максовизија
Lunatic
Тио Волкот си се докажа човекот. Пато некако не го бива.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
[FONT="]Сантон: Благодарам Мурињо![/FONT]
Жозе Мурињо го вика 'Il Bambino', но Давиде Сантон играше како ветеран на неговото прво Миланско дерби.
“Давиде е вистински играч од вечерва, одигра 6 последователни натпревари и денес го одигра дербито против Милан,“ изјави Мурињо, кој го зеде со себе 18-годишникот на прес-конференцијата после мечот. “Искористете го ова и разговарајте со него зошто ќе поминат два месеци пред да имате нова шанса.“
![]()
Сантон изјави: “Среќен сум поради вечерашниов триумф. Играв против некои многу брзи и технички подготвени играчи. Морав да ја задржам концентрацијата низ целиот натпревар, посебно првото полувреме против Замброта кога ми беше тешко да стигнам да го затворам просторот.
Сакам да му се заблагодарам на Мурињо што имаше голема доверба во мене и тоа ми ја подигна самодовербата.
Претерано е да се каже дека сум новиот Малдини. Му ги праќам моите комплименти и се надевам дека ќе имам брилијантна кариера како неговата.
Да, ќе ја прославам вечерашната победа, но прво морам да спијам“