Формула 1 - сезона 2014

  • Креатор на темата Креатор на темата M1K1 007
  • Време на започнување Време на започнување
А Алонсо најбрз на него
 
2014 МОНАКО ГП: ЛУИС ХАМИЛТОН СО НАЈБРЗОТО ВРЕМЕ НА ДЕНЕШНИТЕ ТРЕНИНЗИ


Лидерот во годинешниот Шампионат, Луис Хамилтон, повторно го забележа најбрзото време на денешните слободни тренинзи за Големата Награда на Монако, навестувајќи дека и на оваа патека ќе доминираат болидите на Мерцедес АМГ. Најбрзото време беше забележано на утринскиот тренинг кога патеката беше сува.

Пред почетокот на попладневниот тренинг заврна дожд кој ја направи патеката влажна и лизгава, па повеќето возачи не сакаа да преземат ризик во почетниот дел од сесијата. За остатокот од викендот се очекува да имаме сува патека, па нормално дека гледавме многу малку акција на вториот тренинг. Се што беше поинтересно се случи во последните 10 минути од сесијата, кога патеката се исуши доволно за возачите да ги пробаат супер-меките гуми. Имаше многу гужва во која најдобро се снајде Фернандо Алонсо и го постави најбрзото време на вториот тренинг. Затоа нека не ве изненадува редоследот на табелата, бидејќи не е одраз на реалните можности на болидите.

Како репрезент на моменталните сили на патеката ќе го земе првиот тренинг. Нико Розберг е тука некаде со својот тимски колега, но полека започна да попушта под притисокот и никако не може да забележи побрзо време. Веднаш зад нив е Ред Бул, но со Даниел Рикиардо, кој многу подобро се адаптира на новиот болид РБ10, што е логично. Себастијан Ветел сеуште има проблеми со адаптацијата, но и покрај тоа успева да биде рамо до рамо со Фернандо Алонсо и Ферари Ф14 Т. Во Италијанскиот тим, Кими Раиконен ја има улогата на возачот кој не може да се навикне и никако да постигне добри времиња. Покрај тоа госледат и малери со дефектите на неговиот болид.

Следуваат возачите на Вилијамс, Форс Индија, Мекларен кои се тука некаде на исто ниво и решаваат нијанси кој ќе биде на подобра позиција. Лотус покажуваше подобрена форма неодамна, но денес, Роман Грожан и Пастор Малдонадо, се бореа со управливоста на Е22.

Близината на бариерите и поголемото пролизгување оваа година го прави Монако еден од најтешките предизвици за возачите во календарот. На тренинзите немаше големи ризици од возачите, но и покрај тоа мали инциденти имаа Макс Чилтон, Адријан Сутил, Кими Раиконен, на Фернандо Алонсо му блокираа сопирачките, па не успеа да остане на патеката, но го зачува својот болид од бариерите. Попладнето, Кими Раиконен имаше проблеми со менувачот, кој остана заглавен во трета брзина и предизвика предвремен крај на сесијата за Финецот, а единствениот возач кој заврши во бариерите беше Маркус Ериксон со Катерам.
ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
ВОЗАЧ
ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:18.271 32
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:18.303 + 0.032 31
3. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:18.506 + 0.235 37
4. Фернандо Алонсо Ферари 1:18.930 + 0.659 31
5. Себастијан Ветел Ред Бул 1:19.043 + 0.772 33
6. Кими Раиконен Ферари 1:19.467 + 1.196 31
7. Валтери Ботас Вилијамс 1:19.494 + 1.223 31
8. Серџо Перез Форс Индија 1:19.666 + 1.395 29
9. Кевин Магнусен Мекларен 1:19.789 + 1.518 29
10. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:19.856 + 1.585 38
11. Џенсон Батон Мекларен 1:20.033 + 1.762 35
12. Естебан Гутиерес Заубер 1:20.118 + 1.847 33
13. Роман Грожан Лотус 1:20.207 + 1.936 33
14. Пастор Малдонадо Лотус 1:20.241 + 1.970 38
15.Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:20.260 + 1.989 36
16. Фелипе Маса Вилијамс 1:20.517 + 2.264 25
17. Адријан Сутил Заубер 1:20.736 + 2.465 18
18.Дањил Квјат Торо Росо 1:20.914 + 2.643 37
19. Жил Бјанки Марусија 1:21.310 + 3.039 27
20. Маркус Ериксон Катерам 1:22.063 + 3.792 40
21. Камуи Кобајаши Катерам 1:22.492 + 4.221 38
22. Макс Чилтон Марусија 1:25.817 + 7.546 7


ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
ВОЗАЧ
ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Фернандо Алонсо Ферари 1:18.482 15
2. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:18.901 + 0.419 12
3. Себастијан Ветел Ред Бул 1:19.017 + 0.535 15
4. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:19.351 + 0.869 14
5. Валтери Ботас Вилијамс 1:19.421 + 0.939 9
6. Серџо Перез Форс Индија 1:19.668 + 1.186 9
7. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:19.712 + 1.230 10
8. Џенсон Батон Мекларен 1:19.721 + 1.239 16
9. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:19.779 + 1.297 11
10. Кевин Магнусен Мекларен 1:20.230 + 1.748 16
11. Фелипе Маса Вилијамс 1:20.394 + 1.912 8
12. Дањил Квјат Торо Росо 1:20.622 + 2.140 13
13. Адријан Сутил Заубер 1:20.811 + 2.329 8
14. Пастор Малдонадо Лотус 1:20.977 + 2.495 7
15. Естебан Гутиерес Заубер 1:21.467 + 2.985 8
16. Роман Грожан Лотус 1:21.700 + 3.218 6
17. Камуи Кобајаши Катерам 1:21.924 + 3.442 6
18. Жил Бјанки Марусија 1:21.937 + 3.455 13
19. Макс Чилтон Марусија 1:22.683 + 4.201 13
20. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:22.862 + 4.380 11
21. Маркус Ериксон Катерам 1:23.164 + 4.682 6
22. Кими Раиконен Ферари 1:45.509 + 27.027 4
 
WOWWOW Утре 75% за можност за дожд.[DOUBLEPOST=1400940149][/DOUBLEPOST]Дали видовте што му направи Нико на Луис. Намерно допре и предизвика ,,жолто знаме,,. Убо рече нико пред 1 месец: ,,Ф1 не е само тркање, туку e размислување и стратегија,,.
 
Последно уредено:
WOWWOW Утре 75% за можност за дожд.[DOUBLEPOST=1400940149][/DOUBLEPOST]Дали видовте што му направи Нико на Луис. Намерно допре и предизвика ,,жолто знаме,,. Убо рече нико пред 1 месец: ,,Ф1 не е само тркање, туку e размислување и стратегија,,.
zatoa pod istraga e.
 
На Кими да не му лупнаа казна оти имаше проблем со менувачо

Sent from my ST21i using Tapatalk
 
Хаха Кими кај одеше да претицува од внатре на 180 степени свиок... :pos::pos:

БТВ какви промени кај Ферари и Ред Бул од наредна трка ќе има?
 
Хаха Кими кај одеше да претицува од внатре на 180 степени свиок... :pos::pos:

БТВ какви промени кај Ферари и Ред Бул од наредна трка ќе има?
Кими со 300 насаат го фаќа свиокот. :pos:

За другото: Аеродинамични промени.
 
1. БРАВО ЗА БИЈАНКИ !!:vozbud: Шта речи, капа доле, свака част ..

2. Ако Мерцедес остават отворена борба меѓу Луис и Нико за шампионската титула, сезоната можда и не треба пред време да се отпише.
 
1. Штета се Катерхам и Марусија :(. Барем една од двете требаше да закачи поенче денес ..

2. Ако Мерцедес остават отворена борба меѓу Луис и Нико за шампионската титула, сезоната можда и не треба пред време да се отпише.
Шо штета Бјанки има 9 место

Sent from my ST21i using Tapatalk
 
2014 МОНАКО ГП: ОЧЕКУВАНА ПОБЕДА ЗА НИКО РОЗБЕРГ, НЕОЧЕКУВАНИ 2 БОДА ЗА МАРУСИЈА!!!


Нико Розберг на домашен терен конечно пред својот тимски колега и од првата позиција успеа да стигне до втората Победа во 2014 сезоната. Двата болиди на Мерцедес АМГ имаа добри стартови, Розберг и Хамилтон ги одбранија своите позиции и се погрижија за нова 1-2 Победа за својот тим. Даниел Рикиардо претплатен на третото место.

Трката започна со огромна тензија помеѓу Хамилтон и Розберг по контроверзниот исходот од квалификациите. Стјуардите одлучија дека немало намера во излетувањето на Розберг, што го спречи Хамилтон во комплетирањето на неговиот брз круг. Британецот е убеден дека Розберг го сторил тоа намерно, а во разубедувањето дека тоа не е така не помогнал ни разговорот со Ники Лауда. Тој на крај им се заканил на двајцата свои возачи дека ако предизвикаат судир на стартот ќе имаат работа со него.

За среќа, двајцата возачи го послушаа, особено темпераментниот Хамилтон и имаа добар старт на трката. Розберг го превзеде водството по првиот свиок, и се што потоа му беше потребно е добра фокусираност за втора победа во зесоната. Позади Мерцедесите, слаб старт за Даниел Рикиардо со Ред Бул, Алонсо остана заглавен зад него, а тоа го искористија Себастијан Ветел и Кими Раиконен за 3-то и 4-то место пред Рикиардо и Алонсо.

Како што најавивме за поинтересна трка мора да излегува безбедносното возило, што се обистини веќе во првиот круг откако Мекларенот на Џенсон Батон го исфрли во бариерите болидот на Серџо Перез на излезот од Mirabeau свиокот.

Во тие моменти од трката Ветел се повлече од трката поради проблеми со ПЕ на Рено, а трката беше рестартирана со почетокот четвртиот круг, и следуваше типичното за оваа патека вовче од болиди, без можности за промена на места, дури и кога далеку помоќен болид е во напад. Затоа повторно возбудувања со следното излегување на безбедносното возило во 28 круг, предизвикано од судирот на Адријан Сутил со бариерите на излегување од тунелот.

Речиси сите возачи ја искористија оваа можност за да ги променат гумите, а болидите на Мерцедес АМГ влегоа едн по друг, ги задржаа своите позиции на патеката, но Хамилтон се пожали преку радио врските, велејќи дека тимот требало да го викне во гаражата ведна откако го виделе инцидентот, наместо да чекаат да излезе безбедносното возило.

По ре-старот во 31 круг, Нико Розберг доби порака дека треба да штеди гориво. Хамилтон константно беше зад него, но никогаш не беше во можност да се биде доволно блиску за да направи обид да го помине. Тој одеднаш, на 15-тина круга до крајот на трката, драстично го намали своето темпо, јавувајќи по радиото дека не може да гледа со левото око. Но, иако тимот се подготви за пит-стоп, тој ја продолжи трката.

Тоа му беше јавено на Даниел Рикиардо, кој успеа брзо да го стигне Британецот, но престигнувањето во Монако е научна фантастика.

Кими Раиконен ја возеше својата трка на сезоната до првиот пит-стоп, по што мораше повторно во гаражата по само еден поминат круг за да ја промени дупнатата гума, по контактот со болидот на Жил Бјанки, паѓајќи на 14 место. Со добро возење успеа да стигне до пласман во бодови, но при преамбициозниот обид да го претекне Кевин Магнусен, двајцата завршија во бариерите. Данецот падна на 10-тото место, а Кими мораше во бокс по нов нос за Ф14 Т. На крај тој заврши на 12-тото место.

Тој судир и многуте откажувања на оваа трка му го обезбедија историското 8-мо место на Жил Бјанки и Марусија. Тоа е најдобриот пласман и првите 2 бода во четири-годишната историја на овој мал тим. Не се 4, туку само 2 поради тоа што имаше казна од 5 секунди, што во официјалниот пласман од трката ќе го помести на 9-тото место, заработена поради погрешно издржување на претходната казна добиена поради завземање на грешна позиција на стартот од трката.

Нико Розберг повторно е водечки во герален пласман на возачи, и ќе остане така до следната трка за Големата Награда на Канада, која ќе се одржи од 6-8 Јуни на патеката Жил Вилнев во Торонто.
Голема Награда на Монако, Монте Карло
78 круга, 260.520км., Време: Сончево.

ПЛАСМАН:
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1ч49:27.661
2. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ + 9.210
3. Даниел Рикиардо Ред Бул + 9.614
4. Фернандо Алонсо Ферари + 32.452
5. Нико Хулкенберг Форс Индија + 1 круг
6. Џенсон Батон Мекларен + 1 круг
7. Фелипа Маса Вилијамс + 1 круг
8. Жил Бјанки Марусија + 1 круг
9. Роман Грожан Лотус + 1 круг
10. Кевин Магнусен Мекларен + 1 круг
11. Маркус Ериксон Катерам + 1 круг
12. Кими Раиконен Ферари + 1 круг
13. Камуи Кобајаши Катерам + 3 круга
14. Макс Чилтон Марусија + 3 круга

НАЈБРЗ КРУГ: Кими Раиконен - 1:18.479

БЕЗ ПЛАСМАН:
Естебан Гутиерес Заубер 59
Валтери Ботас Вилијамс 55
Жан-Ерик Верн Торо Росо 50
Адриан Сутил Заубер 23
Дањил Квјат Торо Росо 10
Себастијан Ветел Ред Бул 5
Серџо Перез Форс Индија 0
Пастор Малдонадо Лотус 0

Генерален пласман по 6 трки:
1. Н.Розберг 122............1. Мерцедес АМГ 240
2. Л.Хамилтон 118 .........2. Ред Бул 99
3. Ф.Алонсо 61 ..............3. Ферари 78
4. Д.Рикардо 54............. 4. Форс Индија 67
5. Н.Хулкенберг 47 .........5. Мекларен 52
6. С.Ветел 45 ..................6. Вилијамс 52
7. В.Ботас 34 ...................7. Торо Росо 12
8. Џ.Батон 31 ...................8. Лотус 8
9. К.Магнусеб 21............ .9. Марусија 2
10. С.Перез 20
11. Ф.Маса 18
12. К.Раиконен 17
13. Р.Грожан 8
14. Ж.Верн 4
15. Д.Квјат 4
16. Ж.Бјанки 2

http://mkformula1.blogspot.com/

Одлуки на стјуардите по трката

Перез VS Батон - Нема казна за Перез, кој беше под истрага за овој инцидент, а не Батон!!!

Кими Раиконен - Не учествувал на парадата на возачи пред трката - Помина без казна!!!

Раиконен VS Чилтон - Опомена за Чилтон за инцидентот во кој Кими заврши со дупната гума!!!

Раиконен VS Магнусен - Само опомена за Кими за инцидентот по кој двајцата завршија во бариерите!
 
Зарем задолжително е присуството на парадата??? :tapp::tapp::tapp:

Хамилтон: Не сме пријатели со Розберг
nico_pred_lewis_monako_2014.jpg


Луис Хамилтон го задржа ладниот однос и оскудните одговори во појавувањето пред медиумите по трката за Големата награда на Монако, разгорувајќи ги страстите во екипата со нов бран обвинувања зошто не бил порано повикан во бокс при инцидентот на Зутил.

Поранешниот светски првак изјави дека неговата единствена шанса да го престигне Розберг била низ боксот, но таа била прокоцкана откако од екипата не го повикале веднаш. Според „Скај спорт“, Розберг и Хамилтон се наоѓале веднаш зад Зутил, па до влезот на боксот имало време од 24 секунди за реакција, но тие не повикале ниту еден возач.

- Мислам дека тоа се должи на фактот што во Мерцедес има само еден човек задолжен за стратегиите, додека кога бев во Мекларен, имавме двајца и секој возач ја добиваше најдобрата стратегија за себе. Исто така, во Мерцедес постои правило дека оној што е напред има предност да влезе прв во боксот, па веројатно заради тоа не ме повикаа,- изјави Хамилтон по трката.

Победникот на претходните четири трки изјави дека имале состанок со Тото Волф и Ники Лауда, на кој што „Розберг кажал што има да каже“, како и дека тој исто така „кажал што има да каже“. На директните прашања од „Скај Спорт“ дали се пријатели со Розберг, тој одговори одречно, а исто така посочи дека не мисли дека треба да имаат добра комуникација.

- Ние сме тимски колеги и треба да се грижиме да освоиме што е можно повеќе „еден-два“ победи. Не сме пријатели,- децидно изјави Хамилтон.

Возачот на Мерцедес појасни и дека во финишот возел мижејќи на едно око, бидејќи додека возел зад Розберг ја подотворил кацигата, па нешто му влегло во окото, поради што не можел да гледа, но на пет круга пред крајот успеал да се спаси од таа ситуација и да остане пред Рикиардо.[DOUBLEPOST=1401044602][/DOUBLEPOST]Сега, у Канада идеме, а? Леле, леле, леле.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom