Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Секој спортист во светот е преплатен, ако ги споредиш нивните примања со примањата на останатите луѓе. Ако ставиш во предвид дополнително колку се паметни/глупи, бројките се уште потрагични.

Ама едноставно, таков е секторот. Не може да се очекува клубовите да заработуваат по 200-300 милиони евра само од спонзорски договори, а цените на трансферите да не летаат нагоре.
 
Истото е и со платите. Не може фудбалерот да е на 10,000 евра неделно а клубот ваму му се фали со вселенски приходи. Тоа го има само на Балканов и затоа ни е чудно, кај нас е претставено со БМВ-то кое го вози директорот и југото од 45та на вработените и си прифаќаме дека мора да е така.
 
Да, демек приморани беа да го преплатат x2 повеќе од тоа што вредеше. :icon_lol:

Преплаќањето на Погба е еден од неколкуте трансфери кои се дел од причините за ненормалното бустање на цени денес.

Фан на Челзи збори за преплаќање :pos:
 
Да, демек приморани беа да го преплатат x2 повеќе од тоа што вредеше. :icon_lol:
Преплаќањето на Погба е еден од неколкуте трансфери кои се дел од причините за ненормалното бустање на цени денес.
Немаш поим од фудбал нити пак си го гледал погба во последните две сезони во јуве. Хајдни се комотно.
 
Сакаш да продадеш муабет дека Погба лани вредеше 89 милиони фунти, и со право се дадоа тие пари за него? :icon_mrgr:

Џабе ви се на вас тие две сезони, ако и следна сезона ве однесе до фантастичното шесто место.
 
Ако си гледал 5-60% од утакмиците и 30% од нив он играл слабо (според твои критериуми), значи дека од ланска сезона он имал 10тина слаби утакмици, што е прифатливо, барем според мене. Не е Суарез или Џерард у најбоље дани, па да има цела сезона на ниво али океј, те разбирам што сакаш да кажеш.

Е сеа, за второто прашање, зошто мислиш дека на Ливерпул му е потребна продажба за да би купил тоа што Клоп сака да го купи, кога веќе нудат отворено по 70м фунти за двајца играчи.
Ти зборам генерално за квалитетот на играчот. Мене лично ме потсеќа на Оскар, има утакмица каде што ќе превзема одговорност, ќе игра ќе разигрува ќе шутра итн... Наредната утакмица ќе му биде просечна...
Има разлика помеѓу Хазард и Оскар иако не се ист тип на фудбалери и не играат иста позиција, се работи за самиот пристап на натпреварот...
Друг пример ти е Арсеналовото Санчез и Озил... (да не објаснувам гледаш фудбал)
Самиот го вброи Џерард значи јасно ти е си имал прилика да видиш играч кој тешко може да се замени, Торес пред повредата друг пример, Алонсо...

Кутињо не е меѓу нив, не е ни Фирмињо иако Бразилецов озбилно се поправи во формата ама сепак му трае една сезона...

Ако може Ливерпул летово да издејствува а сигурен сум дека тоа му е намерата уште некои си додатни 20 мил... Тоа би бил максимум, не дека толку вреди ама стануба збор за луд пазар... Треба да се луди да одбијат таква понуда за да чекаат подобрена понуда наредно лето, знаејќи дека Барса сигурно нема да го остави празно местото на Нејмар...
Плус фудбал е играчите се подложни на повреди...

Еве пример Кулибали, Челзи идеше рекордно до 70 мил, Наполи го рашири газот бараше уште, Челзи тргна по опција Б...
Летово го купи Рудигер, Кулибали не го ни мирисна... Црнецов имаше доста киксови сезонава со што му опадна рејтингот и сега Наполи ќе биде среќен и 40 ако добие...
Тоа е тоа земи или остави понуда, нормално ако не доаѓа некој клуб од Манчестер или Псж.

Инаку Клоп сигурно има и други играчи освен Вирџил и Кеита...

Sent from my Redmi 3 using Tapatalk
 
Ама на Ливерпул не му требаат тие 100м а нит му значат нешто 20м плус, тоа пробувам да ти го објаснам.

Кутињо и Оскар се небо и земја.
Клоп не сака други играчи, тоа е главна тема, нема опција Б, што е апсурд.
 
Еве пример Кулибали, Челзи идеше рекордно до 70 мил, Наполи го рашири газот бараше уште, Челзи тргна по опција Б...
Летово го купи Рудигер, Кулибали не го ни мирисна... Црнецов имаше доста киксови сезонава со што му опадна рејтингот и сега Наполи ќе биде среќен и 40 ако добие...
Тоа е тоа земи или остави понуда, нормално ако не доаѓа некој клуб од Манчестер или Псж.

Имаше информации и дека летово Челзи пратиле понуда за Кулибали која била одбиена од Наполи, тек трета опција им бил Рудигер на Челзи после Кулибали и Бонучи

Кулибали е поквалитетен играч од Рудигер и за сума под 55-60 милиона нема шанси да го дадат Наполи
 
Го земаа Рудигер затоа што полесно можеш да се договориш и Рома беа во ситуација да мора да продаваат играчи.
Претходно Бонучи ги одби, а од Наполи оди купи важен играч ако нема откупна клаузула. И најлош да е тие не спуштаат цена.
 
Донев брат, верувај дека у ситуацијава (хипотетичка секако) повеќе е логично моето објаснување отколку твоето. Верувај не ми се исплати на клубот да даде 5-6 милиони годишно за платата на Кутињо (ова карикирам, претпоставувам дека му е толку) и тој играч кој патем е еден од клучните да седи цела година на клупата. Нема шанси во денешно време клубот да задржи играч доколку овој е цврсто решен да си оди. Класичен пример ти е Игуаин, колку само се смеевме дека нема теорија од Наполи во Јуве да отиде, и сам знаеш ваљда колку се мразат овие тимови, ама нема бе свињата реши да си оди и немаше шанси ни Св. Илија да го спречи во тоа. Џабе беа и смртните закани од навивачите на Наполи, едноставно ликот си потпиша со Јуве и им напраи адио на Наполи. Истото е и со Кутињо и со било кој друг играч со тоа што јас лично мислам дека Кутињо нема на ум да си оди од Ливерпул, без разлика што Барса би била заинтересираната странка во ситуацијава.
У право си до негде ама, мислиш дека на клубот му е дојдено до тие 5-6 милиони евра што треба да му ги дадат за плата а се спремни по секоја цена да одбијат 100 милиони оштета?

Може да задржи, за инат, нема она класичното да дреме на трибини и да биде избркан од тим па да ги добие со тужба за мобинг.. фино лепо братот ќе си тренира цело време со првата екипа и на секоја трета утакмица ќе добива по 5 минути време за игра.
 
Очекувам ништо да не испадне од трансферов на Нејмар и УЕФА/Ла Лига да го банираат трансферов.....а нормално за година-две друга екипа да си направи пак вака огромен трансфер што ќе биде дозволен пошто нема објективност :D
Али ај, ќе видиме, јас баш сакам да го видам Нејмар во ПСЖ пошто е претерано ретардиран целиов трансфер. Ама ептен. Кој би рекол дека за само една година ќе видиме нешто поглупо од трансферот на Погба.
 
Нема да го блокираат. Ќе го истражуваат понатаму може, за да проверат дали годишните трошоци на ПСЖ за Нејмар се во границите за ФФП.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom