2015 КИНА ГП: ЛУИС ХАМИЛТОН НАЈБРЗ НА ПЕТОЧНИТЕ ТРЕНИЗИ

Луис Хамилтон во доминантен стил ја започна 2015 сезоната
Луис Хамилтон повторно со најбрзото време на петочните тренинг сесии, со околу половина секунда предност најпрво пред Нико Розберг, а потоа во вториот тренинг и од Кими Раиконен. Нико Розберг никако да се соземе, па така и на оваа трка најверојатно нема баш поголеми шанси да му парира на својот тимски колега. Што се случува со него, никој не знае?!? За разлика од минатата година кога Ферари успеа да има најбрзо време барем на првиот тренинг, оваа сезона Кими Раиконен барем успеа да го раздели дуото на Мерцедес АМГ при вториот тренинг. Себастијан Ветел резервиран и побавен од својот тимски колега и на двата тренинзи.
Еден од поинтересните моменти беше претрчувањето на стартно-целната рамнина од страна на еден фан од публиката, а при тоа имавме болиди во полна брзина. Опасно по живот, но сега неговата иднина зависи од строгите Кинески закони. Тој беше веднаш уапсен кога го прескокна пит зидот. Сесијата ја одбележаа и инцидентите на Фелипе Маса и Дањил Квајт.
Фелипе Маса имаше извртување при полна брзина на влез во првата кривина, успевајќи да го исконтролира својот Влилијамс и помине без поголеми оштетување избегнувајќи поголем судир со бариерите покрај патеката. Проблемот бил во задното крило на неговиот болид. Целосно откажување на сопирачките имавме кај РБ11 на Дањил Квјат. Проблемот беше забележан навреме, доби инструкции да се врати во својата гаража, но тој едноставно продолжи да се движи по права линија и заврши надвор од патеката, исто така со помали оштетувања на болидот.
Што се однесува до перформансите на болидите, во квалификациско темпо Мерцедес АМГ е најбрзиот болид на патеката, со предност од барем половина секунда пред Ферари, но подолгите стинтови повторно покажуваат далеку помала разлика помеѓу нив и болидите на Ферарип. Ферари, ако настаните им се одвиваат во нивна полза, можеби повторно ќе има шанси за што повисок пласман на Подиумот. Третото скалило веќе им е резервирано, бидејќи Вилијамс и Ред Бул заостануваат зад нивното тркачко темпо.
Мекларен спротивно на очекувањата успеа да забележи релативно добри времиња на овие тренинг сесии, и беше на нивото на времињата на Заубер, Лотус, и Торо Росо. Ако успеат да се протнат барем во Q2 ќе биде одлично постигнување за нив, а пол погодок би било пласман во Q3 сесијата на утрешните Квалификации. Кој од оваа група на болиди ќе се протне во Топ 10 пласманот е тешко да се прогнозира, нешто во кое ќе ни помогне можеби саботниот тренинг.
Манор повторно се на границата од 107%, но како што видовме и на претходниот викенд во Малезија, нивното учество во трката не е доведено во прашање. Роберто Мери успеа да ја надмине, но Вил Стивенс остана надвор од неа, поради проблем со Ферари ПЕ. Сепак се поставува прашањето дали навистина од овој тим имаат само еден болид подготвен за каква, таква борба. Квалификациите за Кинеското Гран При се закажани за 09:00 часот по Македонско време.
Комплетни Резултати