Лукаку си ја најде зен зоната во Интер, со Конте, беше центарот у проектот на Конте од секој можен аспект, најмногу тактички, и од него направи монструм со оглед на тоа каков беше пред да дојде, заедно со Пинтус и го ослабнаа и нови режими на храна и посебни тренинг методи наклонети само за него, од прв ден Ранокија на грб му го ставиле и му рекле играј вака.
2 години после тоа Конте му отиде, он си мислеше тоа е тоа, го можам ја ова и у друг клуб, дефакто Челзи му беа некоја зацртана цел од мал, избега од хаосот во Интер и се поеба за сите пари, класичен пример дека е еден од оние играчи кој не може да успее во секаква средина, од фан база до различен систем и тренинг методи, едноставно све што имаше во Интер го изгуби преку ноќ во Челзи а не е one man show тип на играч што може лесно да се прилагоди во друг систем и пак да дава голови.
Конте уште после месец дена од стартот на сезоната, за Скај Италија кажа дека Челзи не го игра она што на играч ко Лукаку му одговара односно играат тотално спротивно на неговите барања иако на старт од сезона не е дека беше лош, напротив, а таков е, или-или, и тоа од старт требаше Тухел да го знае ... а не го знаеше. Али така обично бидува кога планот А не ти успеал ( Халанд ) па идеш на опција Б, нит прв нит последен ваков пример, јебига, како и да е не е за критика неговиот ангажман од Челзи, логичен трансфер беше тоа али потоа им се десија нелогичностите.
Е сеа во Интер каков ќе е без Конте е енигма, ама да не се лажеме, од напад Џеко-Лаутаро на Лукаку - Лаутаро и евентуално Дибала, е јебига, огромен апгрејд е како и да ја вртиме, ама нема да се летам однапред овој пат за Лукаку, со Конте бев убеден дека ќе гази неизбежно беше тоа и бев еден од малкуте кој убедуваа тука дека многу ќе сме подобри од периодот кога Икарди беше дел од Интер, али сеа ќе видиме. Искрено не верувам дека ќе ги има истите бројки ама надежно ако дојде и Дибала тој баланс у напад ќе го добиеме секако зашто сите тројца се способни за давање голови и асистирање е сеа до Инзаги е дали ќе може да ги уклопи сите во стартен тим а реално ниту еден нема да е ок со клупа.
Систем секако ќе менува за ова, само прашање е како, со оглед дека е трипетдваш, најверојатно ќе ја проба варијантата со двајца централно ( фубалско убиство за броз ) и Дибала позади напаѓачите, нешто што Конте го проба со Ериксен и сфати дека не иде. Најидеалната опција за Интер е после 3 сезони да се врати на одбрана со 4ца, и да игра формација 4312 што реално ќе биде и најидеална за новиот ростер, нарочито ако замине Скринијар, ама иако ова е најлогично решение, тешко изводливо е со тренери кои скоро цела кариера форсираат игра со 3 стопери што за мене искрено е несфатливо толку да си ограничен у модерната ера на фудбалот али тоа е.
Што и да се дешава, многу појак ростер ќе има овој пат Инзаги на располагање и под дифолт ќе му умре веќе муабетот дека е задоволен и со ЛШ пласман со оглед дека лани реално после таква распродажба и губење на тренер, беше муабет кој можеше донекаде да му помине и кај фан базата.
