Формула 1 - сезона 2015

  • Креатор на темата Креатор на темата M1K1 007
  • Време на започнување Време на започнување

Шампион за 2015 според Вас...


  • Вкупно гласачи
    71
  • Гласањето е завршено на .
2015 КИНА ГП: МЕРЦЕДЕС АМГ НЕ ВРАТИ ВО РЕАЛНОСТА?!?

2014+Chinese+GP,+Qualifying+4.jpg

Луис Хамилтон ја забележа својата трета Пол Позиција во оваа сезона, докажувајќи ја уште еднаш својата брзина која ретко кој друг Ф1 возач ја има. Нико Розберг никако да го победи својот тимски колега, па повторно треба да се задоволи само со старт позади Британецот. На вториот стартен ред ќе бидат Себастијан Ветел со Ферари и Фелипе Маса со Вилијамс, со неочекувано поголема разлика од прогнозираната. Кими Раиконен со многу грешки на третиот стартен ред, а пред него ќе биде вториот болид на Вилијамс со Валтери Ботас. Даниел Рикиардо, Роман Грожан, Фелипа Наср и Маркус Ериксон се возачите кои го заокружија Топ 10 пласманот. Мекларен повторно не успеа да ја помине првата квалификациона сесија. Двата болиди на Манор во границата од 107% од најбрзото време во Q1.

Себастијан Ветел со Ферари го имаше најбрзото време во Q1 сесијата, поставувајќи време меките гуми на Пирели. Тимскиот колега Кими Раиконен беше втор најбрз пред Вилијамсот на Валтери Ботас, и Роман Грожан на изненадувачкото четвртото место на табелата. Ова беше случај затоа што само болидите на Мерцедес АМГ своите најбрзи времиња ги забележаа на медиум гумите, нешто што минатата трека го направи само Ферари. Уште од овој потег како да се насетуваше дека денес никој нема да може да ги Победи за првиот стартен ред.

Очекувано отпаднаа болидите на Манор, Вил Стивенс пред Роберто Мери, но според резултатите од слободните тренинзи им се приклучија и двата болиди на Мекларен. Џенсон Батон повторно го победи својот тимски колега Фернандо Алонсо. Крај на квалификационата сесија беше и за Нико Хулкенберг, кој ќе стартува од 16-тата позиција.

Втората сесија и битката за пласман во најбрзите 10 возачи беше многу блиска, бидејќи болидите од 5-тото место на табелата беа во разлика од само половина секунда. На почетокот преку радио врска на Дањил Квјат му беше кажано дека, најверојатно, за пласман во Q3 ќе биде потребно време од околу 1:38.000, а тимот на Ред Бул ретко греши во овие проценки. Сепак, Русинот не можеше да постави подобро време и на крај ќе стартува од 12-тата позиција, зад Лотусот на Пастор Малдонадо. Исто така елиминирани беа и двата болиди на Торо Росо, Макс Ферстапен, пред Карлос Саинц ЈР. и најбавниот болид во оваа сесија, тој на Форс Индија со Серџо Перез зад воланот. Разликите од пласман во Q3 беа само неколку десетинки.

Со почетокот на Q3 сесијата, Луис Хамилтон и Нико Розберг веднаш ги забележаа најбрзите времиња на првото излегување со нови меки гуми. Повежето од останатите болиди првиот свој брз круг го започнаа на употребен сет на меки гуми, па нормално е што никој и не забележа побрзо време. Заостанувањето на Ферари од повеќе од две секунди по првите излегувања и губење на 3-тата и 4-та позиција од болидите на Вилијамс, ни наговести дека ќе имаат проблеми дури и за вториот стартен ред.

Во последната брзи круга, Ботас го направи првиот потег, забележувајќи го третото место зад Мерцедесите. Тоа брзо беше надминато од страна на неговиот тимски колега, Фелипе Маса. Следуваше Кими Раиконен, кој имаше многу проблеми во контролирањето на својот болид, па не успеа да ги помине болидите на Вилијамс и само со 6-та стартна позиција. Првичното време на Себастијан исто така не беше премногу добро, но сепак на крајот успеа да стигне до трето најбрзо време, три десетинки побрзо од Маса, но со речиси секунда зад најбрзото време на денешните квалификации.

Луис Хамилтон при вториот обид беше побавен, а Нико Розберг фрустрирачки за него постави само четири стотинки побавно време за старт од втора позиција. Подолу на табелата Даниел Рикиардо со Ред Бул на седмата стартна позиција, со надеж за добри поени во трка. Роман Грожан со Лотус, пред Фелипе Наср и Маркус Ериксон со болидите на Заубер го заокружија топ 10 пласманот.

Комплетни Резултати
 
2015 КИНА ГП: ЛУИС ХАМИЛТОН ДОМИНАНТНО ДО ПОБЕДАТА


Луис Хамилтон забележа доминантна победа на Кинеското Гран При, во трка која ја поведе од стартот, па се до поминувањето на целната линија. Нико Розберг никако да покаже брзина со која ќе парира на својот тимски колега во услови на трка, па реално на второто место на подиумот. Зад нив на трето место заврши Себастијан Ветел, а можеби во последен момент беше спасен од безбедносното возило на три круга пред крајот од во тој момент летечкиот Финец, Кими Раиконен со вториот болид на Ферари. Одличниот Себастијан Ветел со трет пласман за Ферари на победничкиот подиумот оваа сезона. Уживајте во велигденските празници, а веќе следниот викенд е трката за Големата Награда на Бахреин.


Голема награда на Кина, Шангај.
56 круга, 305.066км., Време: Суво.
ПЛАСМАН:
П. Возач Тим Време
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1ч39:42.008
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ + 0.714
3. Себастијан Ветел Ферари + 2.988
4. Кими Раиконен Ферари + 3.835
5. Фелипе Маса Вилијамс + 8.544
6. Валтери Ботас Вилијамс + 9.885
7. Роман Грожан Лотус + 19.008
8. Фелипе Наср Заубер + 32.117
9. Даниел Рикиардо Ред Бул + 1 круг
10. Маркус Ериксон Заубер + 1 круг
11. Серџо Перез Форс Индија + 1 круг
12. Фернандо Алонсо Мекларен + 1 круг
13. Џенсон Батон Мекларен + 1 круг
14. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо + 1 круг
15. Вилс Стивенс Манор + 2 круга
16. Роберто Мери Манор + 2 круга

Најбрз круг: Луис Хамилтон - 1:42.208

БЕЗ ПЛАСМАН:
Возач Тим При круг
Макс Ферстапен Торо Росо 52
Пастор Малдонадо Лотус 49
Дањил Квјат Ред Бул 15
Нико Хулкенберг Форс Индија 9

Генерален Пласман по 3-та трка:
Возачи: Конструктори:
1. Луис Хамилтон 68 1. Мерцедес АМГ 119
2. Себастијан Ветел 55 2. Ферари 79
3. Нико Розберг 51 3. Вилијамс 48
4. Фелипе Маса 30 4. Заубер 19
5. Кими Раиконен 24 5. Ред Бул 13
6. Валтери Ботас 18 6. Торо Росо 12
7. Фелипе Наср 14 7. Форс Индија 7
8. Даниел Рикиардо 11 8. Лотус 6
9. Роман Грожан 6
10. Нико Хулкенберг 6
11. Макс Ферстапен 6
12. Карлос Саинц ЈР. 6

http://mkformula1.blogspot.com/2015/04/2015_12.html
 
Подосадна трка - никад видена. Оние четворицана напред ко мртви. Никој никого не нападна. Малдонадо класика - инцидентите секогаш околу него...
 
Dosadna??
Coece na trkata imase bar 20 preteknuvanja, ne se samo prvite 6 u trka.

Ovie od Merc - malku pritisok i odma g**a da se jadelo, se rcnale jako Niko i Luis
http://www.krug.mk/?p=3530
Е те молам не ми ја споредувај со Малезија. Таму имаше и многу поголема битка и напред и позади во поредокот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom