Формула 1 - сезона 2015

  • Креатор на темата Креатор на темата M1K1 007
  • Време на започнување Време на започнување

Шампион за 2015 според Вас...


  • Вкупно гласачи
    71
  • Гласањето е завршено на .
Јас си го гласав Грожан оддамна за чемп, ништо чудно не е ова .. Go go Suicide Squad !:misticen:


ПС - Арен е Коцката иначе, пиша Батон уште вчера. И во кран да се репне како Бјанки, ништо не му е на тој цреп.

ППС - Meanwhile in the headquarters of Honda .. #IDieWithHonor
barney-hara-kiri-o.gif
 
2015 БАРСЕЛОНА ТЕСТ: МЕРЦЕДЕС АМГ ГИ НОКАУТИРАШЕ СВОИТЕ РИВАЛИ


Мерцедес АМГ и Нико Розберг го забележаа убедливо најбрзото време на тест сесиите на патеката Каталуња во Барселона, покажувајќи ја огромната моќ на W06 Хибрид.

Во утринските часови, тимот работеше на аеро анализи, а во попладневните часови вршеа евалуација на различни подесувања на болидот. Нико Розберг комплетираше 65 круга пред и уште 41 по паузата за ручек. За прв пат беа употребени меките гуми, што за последица имаше демотивација на своите ривали. Луис Хамилтон ќе седне зад воланот W06 на третиот ден од оваа тест сесија.

Ферари добро ги започна тест сесиите, но како да губи здив. Денешниот ден најдобро се опишува со изјавата на Себастијан Ветел: "Денес извозев повеќе од две трки, но не знам дали победив на некоја од нив, тоа зависи од она што го направија другите тимови! Настрана од шегувањето, убаво е што на финалната тест сесија ние имаме се поголема и поголема километража. Денес немавме некои проблеми, знаеме дека не чека уште многу работа, но досега се чувствувам многу добро. Кога би морал да кажам некоја работа со која не сум задоволен, би сакал да сме малку побрзи, но, сепак тешко е да се оцени колку сме ние брзи, не знаејќи ја точната програма на нашите ривали. Јас не го возев 2014 болидот, но мислам дека SF-15T е голем чекор напред. Тоа не значи дека ние сме задоволни, бидејќи ќе мора да се победи Мерцедес АМГ. Што се случува зад нив не е јасно, судејќи по постигнатите времиња досега."

По вчерашниот разочарувачки старт на сесијата, Мекларен денес го имаше најпродуктивниот ден од почетокот на зимските тестирања. Во утринските часови имаа аеро тестови на предното крило со соодветни промени на подесувањето, додека во попладневните часови, тимот се префрли на подолги стинтови, оценување на механичкиот баланс на болидот и голем број на пит-стоп проби на екипажот. Непосредно пред крајот на денот, Џенсон Батон запре на патеката со недефиниран проблем со електрониката, но веќе имаше комплетирано досега за нив невозможни 101 круга, нивна најдолга дневна километража оваа година. Тимот се уште доцни со планираната програма за развој на MP4-30, но ако продолжат со ова темпо, ќе биде добро за нив пред почетокот на 2015 сезоната. Утре тест должностите ги превзема Кевин Магнусен, за на последниот тест ден повторно болидот да биде предаден на Џенсон Батон.

Дањил Квјат со болидот на Ред Бул успеа да комплетира 84 круга. Во утринските часови, додека се подготвуваа нови делови за болидот, тимот се концентрираше со работа на аеродинамиката и пократки стинтови. Со новите компоненти инсталирани во текот на паузата за ручек, фокусот беше префрлен на долги стинтови. Проблем со еден од многуте сензори доведе до застој во програмата, за потоа да се продолжи без поголеми проблеми.

Тимот на Вилијамс го започна денот со аеро евалуација и споредба на добиените податоци од телеметријата, во комбинација со она што го чусвствува Валтери Ботас додека е во болидот на патеката. Потоа имаа неколку квалификациони стинтови, кога беше поставено најбрзото време за овој тим на меките гуми на Пирели. Денот беше завршен со тестирање на процедурите за трка и испитување на нови компоненти.

Пастор Малдонадо со Е23 комплетираше 140 круга, што е растојание од две трки. Тест програмата на Лотус Ф1 се состоше само од симулација на трка, со аеро евалуација на предната суспензија. Тест програмата продолжува утре со Роман Грожан зад воланот на E23. Покрај останатите занимливости на денот, беше и дебито на новиот болид на Форс Индија, VJM08, на патеката во Барселона, со Нико Хулкенберг зад воланот и комплетирани вкупно 77 круга.

Во тимот на Торо Росо се задоволни со она што го постигнаа на денешниот ден, иако за нив сесијата заврши еден час порано, поради проблеми со електрониката. Работеа напорно за стекнување на корисни податоци во врска со новиот Аеро пакет, и подесувања на шасијата. Потоа, по паузата за ручек, Макс Ферстапен имаше симулација на трка, кога пред самиот крај на истата болидот застана на патеката. Холанѓанецот е задоволен од како што го нарече новиот надграден болид на Торо Росо.

Уште еден позитивен ден за тимот на Заубер Ф1 со Фелипе Наср зад воланот на C34. Инженерите на овој тим се фокусираа на аеро мерења, различни подесувања на болидот, симулација на трка и неколку квалификациони стинтови. Севкупно, Фелипе Наср комплетираше 141 круга, а утре болидот го предава на Маркус Ериксон.
ВТОР ТЕСТ ДЕН
ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:22.792(М) 106
2. Валтери Ботас Вилијамс 1:23.995(М) + 1.203 90
3. Фелипе Наср Заубер 1:24.071(М) + 1.279 141
4. Себастијан Ветел Ферари 1:25.339(М) + 2.547 143
5. Џенсон Батон Мекларен 1:25.590(М) + 2.798 101
6. Пастор Малдонадо Лотус 1:26.705(М) + 3.915 140
7. Макс Ферстапен Торо Росо 1:26.766(Ме) + 3.974 139
8. Дањил Квјат Ред Бул 1:26.965(Ме) + 4.173 84
8. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:28.412(Ме) + 5.620 77
* СМ=Супер-меки М=Меки гуми Ме=Медиум Т-Тврди И=Интемедиа
 
Тие што се на blizoo и boomTV годинава нека се простат од Ф1 на СК.
 
Кој ги има правата за Ф1?
 
Српскиот СК, другиве хрватскиот го емитуваат.


А други некој ќе пренесува?јас сум на Макс Тв ама на 1500 и ги немам тие програми.

не би сакал цела сезона да гледам на слаби стримови
 
Max TV ги имат српските а телекабел кецо е Хрватски мислам
 
А други некој ќе пренесува?јас сум на Макс Тв ама на 1500 и ги немам тие програми.

не би сакал цела сезона да гледам на слаби стримови
Мислам дека МаксТВ сеуште го емитува српскиот СК НО НЕ ЛЕГАЛНО. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) може секој момент да изврши мониторинг врз работата на МаксТВ. Ако го направи тоа, поздрав со српскиот СК. Секако, може без никаков проблем да продолжи со емитувањето на српскиот СК, но ако склучи нов договор, со повисока цена. Така да може уште и утре, а можеби и дури за пола година да ти го исклучат. Засега само Телекабел ЛЕГАЛНО го емитува српскиот СК.
 
Max TV ги имат српските а телекабел кецо е Хрватски мислам
Со сигурност потврдувам дека пред неколку дена Телекабел го обнови договорот за емитување на СРПСКАТА ВЕРЗИЈА НА СПОРТ КЛУБ.
 
А МТВ?
Значи сепак ќе морам да стримам:tapp:
 
Абе МРТ е најчудната работа. За 2012 сезона викаа дека нема да даваат, но од нигде и никаде од 3-та трка почнаа да даваат. Е сега и за сезонава викаат дека нема да има, па господ знае. Целата финта е што Хрватскиот СК е поефтин за операторите, и затоа што не им се даваат пари на операторите, него го емитуваат. А тоа за нас, фановите на Ф1 е катастрофа. СК намерно не откупува Ф1 за нивната Хрватска верзија, бидејќи во Хрватска има посебна телевизија за Ф1 (MaxGP).
 
2015 БАРСЕЛОНА ТЕСТ II: ВИЛИЈАМС НА ПРВО МЕСТО, НО НАЈБРЗ БОЛИД Е МЕРЦЕДЕС W06 ХИБРИД


Возачот на Вилијамс, Финецот Валтери Ботас го извозе најбрзиот круг на последниот ден од тест сесијата во Барселона. Најбрзите времиња беа поставени во предпладневниот дел, когаа доминираа квалификациони симулации. Повеќето тимови ги користеа меките или супер-меките гуми на Пирели, па веќе мнозинството возачи го имаа нивното најбрзо време веќе пред паузата за ручек.

Повторно многу технички проблеми за Мекларен, Ред Бул и Лотус. Мекларен во првите часови од утрото мируваше во својата гаража поради проблем со еден од сензорите на моторот, а потоа кога тоа беше решено, Џенсон Батон со тешкотии стигна едвај до 30 комплетирани круга. При тоа Британецот на истите гуми кои ги користеше Ботас беше повеќе од две секунди зад најбрзото време, што исто така не е многу охрабрувачки.

Ред Бул - RB11 - зад чиј волан беше Даниел Рикиардо застана на излезот од пит линијата, кога имаа комплетирано само 10 круга. За среќа, проблемот беше решен во текот на денот па Австралијанецот продолжи со тест програмата и го забележа 5-тото најбрзо време на меки гуми. Тешкотиите на Лотус беа од поинаков вид. Нивната програма беше прекината од страна на Пастор Малдонадо, кој повторно успеа E23 да го искрши во бариерите покрај патеката. До тој момент, тој имаше комплетирано само кругови на медиум гумите, така што последното место не е за изненадување.

Тимот на Мерцедес АМГ, во претходните денови ја покажа својата брзина, која е над секој од останатите Ф1 тимови, па така денес Нико Розберг возеше само на тврдите и медиум гуми на Пирели. Излезе само на еден краток стинт со меки гуми, без поголемо форсирање на болидот или пак беше со полн до врв резервоар. Така да седмото место и заостанувањето од 2.1 секунди зад Ботас, не значи многу за нив. Најголема километража повторно за тимот на Заубер, докажувајќи уште еднаш дека имаат издржлив болид. Фелипе Наср попладнето работеше на симулација на трка, при тоа комплетирајќи 159 круга, растојание речиси од три трки. Неговото најдобро време на супер-меки гуми беше доволно добро за третото место.

Ферари самоуверено ќе патуваат во Мелбурн. Себастијан Ветел во утринските часови беше 4 десетинки побавен од Ботас, а потоа се фокусираше на симулации на трка. Комплетираните 130 круга за тимот од Маранело се добар начин да се стави крај на пред сезонските тест сесии. Во тимот на Форс Индија, исто така, може да бидат задоволни, ако се погледне бројот на комплетирани круга со новиот болид. Серџо Перез денес стигна до бројката од 130 круга со VJM08. Но, заостанувањето од над две секунди покажува дека имаат уште многу работа пред првата трка од сезоната.

ЧЕТВРТ ТЕСТ ДЕН
ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Валтери Ботас Вилијамс 1:23.063(СМ) 89
2. Себастијан Ветел Ферари 1:23.469(СМ) + 0.406 129
3. Фелипе Наср Заубер 1:24.023(СМ) + 0.960 159
4. Макс Ферстапен Торо Росо 1:24.527(СМ) + 1.464 85
5. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:24.638(М) + 1.575 72
6. Серџо Перез Форс Индија 1:25.115(СМ) + 2.050 130
7. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:25.186(Ме) + 2.123 148
8. Џенсон Батон Мекларен 1:25.327(СМ) + 2.264 30
8. Пастор Малдонадо Лотус 1:28.272(Ме) + 5.209 36
* СМ=Супер-меки М=Меки гуми Ме=Медиум Т-Тврди И=Интемедиа
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom