Фудбал - генерална дискусија

Дап, видов отпосле, сериозно не бев у тек и постот беше мојот POV, буквално некако од нигде никаде испадна ова.

Од се ова што гледам, некако ми делува дека главниот проблем е што има сериозен раздор меѓу ФИФА и УЕФА последниве години и ако добро читам меѓу линии мислам затоа и ова проба ФИФА да го направи набрзина и без ептен помпа. Во спротива мислам дека ова ќе беше хајпано и презентирано како одлична работа и сите инволвирани ќе си лапнеа пари, а секако дел од тоа ќе капнеше и за помалите федерации како нашава што со отворени раце ќе го прифатеа.

Се ова ми делува како следен логичен заклучок на фудбалот и некако мислам дека за декада-две-три и ова и Супер Лигата пак ќе бидат на тапет како озбилен план.
Потпуно исправно од УЕФА, приватно предузеќе пробаа да си направат од федерациите.
Инфантино човек што не шутнал топка у живот ќе одлучува што е добро за фудбалот. Секоја одлука му беше погрешна.
 
Потпуно исправно од УЕФА, приватно предузеќе пробаа да си направат од федерациите.
Инфантино човек што не шутнал топка у живот ќе одлучува што е добро за фудбалот. Секоја одлука му беше погрешна.
Па да де. И јас го викам ова.

Но, мислам дека оваа правилна одлука на УЕФА не е од правилни побуди. Проблемот не им е самиот акт, туку тоа што тие го немаат смислено ова. Да беше Инфантино во добри односи со Чеферин, ќе следеше голема ПР кампања и маркетинг од типот на "После одличното СП - следуваат големи профити за сите федерации! Ја зголемуваме играта и помагаме на малите да си ги исполнат соништата! Како? Хаха, не е битно, некој договор ќе се потпише, ќе биде јако хаха"

После Чеферин и Инфантино, во иднина ќе дојдат некои што ќе бидат помалце егоистични во својата желба за корупција и ќе направат нешто заедничко од сличен калибар.
Ова барем ептен лесно се протнува со маркетинг, има пар работи што се ок во се тоа, ама ете, Инфантино бил прелажан од некој и проба ова да си го исфура на најлош можен начин со што можеби и ќе го видиме во затвор за некое време. Глуп.
 
Стварно Хул ќе земат 295 милиони долара за промоцијата во ПЛ? Пробам да најдам нешто официјалното во врска со тоа и упорно ми дава инфо од фејсбук рандом страници. Има некој поупатен може тука да ја разреши дилемава.
 
Да, околу 200 мил зима само што игра плејоф.
Ти е пари не ги добиваат наеднаш туку постепено, али до март/април треба таа сума да добијат.
 
Back
На врв Bottom