ПИРЕЛИ ГИ НОМИНИРАШЕ ГУМИТЕ ЗА ПРВИТЕ ЧЕТИРИ ТРКИ

Пирели ги номинираше гумите кои ќе се користат на трките во Австралија, Малезија, Кина и Бахреин, т.е. првите четири трки од сезоната 2015. Иако новите гуми се еволуција на 2014 спектарот, со нова конструкција на задните гуми за порамномерно дистрибуирање на силите и загревањето, овие номинации се всушност исти како и оние кои беа направени од страна на Пирели за истите овие трки од минатата година.
Во Австралија, Пирели ќе ги донесе Белите медим и Жолтите меки смеши кои се добро прилагодени на различните барања и широкиот спектар на потенцијални временски услови на полу-постојаната патека Алберт Парк во Мелбурн.
За патеката Сепанг во Малезија која е добро позната по својот абразивен асфалт и високите температури, најдобриот избор според Пирели се Портокаловите тврди и Белите мадиум смеши за втората трка од сезоната.
Белите медиум и Жолтите меки гуми се номинирани за Кина, најдобар избор за очекуваната релативно висока деградација како резултат на тешкиот распоред на патеката, што доведува до блиска борба и многу стратегија.
Истите Бели медиум и Жолти меки смеши ќе се користат и во Бахреин, разновидна патека, особено тешка за задните гуми, каде што трката започнува во доцните попладневни часови, а завршува во вечерните часови. Ова води до намалување на амбиенталната температура како што се одвива трката.
П.С. Ако има некој расположен за типување нека го пополни формуларот на
http://mkformula1.blogspot.com/