КОМПЛЕТИРАНА ВТОРАТА СЕЗОНСКА ТЕСТ СЕСИЈА ВО БАРСЕЛОНА

Вторaтa сезонска тест сесија заврши на патеката Каталуња покрај Барселона, а најбрзото време
на вториот ден го забележа Пастор Малдонадо во болидот на Лотус.
Toj комплетираше импресивни за овој тим 102 непроблематични и исклучително продуктивни круга,
а врвот на табелата беше обезбеден со користење на супер-меките гуми во попладневниот дел од сесијата.
Сончевото време донесе побрзи кругови и поактивни програми за повеќето тимови,
па така имавме тимови и со комплетирани 100 круга. Еден од најзафатените на патеката беше
тест-возачот на Мекларен, Стофел Фандорне, кој помина 600 километри,
двапати повеќе од потребните 300 за супер-лиценца од ФИА.
На вториот ден Мерцедес АМГ го тестираа новиот дизајн на ауспухот на W05 Hybrid
со кој требаше да се зголеми бучавата генерирана од новите ПЕ,
но општиот заклучок беше дека тој не функционира баш најдобро.
Фотографии и видеа имате на нашата
ФБ страна, па може да процените и самите!!!
Во исто време, ФИА ангажирала тим на инженери по акустика кои биле присутни на тест сесија,
кои подоцна треба да предложат промени за поголема "гласност" на новите ПЕ.
Ова беше прва вистинска можност за Сузи Волф да седне зад воланот на FW36 и да научи многу
за тоа како треба да се возат овие нови хибридни болиди, кои се многу различни од претходните сезони:
"Со болидот од минатата година, кој имав шанса да го пробам на патеката Фиорано,
колку повеќе притискаш на педалата за гас, толку побрзо ќе се движиш,
но сега со новите болиди треба да се внимава на многу повеќе елементи.
Болидите, исто така, имаат многу повеќе вртежен момент и тоа ме изненади на почетокот на сесијата.
Имавме продуктивен ден за тимот и брзо ја завршивме нашата планирана програма
за аеро и механичка проценка на некои делови. Јас бев во можност да поминам добра километражата
и да ги разберам карактеристиките на болидот и како да го добијам максимумот од новата ПЕ."
БАРСЕЛОНА - ВТОР ТЕСТ ДЕН
ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ КРУГОВИ ТИП НА ГУМИ
Пастор Малдонадо Лотус 1:24.871 102 Супер-Меки Нови
Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:25.805 102 Медиум Нови
Кими Раиконен Ферари 1:26.480 94 Меки Нови
Естебан Гутиерес Заубер 1:26.972 85 Меки Нови
Сузи Волф Вилијамс 1:27.280 55 Меки Нови
Жил Бјанки Марусија 1:27.718 55 Меки Нови
Себастијан Ветел Ред Бул 1:27.973 73 Медиум Нови
Даниел Хункадеља Форс Индија 1:28.278 91 Прототип
Стофел Фандорне Мекларен 1:28.441 136 Медиум Нови
Дањил Квјат Торо Росо 1:28.910 21 Тврди Нови
http://mkformula1.blogspot.com/2014/05/blog-post_15.html