Ако зборуваме буквално, тогаш не, не секој кој замина "искина". За еден Мектоминеј, имаш 10 кои кренале надолу.
- Дони Ван Де Бек - Не постои
- Санчо - Не постои, позајмица по позајмица, Челси всушност плати казна да го врати назад, преседан
- Ентони - Ликот едноставно си го најде своето ниво - не постои против секој посериозен противник. Реал, Барса, Челси.
- Линделоф - Замена во Астон Вила
- Ван Бисака - Изгуби стартно место во Вест Хем
- Марсијал - Нема клуб моментално
- Де Геа - Немаше клуб година дена
- Погба - Допинг скандал, повреда по повреда, отпуштен од Јувентус
- Онана - Се сомневам дека ке се врати во топ 3 лиги некаде да брани после епизодава во Турција
- Рашфорд - топло ладно како и во Јунајтед, со тоа што очигледно повеќе се труди во Шпанија
Може до утре да се редат. Единствени што направија нешто се МекТоминеј, кој кине, а го продадоа и заради проблеми со ПСР, и бараа од него да биде Кака, што ликот едноставно не може да го игра тоа и детево што го продадовме на Бенфика, Карерас, кој заврши сега во Реал. Е, и Гринвуд има потенцијал да направи нешто, не знам само колку ке му се с'снат овие со кансел културата.
Ова другово што игра, не се препородиле, само си го нашле своето ниво.