Берни: Итно враќање на В8 со 1000кс
Во интервјуто кое го даде Берни Еклстоун за Gazzetti dello Sport Берни Еклстоун ја повтори својата идеа за враќање на В8 моторите со зголемена зафатнина за да може да развиваат 1000кс.
Ова е второ излегување на Берни во последните 2 недели со кое бара радикални мерки за спас на спортот, при првото излегување истакна дека нема да дозволи Мерцедес да ја уништи Формула 1.
,,Мораме да се вратиме на мотори кои се поевтини. Итно мора да се интервенира.,,
На прашањето на весникот дали смета дека би било погрешно ако се смени моменталниот правилник кој е воведен пред само година ипол, Берни самоуверено одговара со НЕ.
,,Зошто? Враќањето на атмосверските мотори и КЕРС со прецизни ограничувања драстично ќе ги намали трошоците кои би биле прифатливи за тимовите кои се во Формула 1 така и за тие кои би сакале да бидат дел од Ф1. Само треба да ги земеме старите В8 мотори и со мала модификација околу зафатнината може да се извадат 1000кс. Тоа би ги вратило гледачите и спонзорите.,,
Берни по којзнае кој пат повтори дека гледаноста на Формула 1 споредистражувањето на Ред Бул падната за 26% во однос на В8 ерата.
,,Во Формула1 не се работи само за технологијата тука и за уживањето. Мораме да мислиме на тие кои купуваат карти, кои доаѓаат на трибините и очекуваат спектакл. Текот на финансиите е таков што навивачите плаќаат карти, тие пари организаторите ни ги плаќаат нас и после ние тие пари ги делиме на тимовите.,,
Од
www.krug.mk