Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
У реду е, шо да му пишам, за дел не се согласувам, ама делумно си у право? Ако се согласуваш со 95 % од неговиот пост, што сеа :D
Па делумно де, како на друг начин? Ако се согласуваш комплетно значи 100% е во право, а ти си пишал со дел од постот не се согласувам. Работава е сакам да кажам ама не знам да речам.
 
Другар, ниту Ас и Марка не пренесуваат такво нешто, главни извори се Independent.uk
Ако е стварно дека пола сезона знаеле во реал дека зидан ќе си оди, а ас и Марка не можеле да дознаат, не гледам зошто би им се верувало и сега.

Ајде реал, назначете го ГУТИ! :semolam:[DOUBLEPOST=1527779081][/DOUBLEPOST]
 
Последно уредено:
Ниту на Реал му треба нов стадион ниту да развиваат младински играчи.

Sasa-Matic-990x556.jpg


како би отишол Венгер во Реал
 
Другар, ниту Ас и Марка не пренесуваат такво нешто, главни извори се Independent.uk
И расипан саат е точен два пати на ден меѓутоа избегнувај ги Индепендент како извор, лош медиум се последниве неколку години, кадарот им пребега во BBC, Telegraph, Guardian.
 
Мое мислење е дека Реал му дал до знаење на Зидан дека ќе го отпуштат по слабите резултати порано низ сезоната па откако овој им врати со ЛШ овие го промениле мислењето но Зидан поучен од минатото си оди сега со дигната глава наместо во иднина(можеби уште следната сезона) да биде отпуштен.

Мене ова ми е најлогично иако не мора да значи дека е така. А тоа со заморот станува клише. Секој тренер кој си дава оставка тоа му е изговорот веќе.
 
Контрадикторни сте си на самите себе бе друже. Сите го ставате Гвардиола како еден од подобрите менаџери поради титулите кои ги има освоено, а кога ние сакаме да го направиме истото со Зидан, вие тоа го омаловажувате. На Зидан дали му се посреќило, дали ги имал најдобрите играчи, дали имало 300 други фактори и влијанија во игра е небитно, битното е дека он ќе остане тренерот што за прв пат ДО СЕГА има освоено ЛШ три пати по ред.

За мене Зидан е еден од подобрите тренери во Реал, не поради титулите, туку поради начинот на кој го водеше тимов. Реал, можеби и Јунајтед, се едни од најтешките екипи за водење во светов. Атмосферата на тимот ја сведе до максимум. Прв пат во историјава на клубов да нема караници во соблекувална. Да нема делење на кланови. Сите играчи се еднакви и подеднакво битни за тимот. Шпанските медиуми ги стави во мал прст. Ги сврте сите на негова страна. Верувај MARCA и AS колку се добри за Реал, толку се и отровни. Вроди победнички менталитет, под негово водење Реал има највеќе враќано утакмици. Е тоа е Зидан, не титулите. Титулите се само плод на работата која он ја направи со тимов.

И никој не вика дека е најдобар или еден од најдобрите. Уште е рано. Ама со овие 3 години во Реал направи имаето Зидан и како МЕНАЏЕР да биде битно во фудбалскиот свет.
Не гледам каде сум контрадикторен. Гвардиола е еден од подобрите менаџери последната декада не само заради тоа што освоил, туку колку и како освоил. Сигурно јас не мора да те потсеќам како играше Барса тој период. Знам дека и твоето мислење е Гвардиола>Зидан и без да ми кажеш така што не знам ни зошто воопшто го спомена. Гвардиола е класи над Зидан како тренер во целокупната кариера па колку сака нека е филозоф, идиот или не знам што.

Јас не го негирам неговото позитивно влијание во Реал. Баш напротив вие најдобро знаете колку има придонесено за клубот. Искрено повеќе ми се допаѓа да читам колку Зидан има придонесено генерално, отколку само да ми се фаќате за титулите во ЛШ. Кога ќе прашам зошто е Зидан квалитетен тренер, ова што си го напишал ти сакам да го прочитам. Оти ова е квалитет без разлика на титули. Или сакаш да ми кажеш дека ако не беше единствениот тренер со три титули по ред немаше да ги има тие квалитети што ги наброја?

Инаку да не излезе дека го хејтам намерно, за Зидан имам одлично мислење, баш би сакал да ни биде тренер. По можност уште летово :icon_lol:
 


Ако замине Куртоа може да потегне домино ефект со трансфери на голмани - Куртоа во Реал, Алисон во Челзи, Навас во Ливерпул (зш не верувам дека Навас ќе сака да грее клупа)
 
А Де Геа уште 100 години во Јунајтед. :D
 
Реал по би го земале Алисон отколку Куртоа, а и Алисон не верувам да ги напушти Рома за Челзи.
 
А зошто Баерн ги продаваат Боатенг, Тиаго и Видал? Ајде Левандовски сака да си оди. Ваљда и Боатенг сака промена? Тиаго и Видал? Ајде и за Видал ќе разберам последна шанса да се искешира. Ама сепак големи промени се.
 
Не гледам каде сум контрадикторен. Гвардиола е еден од подобрите менаџери последната декада не само заради тоа што освоил, туку колку и како освоил. Сигурно јас не мора да те потсеќам како играше Барса тој период. Знам дека и твоето мислење е Гвардиола>Зидан и без да ми кажеш така што не знам ни зошто воопшто го спомена. Гвардиола е класи над Зидан како тренер во целокупната кариера па колку сака нека е филозоф, идиот или не знам што.

Јас не го негирам неговото позитивно влијание во Реал. Баш напротив вие најдобро знаете колку има придонесено за клубот. Искрено повеќе ми се допаѓа да читам колку Зидан има придонесено генерално, отколку само да ми се фаќате за титулите во ЛШ. Кога ќе прашам зошто е Зидан квалитетен тренер, ова што си го напишал ти сакам да го прочитам. Оти ова е квалитет без разлика на титули. Или сакаш да ми кажеш дека ако не беше единствениот тренер со три титули по ред немаше да ги има тие квалитети што ги наброја?

Инаку да не излезе дека го хејтам намерно, за Зидан имам одлично мислење, баш би сакал да ни биде тренер. По можност уште летово :icon_lol:
Нормално дека секој нормален човек ќе ти каже дека во моментов Гвардиола е подобар од Зидан. Без разлика што бил тренер на Барса мене воопшто не ми е срам да признаам такво нешто. Двајцата не ни можат реално да се споредуваат, Зидан нема ни три цели сезони менаџирано клуб, Гвардиола веќе ќе влезе во 10тата сезона како тренер. На Зидан реално премногу е рано за да му се суди. Несомнено е дека има квалитет, сеа останува да видиме дали тој квалитет ќе трае подолго или е само моментален блесок.

Мене ме нервира што успехов на Зидан сите го препишуваат на играчите, тимот, среќата, се и свашта отколку на него. Како воопшто да не добива кредит човекот. Од кога изгази во ЛШ сите почнаа да му се фаќаат за домашното првенство како немал титула, а реалноста е дека од две целосни менаџирани сезони (првата половина кога ја превзема екипата на Реал нема да му ја рачунам, зашто тогаш титулата веќе беше изгубена) он успеа да освои една титула, што кога ќе видиш и не е така лош успех. На тактички план е генијалец, ако како играч на времето ја разбираше играта, сега како менаџер ја докторираше. Во европските натпреварувања, до сега, не постои тренер кој може да се пофали дека го победил во два натпревари, а играше против многу големи имиња кои се многу подолго од него во играва. Со ова што то го напишав за тренерите дека ги победил, не ми е поентата да ти кажам дека е подобар од нив, туку е тренер кој што знае да се прилагоди против било кој и победил тренери кои што играат различен стил на фудбал.

Тргни ги титулите на страна, ти кажав тие се само награда за тоа колку добро работеше Зидан со Реал. Ти погоре имаше прашано да ти објаснат што го прави Зидан толку добар тренер (не најдобар, не одличен, не перфектен, туку добар) епа ете ти.
 
А зошто Баерн ги продаваат Боатенг, Тиаго и Видал? Ајде Левандовски сака да си оди. Ваљда и Боатенг сака промена? Тиаго и Видал? Ајде и за Видал ќе разберам последна шанса да се искешира. Ама сепак големи промени се.
Јас го разбрав новинарон еден од нив, затоа што пишал or Boateng ако стигнат добри пари, а не сите овие, или па еден од Бернат и Боатенг. Се согласувам и јас дека голема продажба е тоа.
 
Куртоа сака во Мадрид да се враќа секако, таму му е фамилијата. Трампа Куртоа - Облак и сите задоволни :cool:
 
Ако замине Куртоа може да потегне домино ефект со трансфери на голмани - Куртоа во Реал, Алисон во Челзи, Навас во Ливерпул (зш не верувам дека Навас ќе сака да грее клупа)

А во Арсенал кој? :(
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom