Фудбал - генерална дискусија

Чекај малце, он се испотепа у тунелот или тој шупакот од стручен штаб со белата тренерка прв му дојде да го шутира пред влезот на тунелот ?

Ако имаш видеа од тунелот спидели ги. Јас ништо не најдов.
Ако памтиш Атлетико - Сити кога играа, се пљукаа у тунелот.

И не почнува нигде он со тепачката. Он провоцира, доаѓаат го маваат. Не треба да се брани или да стои ко дрво да го лупаат ?
Имаше еден тон видеа на твитер, ги немам нажалост линковите. Без разлика треба да го јадат сите. Сити е заштитен како бела мечка од УЕФА до негде и Атлетико да беше Вардар, Пелистер, Црвена Ѕвезда ќе видиш дали ќе останеше на така.

Наводно во тунелот после овај потег на братот со тренерската, овај почнал во тунел. Пак ќе речам сите треба да го јадат а и братов треба да го јади за провокациите тоа и беше изворот на цела ситуација.
 
Еве :D

Малкумина знаат дека зад проектов стои Гвардиола

Инаку конечно доза оптимизам ми даваат Свонси.
Склучија соработка со Џејмстаун аналитикс, која има за цел да помогне на клубовите за успешен трансфер маркет. Истите што соработуваат со Брајтон, Хартс, Ројал Унион Сен-Жилоа, мислам дека и Комо. Клубови што имаа голем напредок и успех последниве години.
Модриќ, Марта Стјуарт, Снуп Дог, имаат и комерцијално влијание. Придонесуваат за привлекување спонзорства, градење глобален имиџ, подобар кредибилитет.

За среќа, годинава и инвестираа некој милион во играчи, па донесоа играчи кои веднаш направија разлика. Конечно почна и квалитетна игра од крилна позиција да покажуваат. Лани со Роналд беа ужас.

Лошо што има земји каде што трансфер маркетот е се уште отворен, па неизвесно е дали ќе го задржат Випотник (најдобриот стрелец во лигата лани). И криво ми е што Лео Валта не доби шанса, ми има потенцијал за нов Сигурдсон.

Малку потенки се дефанзивно, ама генерално имаат доста добар состав годинава и широка клупа. Интересен тренер е Матос, сака посед, висок пресинг, брзи транзиции.
За сега владее одлична атмосфера во клубов, нека не опадне само еуфоријава.

Типувам најмалку плеј-оф годинава. Сериозни кандидати за нов премиерлигаш.
Мноооогу посилна сезона во однос на лани, со Вулвс и Вест Хем...
 
Последно уредено:

Ќе го изеде за доручек Шкриниар манекенов
 
Малце килаво тргнаа Вестхем. Многу си отидоа. Овие што дојдоа којзнае дали и колку ќе се вклопат а башка и на 220 милиони скоро заработени од трансфери само 45 вложија во засилувања.
 
Само 45 милиони можеш да кажен за ПЛ, ама не и за Чемпионшип.
Добар дел клубовите имаат не повеќе од 10м за трансфери, некои само од позајмици и слободни агенти живеат.

Со 45 милиони правиш тим за промоција, а особено што Вест Хем задржија добар дел од ПЛ играчите.
Додај ги тука и Пиру, Велтман, Морато што дојдоа како слободни агенти со ПЛ искуство.

Боувен, Тати, Соучек, Алварез, Килман, Мавропанос... треба да има одговорност ако овој тим експресно не се врати во ПЛ
 
аххаха 45 мил за премиер се еден просечен играч.

За екипа што до скоро била стабилен мидтејбл премиерлигаш и што има направено промет од 220 мил, 45 мил се ништо.
Особено затоа што да купеа некој 20-30 милионски играчи ок, ќе си речеш градат тим за инстантно враќање у премиер лига и после тоа враќање на средина на табела. Таков до сега им е само белгиецот Арне Енгелс. Другото се све или деца што дебитираат или крпеници на фри или трансфери од 10- 15 мил што се типични за мидтејбл ченпионшип а не за екипа што има план експресно да се врати во премиер. Со такви 10 мил трансфери, суви позајмици и слободни агенти, третолигаши тазе влезени во ченпионшип се бавтаат.

Морато штета што е позајмица само, Велтман и Пиру се само корисни за сезонава. Доколку догодина се вратат во премиер први ќе бидат седнати на клупа или продадени.
 
Back
На врв Bottom