Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Vlatko_Rusin напиша:...Инаку Мулер е и најдобар стрелец на светските првенства. Ова го велам бидејќи Мулер настапи на две светски првенства и постигна 13 гола. А Роналдо на три светски првенства постигна 14 гола. Вистинска машина за голови
Serpico напиша:Жист Фонтен на едно светско првенство постигнал 13 голови. Милер на две 14 а Роналдо на 3-15.
Фонтен рекордот го постигнал на 6 натпревари, 58-та година кога шампиони беа Бразил а светот првпат го виде Пеле - ако не се лажам.
Пред да го номинираме Герд Милер-за кој се сложувам дека бил убиец пред гол- каде му е колегата Кајзер Франц (Бекенбауер)? Човекот кој ја "измислил" позицијата либеро во фудбалот?
Крајно, каде се Уругвајците, Италијанците од 30-те години... Ако некој фудбалер се издвои во своето време, дали заради добрата екипа, погодената позиција на која игра, одличниот тренер или слабата конкуренција - ПОКРАЈ неоспорениот талент, не значи дека треба и дека може да се споредува со други поединци кои го сториле истото во друго време или на друго место.
Не сакам да зборувам против темава... мал милион избори се направија последниве години за фудбалери на векот.
Вкусот е вкус. Фактите се слични. Изборите се за забава. Како евровизија.
*Дали некој чул за Артур Фриденрajх? Баш ме интересира![]()