Ја прочитав уште десет пати, и пак исто звучеше. До мене е, велиш?Мислам дека не ја свати пораката што ја пишав,ајде сега прочитај ја уште еднаш ама повнимателно.![]()
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Ја прочитав уште десет пати, и пак исто звучеше. До мене е, велиш?Мислам дека не ја свати пораката што ја пишав,ајде сега прочитај ја уште еднаш ама повнимателно.![]()
2014 АБУ ДАБИ ГП: ЛУИС ХАМИЛТОН ПОКАЖА ДЕКА АТАКУВА НА ПОБЕДА
Како што започна оваа сезона, така и полека се ближи до својот крај со тотална доминација на болидите на Мерцедес АМГ. Луис Хамилтон беше најбрз на првиот слободен тренинг за она што треба да биде уникатно, драматично, за прв пат во историјата на Формула 1 со дупли поени Абу Даби Гран При на патеката Јас Марина.
Неговиот тимски колега го имаше второто најбрзо време, многу далеку пред останатите болиди, така да сите погледи ќе бидат свртени кон нив, да видиме како ќе се одвива борбата за Титулата. Луис Хамилтон влегува со предност од 17 поени и да се повториме од вчерашната најава на трката, останува само да видиме дали Британецот ќе ја изгуби Титулата со технички проблем на болидот, единствениот можен начин и негов најголем непријател. Нико и да забележи Победа, за Луис Хамилтон е резервирано второто место, кое никој не може да му го загрози кога неговиот болид работи како што треба.
Поголемиот дел од вниманието ќе го привлече оваа борба на тимските колеги, додека можеби најинтересната битка ќе се води помеѓу Себастијан Ветел, Фернандо Алонсо, Валтери Ботас за 4, 5, 6-тото место, возачи кои ги дели само еден поен еден од друг. Шпанецот беше трет најбрз, пред возачите на Ред Бул, но, разликата до Сребрените стрели е огромна.
Првиот слободен тренинг, кој протече во мирна атмосфера и помалку акција од вообичаеното, бидејќи повеќето возачи го чекаат вториот тренинг кој се одржува во време кога ќе се вози неделната трка. Го имаме враќањето на Катерам со Камуи Кобајаши и дебитантот Вил Стивенс. Естебан Окон, Формула 3 шампионот го замени Роман Грожан во неговиот Лотус, додека Адријан Сутил својот Заубер го позајми на Кинескиот возач, Адерли Фонг.
Како и секогаш на стартот од тркачкиот викенд, патеката беше лизгава и правлива, а ќе се чисти како одминува викендот. Болидите на Вилијамс на кои беше инсталиран нов систем на ладење со проблеми кои што доведоа до отпаѓање на делови од каросеријата. Тие го завршија првиот тренинг многу пред да истече времето за механичарите да ја зацврстат каросеријата за шасијата како што треба.
ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
ВОЗАЧТИМВРЕМЕРАЗЛИКАКРУГОВИ
1. Луис ХамилтонМерцедес АМГ1:43.47632
2. Нико РозбергМерцедес АМГ1:43.609+ 0.13331
3. Фернандо АлонсоФерари1:45.184+ 1.70822
4. Себастијан ВетелРед Бул1:45.334+ 1.85830
5. Даниел РикиардоРед Бул1:45.361+ 1.88523
6. Жан-Ерик ВернТоро Росо1:45.718+ 2.24217
7. Дањил КвјатТоро Росо1:45.835+ 2.35932
8. Валтери БотасВилијамс1:45.915+ 2.4378
9. Серџо ПерезФорс Индија1:45.983+ 2.50723
10. Нико ХулкенбергФорс Индија1:46.030+ 2.55424
11. Кевин МагнусенМекларен1:46.049+ 2.57323
12. Кими РаиконенФерари1:46.131+ 2.65523
13. Фелипе МасаВилијамс1:46.549+ 3.0737
14. Естебан ГутиерезЗаубер1:46.556+ 3.08028
15. Пастор МалдонадоЛотус1:46.711+ 3.23531
16. Естебан ОконЛотус1:47.065+ 3.59029
17. Џенсон БатонМекларен1:47.235+ 3.7598
18. Камуи КобајашиКатерам1:47.971+ 4.49524
17. Адерли ФонгЗаубер1:48.269+ 4.79325
18. Вил СтивенсКатерам1:50.684+ 7.20814
Батон имаше технички проблеми извозе само некој круг онака.Батончо брееее...Катастрофа си..
Ахм, сега јасно ми е. Според македонскиот стандарден јазик, ако ставиш смајли на средина од реченицата, таа добива ново значење, без разлика на контекстот. Ова нешто ко модерна поезија ќе му дојде, а?Велам да.Ама ајде ке ти образложам.Доколку не беше она смајли на крајот од првата реченица,тогаш ќе беше како што ти велиш,а вака...
Иако сум женско сакам да гледам формула и сум била и на една од трките во Монте Карло.Голем фан на Фернандо Алонсо.![]()
А што освоија Ред Бул 4 титули со флексибилност на крилото над дозволеното никому ништоВозачите на Ред Бул, Даниел Рикардо и Себастијан Фетел, останаа без позициите кои ги освоија во калификациите во Абу Даби бидејќи возеле нелегални болиди. ФИА го казни Ред Бул поради нелегалните предни крила на двата авотмобила, бидејќи биле премногу флексибилни.
Тоа значи дека Рикарди и Фетел кои квалификациите ги завршија на петтото, односно шестото место, трката во Абу Даби ќе ја започнат од последните две места. Покрај тоа тимот ќе мора да ги зајакне спорните предни крила.
Ред Бул објави дека тимот е разочаран од одлуката на стјуардите, но дека истата ќе ја прифати без приговор.
Трката за Големата награда на Абу Даби ќе се вози в недела со почеток во 14 часот. Пол позицијата ја освои Нико Розберг, а веднаш до него на стартот ќе биде Луис Хамилтон.
Тоа оти ред булот им дава крилја, не се криви они.А што освоија Ред Бул 4 титули со флексибилност на крилото над дозволеното никому ништо![]()
Гази ја швабатаАх бе Розберг, Розберг...
Нема погадно створење на светов од Хамилтон...океј со Мареј се тука некаде, ама пак првиов е во предност.Гази ја швабата