr:
 
Според мене ќе биде нешто 20 сега + 70 на неколку години. Н
Уживај си дека управата наша ќе даде 90 милиони за играч, па макар биле поделени на 100 години по 900 000 евра годишно. Максимум што може е позајмица за некои ситни пари плус опција за откуп што никад нема да биде активирана и марота ќе моли да ни го дадете за 10% од тоа што сме се договориле, во спротивно ќе го реактивираат џеко или круз на 50 години.
 
Нема шанси да биде опција. Облигативен откуп со некоја релативно ниска цена. Овде ги пресметувам и парите за позајмицата како таква.

Пак ќе речам, Челзи е овде во поприлично релаксирана ситуација поради промената на сопственичката структура. Трансферот (и очигледната финансиска загуба) на Лукаку е минато, односно завршена работа во моментот кога Абрамович реши да го опрости долгот на Челзи и да го предаде на Боели.

Ако не извадиме нешто, океј. Ако извадиме, супер. Само не мислам дека ќе го дадат на тој начин.
Автоматски споено мислење:

Просто ми е неверојатно колку глуп човек е овој Лукаку, па не 5, 55 различни јазици нека збори.

Настрана Лукаку, најлажниот параметар за нечиј интелектуален капацитет и памет. Знаел толку и толку јазици, мора да е нешто посебно.
 
Уживај си дека управата наша ќе даде 90 милиони за играч, па макар биле поделени на 100 години по 900 000 евра годишно. Максимум што може е позајмица за некои ситни пари плус опција за откуп што никад нема да биде активирана и марота ќе моли да ни го дадете за 10% од тоа што сме се договориле, во спротивно ќе го реактивираат џеко или круз на 50 години.
Ќе видиме бате.
 
Мислам дека на темата пишувам, за разлика од тебе шо си оф топик.

Ова се извлече цел месец, мислите случајно? Го чекаа @^^GoRiLLaZ^^ да собере пари од кликање, па да им помогне на Јуве, иначе ништо од Погба. Можеби ќе потрае уште некој ден.
 
Трајанке, ај доста со кликањето, смисли некоја друга фора не биди напорен.
Не успеа да сконташ до сега дека е Тролејбусот? Абе Ио и ти не си тоа што беше, а да бидеме реални не беше ништо.

Него, не знам зошто фановите на Челзи се така релаксирани за Лукаку, демек или ќе земеме 90тина милиони или ќе скапе на клупа. Ахам, супер, на клупа играч од 115м и 15м плата, нема боље, абе секој клуб сонува да има такви играчи. Челзи е во подредена улога овде, играчот бара трансфер, Интер гура за трансфер под нивни услови и гледа да извади максимално поволен трансфер што е и логично, а Челзи мора да се труди и да гребе за највеќе што може да извади. Не ми личи ова на релаксирана ситуација за Челзи али вие си знаете. Ова погоре спомнатото 20+70м ТЕОРИЈА НЕМА ДА СЕ ДЕСИ ни во најлудите можни сценарија.
 
Само еден го пиша тоа и очигледно не знае што збори :D

Релаксирано е затоа што се покажува кон тоа дека ќе се среди. А ќе се среди само поради новите газди. Штом Тухел ги охрабрил, нема што многу да изгубат, не се нивни трошоци ова. Сигурно ќе сакаат да извадат некој милион, ама ќе биде тоа нешто минимално, нема да се гребат. Доколку уште беше Абрамович и се функционираше по старо, тогаш немаше воопшто да има муабети, затоа што немаше да има шанси да се откажат од него за нешто помалце од 80-90 милиони. Е тогаш немаше да е воопшто релаксирано затоа што ќе мораше и следна година да го слушаме плачот и лелекот (поздрав еден топол @Сладоледџија).

Во моменталната ситуација најдоброто решение е да го откачат како било и изгледа дека ќе се случи тоа.
 
Ситуацијата не е нож под грло. Единствено во сценарио кога би останал би била проблем платата. Средствата фрлени за него се веќе апсолвирани. Што и да добие Челзи од Интер сега е плус (немаше да биде доколку останеше Роман, иронично).

Деведесет или нешто слично на тоа, нема да се случи. Ланските пари не можат да ги вратат, тоа е и повеќе од јасно. Она што можат е позајмица за која ќе добијат оштета, плата на грб на Интер и потенцијален откуп по истекот на позајмицата. Вкупно околу 60-тина милиони + отарасени од плата.

И најважното, ќе го остранат канцерот во тимот. Човекот во рок од 10 месеци се колнеше во Интер, реши за едно деноноќие да го пречкрта Интер и да се колне во Челзи, па повторно почна да се колне во Интер.
Бог знае што кое следно шизофрено цепање ќе го снајде.

Инаку, ако мене ме прашуваш @Stefan-kobe, што подалеку од Челзи и за нула денари оштета.
Не мора Интер ништо да даде.
 
Последно уредено:
Не успеа да сконташ до сега дека е Тролејбусот? Абе Ио и ти не си тоа што беше, а да бидеме реални не беше ништо.

Него, не знам зошто фановите на Челзи се така релаксирани за Лукаку, демек или ќе земеме 90тина милиони или ќе скапе на клупа. Ахам, супер, на клупа играч од 115м и 15м плата, нема боље, абе секој клуб сонува да има такви играчи. Челзи е во подредена улога овде, играчот бара трансфер, Интер гура за трансфер под нивни услови и гледа да извади максимално поволен трансфер што е и логично, а Челзи мора да се труди и да гребе за највеќе што може да извади. Не ми личи ова на релаксирана ситуација за Челзи али вие си знаете. Ова погоре спомнатото 20+70м ТЕОРИЈА НЕМА ДА СЕ ДЕСИ ни во најлудите можни сценарија.
Зашто би правел дупли акаунт за да пишам нешто што би можел да го пишам од мојот постоечки акаунт, плус нели можеа да проверат таму ип адреси или кукис или што ти ја знам...
 
И најважното, ќе го остранат канцерот во тимот. Човекот во рок од 10 месеци се колнеше во Интер, реши за едно деноноќие да го пречкрта Интер и да се колне во Челзи, па повторно почна да се колне во Интер.
Бог знае што кое следно шизофрено цепање ќе го снајде.

Уште на ФК Шкупи го нема бакнато амблемот. Најголемата фудбалска проститутка. Колку паѓаше во несвест лани со она клипчето кога бил на Стемфорд Бриџ како помлад во дрес на Дрогба.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom