Формула 1 - сезона 2015

  • Креатор на темата Креатор на темата M1K1 007
  • Време на започнување Време на започнување

Шампион за 2015 според Вас...


  • Вкупно гласачи
    71
  • Гласањето е завршено на .
Рено го ангажираше инженерот кој му ја донесе слават на Мерцедес во ерата на Хакинен-Марио Илиен со својата фирма Илмор се со цел да се подобрат перформансите на моторот

0031028.jpg
 
Рено го ангажираше инженерот кој му ја донесе слават на Мерцедес во ерата на Хакинен-Марио Илиен со својата фирма Илмор се со цел да се подобрат перформансите на моторот

0031028.jpg
Според мене годинава ни следува многу атрактивна сезона (y).. Ферари се враќа на она што беше, МекЛаренот засега е непозната работа како и Мерцедес и РБ.
 
Некоја информација за Алонсо? Има ли? Се удрил со болидот во некој ѕид со голема брзина на тестирањата, наводно со хеликоптер бил однесен во болница....
 
Некоја информација за Алонсо? Има ли? Се удрил со болидот во некој ѕид со голема брзина на тестирањата, наводно со хеликоптер бил однесен во болница....
Па најважно добар е човекот. Кога бил во Хеликоптер бил во свесна состојба, така да да се надеваме дека ќе се врати уште на следните тестови.
 
Инаку што ќе правиме со преносиве??? Овие Близу СК не го ни емитуваат, другиве го емитуваат Хрватскиот СК, а тој права за Ф1 нема, односно само Српскиот СК ги има правата...
 
2015 БАРСЕЛОНА ТЕСТ: ЛОТУС СО НАЈБРЗО ВРЕМЕ, НО КОЈ Е ВИСТИНСКИОТ ДОБИТНИК?!?


Роман Грожан, ја продолжи низата од први места за Лотус Ф1 тимот. Французинот на последниот тест ден го забележа најбрзото време досега на втората предсезонска тест сесија во Барселона, но секако со помош на супер-меките гуми на Пирели. Денот го обележа необичниот инцидент на Фернандо Алонсо, кој заврши со болидот во заштитната бариера.

Се појавија многу шпекулации и теории на заговор, но ние ќе веруваме на официјалниот извештај од тимот на Мекларен, дека Алонсо имал потрес на мозокот, кој предивикал негова дезориентираност во првите мигови по несреќата. Првичните болнички испитувања покажале дека со него се е во ред, но како мерка за претпазливост ќе бидат извршени дополнителни испитувања. Лекарите препорачале да мирува, па можеби нема да се појави на втората предсезонска тест сесија во Барселона која започнува за неколку дена.

ЧЕТВРТ ТЕСТ ДЕН
ВОЗАЧ
ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Роман Грожан Лотус 1:24.067 111
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:24.321 + 0.254 131
3. Дањил Квјат Ред Бул 1:24.941 + 0.874 104
4. Фелипе Наср Заубер 1:24.956 + 0.889 73
5. Валтери Ботас Вилијамс 1:25.345 + 1.278 129
6. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:25.604 + 1.537 88
7. Себастијан Ветел Ферари 1:26.312 + 2.245 76
8. Нико Хулкенеберг Форс Индија 1:26.591 + 2.524 36
9. Фернандо Алонсо Мекларен 1:27.556 + 3.208 20

Нема да навлегуваме во подлабока анализа на оваа прва рунда во Барселона, туку ќе се осврнеме на најзначајните заклучи во кратки црти, за да ја дадеме завршната оцена по третата предсезонска тест сесија.

Проблемите на Мекларен-Хонда... http://mkformula1.blogspot.com/2015/02/2015_23.html
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom