Формула 1 - сезона 2019

  • Креатор на темата Креатор на темата JagodicaBobica
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во Формула 1 за сезоната 2019?


  • Вкупно гласачи
    101
Статус
Затворена за нови мислења.
Ајде честито на фановите на Хамилтон... Заслужено во секој случај. Се надевам дека ќе му биде последна титула. Не можам да замислам да го стигне Шумахер... Мада ова е спорт каде „најуспешен на сите времиња“ не значи и „најдобар на сите времиња“.
 
Колку и да му се мава хејт на Хамилтон ( често пати и заслужено ) човекот вади максимум од болидите и перформансите му се страшни, особено кога е најбитно. Едино таа година кога ја изгуби од Розберг, што падна и сам психички, што, ваљда и внатрешни игри имаше, Хамилтон нема потфрлено ниту една сезона. Ако е доволно добар да го сруши рекордот, нека биде. Мене тоа нема да ми смени ништо. Во мои очи Шумахер сеуште ќе е најдобар, али, Хамилтон и тоа како, е во топ5 во историјата. Тоа никој не може да му го земе.
 
Споредбава шуми хамилтон, у поглед на тркачки квалитети Хамилтон е пред него каде каде. Шумахер на времето искористи доминацијата на Ферари врз другите, па кога дојде Алонсо одма почна со плачки, се сеќавам кога го изгаси болидот у Монако еднаш на сред квалификации за Алонсо да не направи најдобро време па го казнија, после Алонсо плачеше од Хамилтон, така да може да заклучиме кој е подобар од сите тројца.
 
Споредбава шуми хамилтон, у поглед на тркачки квалитети Хамилтон е пред него каде каде. Шумахер на времето искористи доминацијата на Ферари врз другите, па кога дојде Алонсо одма почна со плачки, се сеќавам кога го изгаси болидот у Монако еднаш на сред квалификации за Алонсо да не направи најдобро време па го казнија, после Алонсо плачеше од Хамилтон, така да може да заклучиме кој е подобар од сите тројца.
Ако се водиме по логикава, ондак и Хамилтон секоја трка ако не е прв плаче. Ако го викнат прерано у бокс плаче. Ако некој почнува да го стига, плаче. Сезоната со Розберг се утепа од плачки секоја трка, едно време и внатрешни игри спомнуваше самиот. Уствари Хамилтон секоја трка плаче.

Квалитетен возач дека е, нема збор. Ама за мене нема никогаш да е најдобар ниту он ниту Шуми. И двајцата стануваат шампиони кога буквално на болидите им нема рамен. Тогаш Ферари доминираа неколку сезони по ред, сега Мерцедес. Не сум сигурен колку можеш да речеш дека си најдобар кога зад себе имаш болид ремек дело. Нека сруши рекорд Хамилтон, немам ништо против ама би сакал да го видам у друг тим макар и Ферари па да видиме како ќе се однесува тогаш.
 
Чекајте, прво ни треба дефиниција за "најдобар возач" :)

Тимски спорт е ова. Џабе ремек дело болид ако возачот не знае да одработи, и обратно, колку сака нека е добар возачот - ако има неконкурентен болид никад нема да влезе во историјата како најдобар. Така да Хамилтон ако оди во послаб тим, ќе се однесува на пример како Верстапен во Ред Бул, ќе му ја вади маста на болидот ама нема да победува, зашто ни теоретски нема да може тоа да го прави.
 
Чекајте, прво ни треба дефиниција за "најдобар возач" :)

Тимски спорт е ова. Џабе ремек дело болид ако возачот не знае да одработи, и обратно, колку сака нека е добар возачот - ако има неконкурентен болид никад нема да влезе во историјата како најдобар. Така да Хамилтон ако оди во послаб тим, ќе се однесува на пример како Верстапен во Ред Бул, ќе му ја вади маста на болидот ама нема да победува, зашто ни теоретски нема да може тоа да го прави.
Е браво за муабетов [emoji1305][emoji1305][emoji1305]

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 
Можеме да збориме највеќе за статистички најуспешен шофер вајда и тоа е тоа.
Најмногу за шоферски најдобар имам слушано и читано за Сена и за уште неколку други момци, ама Сена секогаш се вади како пример за врвност. Штета што не го имам гледано во живо и тоа што го правел на стазата го имам читано и гледано на стари видеа... Али вака кога се присетувам повозрасни луѓе и останати познати личности од Ф1, имам впечаток дека Сена го сметаат за најталентираниот и најдобриот возач што се појавил во Ф1. Ама после некој ќе рече, Шумахер има дупло титули и тука дискусиите немаат крај, кој во каква ера и конкуренција земал итн. Меси, Пеле, Марадона, Роналдо итн. дискусии кои никогаш не би се решиле дефинитивно.
 
Па тоа е тој муабет, треба да се зимаат статистики и така да добиеш груба слика кој го има најдобриот талент. Ако имаш талент, а немаш добар болид автоматски никад нема да освоиш титула, исто и обратно, џабе имаш добар болид ако немаш талент.
Еве тука би го ставил Хулкенберг, толку време во Ф1, а никаков успех. Шеташе по никакви тимови и тоа е тоа. Не дека има којзнае каков талент, ама сигурно е у топ 7-8 на патеката моментално.
 
Хулк е најдобар во едно нешто, има некој рекорд на најмногу стартови во историјата на Ф1 без освоен подиум :)
 
Можат да се прават многу споредби меѓу Шумахер и Хамилтон (и ќе се прават сигурно). Точно е дека и двајцата повеќето титули ги освоија кога нивниот тим беше доминантен и без озбилна конкуренција. Значи покрај тоа што неспорно двајцата се големи таленти, се најдоа и на право место во право време.

Кај Хамилтон можам да спорам за две работи. Прво, титулата од 2008 секогаш за мене ќе биде сомнителна поради ситуацијата со Тимо Глок. Второ, прераното откажување на Нико Розберг. Шумахер никогаш немаше конкурент во својот тим. И Ирвајн и Баричело секогаш беа потчинети во Ферари. Розберг во Мерцедес беше далеку од тоа и да останеше да вози може ќе му земеше барем уште една титула на Хамилтон. А ништо чудно и овој брзо да побараше нов тим, знаејќи му го карактерот. Во таква ситуација големо прашање е дали сега ќе дискутиравме за можен рекорд во титули.
 
И двајцата не ги сакам, никогаш не ми биле меѓу омилените возачи, но ако морам да бирам помеѓу нив, тоа е Хамилтон. И би сакал да му ги надмине сите рекорди на Шумахер. Зошто? Затоа што можеби е плачко, но е фер возач со неоспорен талент. За разлика од педерчето Шумахер кој удираше боксови, намерно се судираше со возачи за да не освојат бодови (и титули) и прославуваше со шампањско на трка на која загинал колега возач. Да се нашол во истите ситуации, Хамилтон верувам дека само ќе поплачеше, можеше да поднесе и официјална жалба... И немаше да го дигне шампањското (во една ситуација годинава и не го дигна, чинам)!
 
Не е нереално Хамилтон да иде во Ферари во 2021, прочитав денес по порталиве изјава од Тото дека го има ова во предвид како можна опција и не би бил изненаден доколку стварно се случи.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom