Ериксон страшно почна да ми иде на нерви после глупирањето во Малезија на квалификациите ама капа доле сепак за денеска, Верстапен секоја чест и за него штета што откажа болидот. Кими им одржа лекција на Вилијамсите но сепак мислам дека со огромна помош од Фетел кој не тргна да го напаѓа Розберг туку ги блокираше Маса кој го сакаше да го повлече Ботас со него при престигнување на Фетел па да го спуштат за 2 позиции и да морат Ферарињата да се гураат едно со друго, арно ама изгледа дека се спремиле за такво нешто во Ферари па ги начекаа во небрано и тоа резултираше со 2 позиции плус за Кими, барем таков впечаток ми оставија првите свиоци мене, дека Фетел ги блокираше Кими ги престигна и после тргнаа и двајцата но немаа доволно сили за да го стигнат Розберг, е сега да излезеше безбедоносното возило 2-3 круга порано, или оние телетабисите да не беа толку дефектни и да го внесеа болидот порано во пит-стоповите може ке гледавме ултра интересни последни 2-3 круга но тоа е што е, следува Бахреин ноќна трка, ладење на асфалтот и мака мачење за постигнување на работна температура на пневматиците, но има доста правци што им одговара на Ферари, а после тоа ке бидне интересно Ферари идат со нова ПЕ во Шпанија за која тврдат дека е посилна доколку е така нека му ја мислат во Мерцедес, малце ги притиснаа почнаа препукувања а колку и да сака Лауда да ја смири ситуацијата или да ја спинува дека тоа е добро за натпреварувачкиот дух нека се сети само на трките во Европа минатата година, посебно на Спа мислам дека имаа инцидент.
П.С Кими во свој стил