ОФИЦИЈАЛНА ПОТВРДА: ФЕРНАНДО НА КРАЈОТ ОД СЕЗОНАТА ГО НАПУШТА ФЕРАРИ

Ферари и Фернандо Алонсо во заедничко соопштение со официјална потврда дека со заедничка согласност, тие го завршија нивниот договор. Шпанецот го напушта тимот на крајот на оваа сезона, по период од пет години, во кој со уште една трка до крајот забележа 1186 поени, 44 подиуми и 11 победи. Сите во Скудерија Ферари искажуваат благодарност за Фернандо и неговиот голем придонес на личен и професионален план.
Марко Матијачи: "Во листата на славни возачи на Скудерија Ферари, Фернандо Алонсо секогаш ќе зазема посебно место. Ние ја нудиме нашата искрена благодарност за она што беше извонредна авантура со Скудерија, кога во изминатите пет години, тој двапати дојде толку блиску до освојување на шампионската титула. Сигурен сум дека одличен возач како Фернандо секогаш ќе го има црното коњче блиску до неговото срце и јас исто така, очекувам дека навивачите на Ферари ќе продолжат да го подржуваат и понатака, во неговите идни планови."
Фернандо Алонсо: "Денес не е лесен ден за мене, бидејќи секогаш гледав кон иднината со голем ентузијазам и одлучност, но, на крајот на оваа сезона моето патување како возач на Ферари ќе заврши. Тоа беше тешка одлука, но внимателно разгледувана од самиот почеток до крајот, а мојата љубов кон Ферари беше примарна грижа. Отсекогаш сум бил доволно среќен да донесувам сопствени одлуки за мојата иднина, што и сега е случај. Морам да се заблагодарам на тимот за тоа што ја разбраа мојата позиција."
"Го напуштам Ферари по пет години, при што ги стигнав моите најдобри професионални резултати во справување со големите предизвици кои ми се наметнуваа и да ги најдам моите нови граници. Јас, исто така се покажав како вистински тимски играч, ставајќи ги интересите на Скудерија пред моите. Кога морав да донесам важни одлуки за мојата иднина, јас го сторив тоа со Ферари во моето срце, управувано од мојата љубов за тимот. Јас сум многу горд на она што го имаме постигнато заедно. Благодарение на напорите на мажите и жените од Маранело, во три наврати се најдов на второто место во Формула 1 шампионатот, во два наврати се борев за титулата се до последната трка."
"Без никаков сомнеж, овие пет години дадоа некои од најдобрите моменти во мојата кариера и јас исто така мислам дека напуштајќи го тимот, јас оставам семејството, а не само пријатели зад себе. Сега можам да гледам кон иднината со голем ентузијазам, знаејќи дека дел од моето срце секогаш ќе припаѓа на црното коњче. Сакам да им се заблагодарам на сите во тимот за довербата што ја покажаа во мене."
ОФИЦИЈАЛНО - ВЕТЕЛ НАРЕДНИТЕ 3 ГОДИНИ ВО ФЕРАРИ!!!

Логичен расплет на настаните. Ферари во ново соопштение објави дека е постигнат договор со времетраење од три години со Себастијан Ветел, стартувајќи од следната 2015 сезона. Со тоа возачката постава на Ферари за следната сезона ќе биде Кими Раиконен и Себастијан Ветел. По редоследот на настаните следува Мекларен со нивно соопштение, но, нивната одлука се очекува во месец Декември. Формула 1 не научи дека се е возможно, но сепак единствената непознаница е кој ќе биде тимски колега на Фернандо Алонсо во овој Британски тим.
Марко Матијачи: "Скудерија Ферари одлучи да ја вложи својата вера во најмладиот повеќе-кратен шампион во историјата на Формула 1. Искажано со Формула 1 термини, Себастијан Ветел е уникатна комбинација на младост и искуство, и со него го носи чувството на тимскиот дух, кој ќе ја докаже својата голема вредност, кога, заедно со Кими, тие ќе се справуваат со предизвиците што не чекаат пред нас, бидејќи имаме за цел да бидеме фаворити за титулите што е можно поскоро. Со Себастијан, сите ја делиме жедта за победи, како и ентузијазам, силна работна етика и издржливост, клучните елементи за сите членови на Скудерија за да пишуваме заедно нова победничка ера во историјата на Ферари."
Себастијан Ветел: "Следната фаза од мојата кариера во Формула 1 ќе бидe потрошенa со Скудерија Ферари и за мене тоа значи дека мојот животен сон се обистини. Кога бев дете, Михаел Шумахер во црвениот болид беше мојот најголем идол и сега е неверојатна чест што конечно добив шанса да возам за Ферари. Јас веќе го има почуствувано во мал дел она што го претставува духот на Ферари, кога ја забележав мојата прва Победа во Монца во 2008 година, со мотор изграден во Маранело. Скудерија има голема традиција во овој спорт и јас сум крајно мотивиран да му помогнам на тимот да се врати на врвот. Јас ќе ги оставам моето срце и душа за таа да се случи."
http://mkformula1.blogspot.com/