Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Баерн ваљда ремонт ќе прават или прават простор за некој скап играч од типот на Бејл или Дибала. Како и да е и без овие играчи имаат јак тим, со 2-3 засилувања ќе бидат топ.
 
А зошто Баерн ги продаваат Боатенг, Тиаго и Видал? Ајде Левандовски сака да си оди. Ваљда и Боатенг сака промена? Тиаго и Видал? Ајде и за Видал ќе разберам последна шанса да се искешира. Ама сепак големи промени се.

Боатенг ако има добра понуда затоа што по повредата не е истиот и со Суле имаат добра замена и можат да лапнат пара. Боатенг најави дека можеби ќе си оди а и демек со Фогт од Хофенхајм Баерн имал веќе алтернатива. Со Тиаго валда не се толку задоволни го немаше во големите партии па и тој можеби има интерес за промена. А Видал е веќе постар и има уште година договор. Последна шанса да се земе пара.
 
A најточното можда е она шо го пишува Балаг. Бејл и Роналдо со изјавите после мечот да го имаат премислено да си замине. И реално после 3 сезони ЛШ првата изјава и на двајцата да им е незадоволство и ја би си заминал
 
A најточното можда е она шо го пишува Балаг. Бејл и Роналдо со изјавите после мечот да го имаат премислено да си замине. И реално после 3 сезони ЛШ првата изјава и на двајцата да им е незадоволство и ја би си заминал

Абе каков Балаг :D

Пореално е изјавата на Роналдо да е заснована на заминувањето на Зидан, затоа што веројатно знаел заедно со останатите капитени дека Зидан може да оди со освоена ЛШ.

Не му е преку ноќ одлуката донесена, тоа е очигледно. Немаше спремен ниеден трансфер а лани и прехлани се знаеја уште во април играчите. Најверојатно имал решено ако освои ЛШ да замиме а ако не да остане.

Беше спремен он и во јануари да даде оставка но тогаш по шпекулациите сите тројца капитени излегоа со став дека они нема да дозволат заминување на Зидан и дека во ЛШ ќе дадат 100% за да не го остават без титула.

Ќе остане како еден од тренерите што го имале тој филмски однос со играчите, сите го обожаваа и гледаа со стравопочит.

Секако имаше и исклучоци, како Хамес со кого очигледно ја спукаа, беше тежок инает Зидан ако не беше задоволен од некого. А и имаше муда да го седне секого на клупа (освен посвоениот син Бензема нормално). Реал е тим кој многу пати од притисокот на медиумите а Зидан само еднаш падна на тој притисок, пред три месеци, кога го натераа да го игра Иско прв тим по неговите игри за репрезентацијата.

Тоа што сите нагостувале дека ќе си оди а таква или било каква информација не протече низ медиумите, говори колку стравопочит имаа сите играчи од него.

Најтешко беше во Реал да ги зачуваш тие ствари од соблекувалната внатре, Мурињо и Карло имаа големи проблеми со тоа, во време на Зидан беше претешко за новинарите да извлечат нешто.

Тоа е една од клучните работи за успех у клуб ко Реал, затоа Зидан беше перфектниот наш човек, но ете и он реши да се одмори и замине, но како победник.
 
Челзи, Арсенал, Ливерпул што не тргнат по Батлнд. Ефтино би зеле добар голман.
 


Ако замине Куртоа може да потегне домино ефект со трансфери на голмани - Куртоа во Реал, Алисон во Челзи, Навас во Ливерпул (зш не верувам дека Навас ќе сака да грее клупа)

А за Рома БумШакаЛака ќе брани? :)
 
А за Рома БумШакаЛака ќе брани? :)
Не бе, Де Геа ќе дојде во Рома, а за Манчестер Кариус ќе брани, ова да го довршам домино ефектот на Фросето, пошо секако лошо и нереално го почна па јас да го довршам:P
 
Последно уредено:
Атлетико изгледа блиску до потпис на Сидибе
 
Ако потпиши Сидибе Врсаљко нека си бара нов клуб, типичен Чоло играч, одличен трансфер.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Во Вест Хем ќе заврши бе. Колку го сакав во Челзи на времето :icon_mrgr:
 
Ако потпиши Сидибе Врсаљко нека си бара нов клуб, типичен Чоло играч, одличен трансфер.


Sent from my iPhone using Tapatalk
За Врсаљко има шпекулации во Наполи
 
За Врсаљко има шпекулации во Наполи

Знам, сега прочитав, добар играч ама премногу неконстантен беше во Атлетико, ќе видиме како ќе испадни со Сидибе, ако се реализира трансферот најверојатно прв избор ќе биди кај Симеоне.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Давид Луиз типот исчезна, повреден ли е уште, фит ли е? Има ли нешто шпекулации за него или сигурно ќе останува во Челзи чим Конте ќе замине.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom