Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Пак не е исто друже, хазард е 27, он има уште минимум 5 години играње на високо ниво, има време он за нови предизвици, и роналдо очајно сакаше во реал па си го одложи патот таму на година дена, со модрич приказната е друга, значи одиме по логиката дека стварно сака да си замине, а не да изнуди финансиски појак договор.
Свесен сум за комплексноста иначе на роналдо ко фудбалер и човек, ама од друга страна и он сам по себе е бренд, што на реал му донесе милиони фанови, па ете, му излезе у пресрет перез без многу бунење и плачење, не верувам дека ако модрич му отиде и фино лепо културно му рече ок е перез, све што имам дадов за клубов, освоив свее што може да се освои, време ми е за нов предизвик при залезов од кариерава, дека овој ќе му рече не бе, кој те ебе, има да седиш тука и оро ќе играш.
Иначе периодот за кој ти збориш, лука веќе беше со репрезентацијата, не верувам дека реал му бил во преден план тој период, кога и со Хрватска ова му беше можеби и последно светско.
А ако одиме на претпоставки, и го земаме во предвид муабетот дека сака да си оди, причината верувам дека е само нов предизвик у кариера, а не некаков проблем со Реал, како и перфектно светско со тим каде 3ца од стартерите веќе се дел од Интер ( перишич, брозович и врсаљко ), со сите е во феноменални односи, така да ете од каде може да паднала и финална одлука зашто баш интер. Има основа и за ваков муабет, иако како што реков е само претпоставка.
Во трансфер периодите за ден се менуваат драстично работите, ти си се фатил за месец дена.

Сериозно, да има и 10% од ова што го збориш, дали мислиш дека Лопетеги ќе се брука по прес конференции и ќе го брука претседателот со тоа што изјавува дека - Модрич е наш играч и ќе продужи да биде, претседателот све си кажа? :)
 
Ниеден од овие 3ца не беше земен за да биде првотимец. Беа земени за да седат на клупа повеќ од времето и да ги одмараат првотимците во "небитни" утакмици. Хлеб не се снајде ни во таа улога и после само една сезона беше праќан на позајмици.
Пако уште пред да дојде знаеше дека ќе седи на клупа во 95% од натпреварите и дека ќе игра само во Копа дел Реј и евентуално при повреда на Суарез. Затоа и многу тешко најдоа шпиц Барселона тогаш летото 2016та, никој не сакаше да седи на клупа, Пако го прифати тој услов.

Го заборавивте(само @Bateman го спомнал) играчот кој најмногу се вклопува во оваа приказна, Фабрегас. Типот беше измислен за средината на Барселона, играчите плачеа на прес конференции и по интервјуа да дојде, се бламираа Пике, Пујол и Реина 2010та на прославата на Шпанија му облекуваа дрес од Барса (https://www.youtube.com/watch?v=EodhNeMhIOA) :facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm: Реина го најавуваше како ИДНИНАТА НА БАРСА во време кога он беше играч на Арсенал (и одигра уште една цела сезона 2010-11 во Арсенал.
И на крајот кога дојде во Барса после 2 години молење, го акнаа да игра шпиц (добро, лажна 9ка, но сепак глупо беше). (n)(n)(n)
Никој не вика дека биле Меси пред да дојдат во Барса, а и не беше тоа муабетот. Поентата беше дека кариерата им тргнала надолу, Хлеб и Сонг дното го допреа, а Пако ете нека е во Барса ама никој не го есапи
 
Сериозно, да има и 10% од ова што го збориш, дали мислиш дека Лопетеги ќе се брука по прес конференции и ќе го брука претседателот со тоа што изјавува дека - Модрич е наш играч и ќе продужи да биде, претседателот све си кажа? :)
Сеа да не ти барам колку вакви фаци се '' избрукале '' јавно, едно кажале, нештата се одвивале спротивно од тоа што они го рекле.
И далеку од брукање би било тоа, ќе видиме ете денес што ќе биде од состанокот, ако воопшто и се случи, вака до утре ќе тераме само на претпоставки и она што медиумите го викаат сега за сега, а сите медиуми и сам знаеш дека известуваат за желбата на модрич за нов предизвик у кариерата.
Сите опции се во игра, сакал да признаеш или не, иначе немаше ни да го праиме муабетов, дури и марка ти кажав, која ти е тебе најрелевантна, истото го пишува за модрич и отидоа до таму за да наведат кои би биле неговите алтернативи.
 
Пак не е исто друже, хазард е 27, он има уште минимум 5 години играње на високо ниво, има време он за нови предизвици, и роналдо очајно сакаше во реал па си го одложи патот таму на година дена, со модрич приказната е друга, значи одиме по логиката дека стварно сака да си замине, а не да изнуди финансиски појак договор.
Свесен сум за комплексноста иначе на роналдо ко фудбалер и човек, ама од друга страна и он сам по себе е бренд, што на реал му донесе милиони фанови, па ете, му излезе у пресрет перез без многу бунење и плачење, не верувам дека ако модрич му отиде и фино лепо културно му рече ок е перез, све што имам дадов за клубов, освоив свее што може да се освои, време ми е за нов предизвик при залезов од кариерава, дека овој ќе му рече не бе, кој те ебе, има да седиш тука и оро ќе играш.
Иначе периодот за кој ти збориш, лука веќе беше со репрезентацијата, не верувам дека реал му бил во преден план тој период, кога и со Хрватска ова му беше можеби и последно светско.
А ако одиме на претпоставки, и го земаме во предвид муабетот дека сака да си оди, причината верувам дека е само нов предизвик у кариера, а не некаков проблем со Реал, како и перфектно светско со тим каде 3ца од стартерите веќе се дел од Интер ( перишич, брозович и врсаљко ), со сите е во феноменални односи, така да ете од каде може да паднала и финална одлука зашто баш интер. Има основа и за ваков муабет, иако како што реков е само претпоставка.
Во трансфер периодите за ден се менуваат драстично работите, ти си се фатил за месец дена.
10 дена пред да стартува Ла Лига, кога и да доага некои тои ке биде много скап и нема да има време да се огледа да кажува, дека сака да си оди.[DOUBLEPOST=1533715236][/DOUBLEPOST]Па и дали нема да е за пари, кога Интер му кажувал на Лука, дека последни 2 годи ке го прати во Кина за по 20 млн. плата.
 
10 дена пред да стартува Ла Лига, кога и да доага некои тои ке биде много скап и нема да има време да се огледа да кажува, дека сака да си оди.
Па јебига, финале на светко играше, немало сигурно тогаш да се преокупира со реал мадрид, потоа имаше одмор, голема работа сезоната што сега почнува, нит први нит последни ќе бидат реал ако во меѓувреме пазарат а веќе се играат натпревари.
Роналдињо така отиде во Милан, исто и Ибра, снајдер во интер дојде последниот ден, слета од аеродром и буквално после пола ден играше у дербито со Милан.

Ќе видиме ае, у круг ја вртиме дискусијава, нема уште долго да трае сагава секако.
 
Дембеле за Погба бе. Дембеле, најголемата превара во историјата на фудбалот. Во Дортмунд веројатно сеуште се смеат со тој трансфер.

Јас па мислам обратно. Дека не смеат да го дадат Дембеле за Погба. Ептен е млад, плус пола сезона лани беше повреден. Треба да му дадат шанса да покаже дали вреди.
 
Јас па мислам обратно. Дека не смеат да го дадат Дембеле за Погба. Ептен е млад, плус пола сезона лани беше повреден. Треба да му дадат шанса да покаже дали вреди.

Колку голови имаше лани вкупно 8-9, за неполни 5 месеци игра. Има страшно силен шут и шутира надвор од 16 без многу размислување, нешто што ни фалеше а сега го имаме во Дембеле и Кутињо. Не би го давал и јас, особено не за Погба.
 
Како ќе ги надокнади Реал тие 50 гола на Роналдо, како ќе биде ако им заминат и Ковачиќ и Модриќ само Перез знае.

Мада денес се затвара маркетот у Англија, не верувам јакиве клубови да продадат нешо квалитетно кога не би можеле да мењаат, стварно не знам шо би купил за да не му се задеси бродолом на тимот.
 
Последно уредено:
Чудно, за голман толку многу пари фрлија, а има други позиции каде што на Сари му се потребни негов тип на играчи за да ја игра неговата игра.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom