Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Го заменваш Кутињо со Ван Дајк, Кеита и Ланцини тимот автоматски ви е 5 пати појак.. Џабе играчишта напред имате кога стартери ви се Хендерсон и Клаван/Ловрен и по 3 гола примате од Брнмут

Кеита не го продаваат летово, Ван Дајк ќе дојде најверојатно но за него не треба Ливерпул да продава за да го купи, 200 милиони има Клоп за трошење летово и вашите никакви 100 милиони не му требаат на Ливерпул.
 
Го заменваш Кутињо со Ван Дајк, Кеита и Ланцини тимот автоматски ви е 5 пати појак.. Џабе играчишта напред имате кога стартери ви се Хендерсон и Клаван/Ловрен и по 3 гола примате од Брнмут

Ама Кутињо нема потреба да се заменува со Кеита и Ван Дајк, пошто Кеита и Ван Дајк е план или барем беше план ионака да се донесат.
Ланцини испаѓа како директна замена за Кутињо и сеа, дали Ланцини е поквалитетен или подеднакво квалитетен од Кутињо е веќе друг муабет.
 
Свака част за арапиве.:aplauz:
Не верувам дека ќе застанат на Нејмар, очекувам дрим-тим да праат и Псж да доминира у Европа следниве години и маме да ебава од А до Ж.
Ќе прават да со Нејмари, Алексиси... и со Кевин Трап и Мота назад.. Пак по 6 ќе примат
 
Со цела почит кон Кутињо, јас да сум газда на Ливерпул и некој да ми понуди 100 000 000 евра за него, на грб ќе им го однесам.
Троцифрена сума во милиони ќе стане правило, не исклучок. Ливерпул не е под никаков притисок да продаде. Ако не ги земе тие пари годинава, ќе ги земе догодина. И не е Барселона единствена што може/ќе може да им ги даде.

Мурињо кога го збореше тоа лани, го правеа луд. Или викаа дека пробувал да го оправда трасферот на Погба.
 
Ќе прават да со Нејмари, Алексиси... и со Кевин Трап и Мота назад.. Пак по 6 ќе примат
Нејмар после Роналдо и Меси кои се у години е најблиску да го достигне тоа ниво, знам дека ти е криво али цигото е страшен играч, баш сеа у ПСЖ очекувам од него да покаже колку е добар и колку има талент и капацитет. Добро не очекувам одма уште оваа сезона, али после 2-3 сезони очекувам ЛШ да земат и да почнат да доминираат, ова со Нејмар е еден голем крупен чекор за нив.
 
Троцифрена сума во милиони ќе стане правило, не исклучок. Ливерпул не е под никаков притисок да продаде. Ако не ги земе тие пари годинава, ќе ги земе догодина. И не е Барселона единствена што може/ќе може да им ги даде.

Мурињо кога го збореше тоа лани, го правеа луд. Или викаа дека пробувал да го оправда трасферот на Погба.

Колку и да е надуен пазарот, нема да има многу фудбалери за кои ќе може да се побара и добие 100+ милиони.
 
Ама Кутињо нема потреба да се заменува со Кеита и Ван Дајк, пошто Кеита и Ван Дајк е план или барем беше план ионака да се донесат.
Ланцини испаѓа како директна замена за Кутињо и сеа, дали Ланцини е поквалитетен или подеднакво квалитетен од Кутињо е веќе друг муабет.
Абе каков Ланцини :pos: остај го што ти збори, Хендерсон е дрво ама затоа некојси Ланцини чини. Деулофеу муабет.
 
Колку и да е надуен пазарот, нема да има многу фудбалери за кои ќе може да се побара и добие 100+ милиони.
Има се повеќе газди што се спремни да дадат. Си најдоа одлична перална во фудбалот, и нема правила на светот што ќе ги спречат да ја користат.

Сега, дали тоа ќе го зголеми или намали квалитетот на играта, ќе видиме. Јас мислам дека ќе доведе до креирање на европска супер лига.
 
Тоа со сумите е релативна работа. Јас лично не верувам дека екипа како Саутемтон би одбила 70 000 000 од било што за било кој свој играч.
Па најверојатно ќе прифатат 70 за Ван Дајк откако овој поднесе барање за трансфер. Ама Лајпциг не прифаќаат ни 100 за Кеита.
Муабетот ми е, нема Ливерпул што да прави со тие пари. Замена нема време да се носи нити ќе ја најдат. Прв на ум што ми паѓа е Иско ама Реал нема шанса да го дадат. А експерименти како што го спомнале погоре Ланцини можат скапо да го чинат Ливерпул. Башка што како стојат работите Кутињо лесно можи да има уште подобра сезона и повторно да држи виска цена и наредно лето. Лани когa излегоа шпекулации за во ПСЖ реков дека за 70-80 јас ќе го возам до Париз доколку Клоп реши да прави реконструкција. Меѓутоа сега тимот е речиси изграден и продавање првотимец не доаѓа во предвид. Посебно не Кутињо за 100 милиони евра во вакви луди времиња. Ако го задржат и од фудбалски аспект и од бизнис аспект ќе добијат повеќе. Едино ако не му скршат нога па да му се сјеби кариерата
 
Го сфаќам гневот на фановите за Нејмар. Ама од друга страна парите што ќе ги зема таму барса не е во можност да му ги понуди. Барем не дур игра меси. Таква финансиска понуда секој би прифатил така да нема што толку да се плука по Нејмар.

Sent from my SM-A510F using Tapatalk
 
Троцифрена сума во милиони ќе стане правило, не исклучок.
Мурињо кога го збореше тоа лани, го правеа луд. Или викаа дека пробувал да го оправда трасферот на Погба.
Да, демек приморани беа да го преплатат x2 повеќе од тоа што вредеше. :icon_lol:

Преплаќањето на Погба е еден од неколкуте трансфери кои се дел од причините за ненормалното бустање на цени денес.
 
Да, демек приморани беа да го преплатат x2 повеќе од тоа што вредеше. :icon_lol:

Преплаќањето на Погба е еден од неколкуте трансфери што се дел од причините за ненормалното бустање на цени денес.
Зависи како гледаш. Ако Погба е преплатен, преплатен е и Лукаку, и Нејмар, и Барселона сака да го преплати Кутињо.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom