Ќе менува гуми...[DOUBLEPOST=1399638114][/DOUBLEPOST]
2014 ШПАНИЈА ГП: ЛУИС ХАМИЛТОН НАЈБРЗ НА ПРВИОТ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ

Ветел како по обичај, повеќе го турка RB10, од што го вози!!!
Луис Хамилтон го забележа најбрзото време на првата тренинг сесија за Шпанското ГП. Тој беше 0,868 секунди побрз од Мекларенот на Џенсон Батон и речиси секунда пред Даниел Рикиардо на патеката во Барселона. Нико Розберг само со 5-тото најбрзо време, но мора да кажеме дека не беше заинтересиран за поставување на брзо време, бидејќи ако сакаше лесно ќе поставеше време во близина на својот тимски колега. Малиот број кругови и претпазливоста на тимот со болидот на Нико Розберг била како последица на потенцијални проблеми со ЕРС-системот.
Џенсон Батон го имаше најбрзото време во поголемиот дел од тренингот, а Мекларен покажа знаци на подобрување на својата форма, но дали е тоа она вистинското ќе треба да почекаме се потврди на следните тренинзи. Даниел Рикиардо, за разлика од својот тимски колега, добро се снаоѓа со RB10, има добри времиња, но сепак недоволно брзи за некој позначајни резултати.
Повторно проблеми за Себастијан Ветел, кој го преседе речиси целиот тренинг, кога во 25-тата минутата поради проблеми со електрониката неговиот болид застана на патеката и мораше да биде шлепуван до боксовите. А знаеме дека оваа сезона поправките на болидите траат многу време, па така тој не се врати повторно на патеката. До тој момент имаше комплетирано само четири круга и нормално го забележа само 20-тото најбрзо време.
Според најновите вести од таборот на Ред Бул, Себастијан Ветел ќе мора да го пропушти вториот слободен тренинг, поради комплицираната поправка на неговиот болид. Неговите механичари ќе работат напорно на решавање на проблемот за саботниот тренинг.
Интересен момент видовме со Серџо Перез, кој мораше да го држи својот ретровизор за да не го удри во кацигата. Инцидентот се случи на почетокот од тренингот кога левиот ретровизот испадна од своето лежиште и почна да лета наоколу. Перез успеа да го фати ретровизорот, кој во еден момент му влета во кокпитот, за малку промашувајќи ја неговата кацига. Проблемот беше решен кога мексиканецот стигна во својата гаража.
Дањил Квјат повторно со добар настап со болидот на Торо Росо, посрамувајќи го својот тимски колега Жан-Ерик Верн, кој староседелец во тимот. 24-годишниот Французин, не можел да се навикне на новиот систем на сопирање, brake-by-wire, проблем кој го имаат и многу други возачи.
Вториот слободен трениг започнува во 14:00 часот, а пренос може да гледате на Спорт Клуб 1.
ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:27.023 17
2. Џенсон Батон Мекларен 1:27.891 + 0.868 26
3. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:27.973 + 0.950 21
4. Фернандо Алонсо Ферари 1:28.128 + 1.105 23
5. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:28.168 + 1.145 9
6. Кими Раиконен Ферари 1:28.337 + 1.314 19
7. Кевин Магнусен Мекларен 1:28.423 + 1.400 27
8. Пастор Малдонадо Лотус 1:28.744 + 1.721 34
9. Серџо Перез Форс Индија 1:28.779 + 1.756 18
10. Фелипе Маса Вилијамс 1:28.791 + 1.768 13
11. Дањил Квјат Торо Росо 1:28.792 + 1.769 24
12. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:28.828 + 1.805 17
13. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:28.859 + 1.836 24
14. Фелипе Наср Вилијамс 1:29.272 + 2.249 15
15. Адријан Сутил Заубер 1:29.688 + 2.665 16
16. Жил Бјанки Марусија 1:29.820 + 2.797 22
17. Роман Грожан Лотус 1:29.444 + 2.421 21
18. Гидо ван дер Гард Заубер 1:30.440 + 3.417 21
19. Макс Чилтон Марусија 1:30.748 + 3.725 19
20. Себастијан Ветел Ред Бул 1:30.942 + 3.919 4
21. Камуи Кобајаши Катерам 1:30.997 + 3.974 22
22. Маркус Ериксон Катерам 1:31.421 + 4.398 22
Табела според постигнатата максимална брзина
П. ВОЗАЧИ ТИМ ТОП БРЗИНА
1 Фелипе Маса Вилијамс 331.8 км/ч
2 Гидо ван дер Гард Заубер 331.3 км/ч
3 Нико Хулкенберг Форс Индија 331.3 км/ч
4 Кевин Магнусен Мекларен 330.1 км/ч
5 Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 329.0 км/ч
6 Серџо Перез Форс Индија 328.8 км/ч
7 Фелипа Наср Вилијамс 328.0 км/ч
8 Камуи Кобајаши Катерам 327.8 км/ч
9 Нико Розберг Мерцедес АМГ 327.6 км/ч
10 Адријан Сутил Заубер 324.7 км/ч
11 Џенсон Батон Мекларен 324.2 км/ч
12 Жан-Ерик Верн Торо Росо 324.0 км/ч
13 Жил Бјанки Марусија 323.7 км/ч
14 Маркус Ериксон Катерам 323.2 км/ч
15 Макс Чилтон Марусија 323.0 км/ч
16 Кими Раиконен Ферари 322.8 км/ч
17 Фернандо Алонсо Ферари 322.4 км/ч
18 Дањил Квјат Торо Росо 322.1 км/ч
19 Даниел Рикиардо Ред Бул 316.3 км/ч
20 Роман Грожан Лотус 315.9 км/ч
21 Себастијан Ветел Ред Бул 315.3 км/ч
22 Пастор Малдонадо Лотус 312.8 км/ч
http://mkformula1.blogspot.com/2014/05/2014.html