Z
zmej gorjanin
Гостин
Пак не е исто друже, хазард е 27, он има уште минимум 5 години играње на високо ниво, има време он за нови предизвици, и роналдо очајно сакаше во реал па си го одложи патот таму на година дена, со модрич приказната е друга, значи одиме по логиката дека стварно сака да си замине, а не да изнуди финансиски појак договор.
Свесен сум за комплексноста иначе на роналдо ко фудбалер и човек, ама од друга страна и он сам по себе е бренд, што на реал му донесе милиони фанови, па ете, му излезе у пресрет перез без многу бунење и плачење, не верувам дека ако модрич му отиде и фино лепо културно му рече ок е перез, све што имам дадов за клубов, освоив свее што може да се освои, време ми е за нов предизвик при залезов од кариерава, дека овој ќе му рече не бе, кој те ебе, има да седиш тука и оро ќе играш.
Иначе периодот за кој ти збориш, лука веќе беше со репрезентацијата, не верувам дека реал му бил во преден план тој период, кога и со Хрватска ова му беше можеби и последно светско.
А ако одиме на претпоставки, и го земаме во предвид муабетот дека сака да си оди, причината верувам дека е само нов предизвик у кариера, а не некаков проблем со Реал, како и перфектно светско со тим каде 3ца од стартерите веќе се дел од Интер ( перишич, брозович и врсаљко ), со сите е во феноменални односи, така да ете од каде може да паднала и финална одлука зашто баш интер. Има основа и за ваков муабет, иако како што реков е само претпоставка.
Во трансфер периодите за ден се менуваат драстично работите, ти си се фатил за месец дена.
Сериозно, да има и 10% од ова што го збориш, дали мислиш дека Лопетеги ќе се брука по прес конференции и ќе го брука претседателот со тоа што изјавува дека - Модрич е наш играч и ќе продужи да биде, претседателот све си кажа?
