Формула 1 - сезона 2014

  • Креатор на темата Креатор на темата M1K1 007
  • Време на започнување Време на започнување
Е убо им праи Кими на Ферари! Што си мислат они? Кими ќе ги трпи како што Маса што ги трпеше!? Ферари го уништи Маса, од шофер направија чувар на грб. Секад кога Маса ќе беше пред Алонсо, од тимот му викаа: Алонсо е позади тебе. Извинете, ама Алонсо е плачко. Во МекЛарен му го донесоа Хамилтон и си отиде, па и сега ќе си оди. Јас не знам како во Ферари го толерираат!?
Го толерираат со тоа што стварно е најкомплетен возач на гридот и да не заборавиме Сантандер фрлаат големи пари во Ферари под услов Алонсо да е со бенефиции.
Но сосема го подржувам Кими и мило ми е што не им ќути.
 
Јас на Хамилтон би му посоветувал да не ги прска со шампањ оние Грид девојки, пошто после ќе трча по негована.
 
Јас на Хамилтон би му посоветувал да не ги прска со шампањ оние Грид девојки, пошто после ќе трча по негована.

Оуу колку лошо се изразуваш. Јас тебе би ТЕ посоветувал малку граматика да читнеш.
 
Ова не е тема за граматика на македонскиот јазик :) , туку за Формула 1... Кој како сака нека си се изразува...[DOUBLEPOST=1399932316][/DOUBLEPOST]
Го толерираат со тоа што стварно е најкомплетен возач на гридот и да не заборавиме Сантандер фрлаат големи пари во Ферари под услов Алонсо да е со бенефиции.
Но сосема го подржувам Кими и мило ми е што не им ќути.
Тоа можеби е најголемиот проблем на Ферари, 5 години прават болид по мерка на Алонсо, и никако да успеат во тоа... Промашена инвестиција... Ако можеа Маса, а сега Кими да имаат болид кој би им одговарал и нив можеби ќе стигнеа барем до Титула во конструктори!!!
 
Последно уредено:
Оуу колку лошо се изразуваш. Јас тебе би ТЕ посоветувал малку граматика да читнеш.
Ако имам време би читнал, а јас тебе би ТЕ посоветувал да се вработиш во училиште и да бидеш наставник по македонски јазик и литература. И така денес младиве лошо се изразуваат и не го почитуваат својот мајчин јазик.
 
АДРИЈАН ЊУИ, РОС БРАУН, БОБ БЕЛ НА ЛИСТАТА НА ЖЕЛБИ НА ФЕРАРИ


Со почнување на тест сесијата во Барселона се појавија и најновите шпекулации околу тимот на Ферари.
Според Италијанските медиуми Лука ди Монтеземоло имал состанок со Адријан Њуи на кој му била
предложена баснословна сума за да дојде во Маранело веќе од следната година.
Сепак, Њуи не е единствената цел на Ферари, а на листата што ја составил Претседателот на Ферари
се наоѓаат Рос Браун и Боб Бел. Според него оваа тројка би можела да воведе ред во техничкиот оддел на Италијанскиот тим.

Адријан Њуи не ја демантираше оваа шпекулација и неговото можно заминување од Ред Бул:
"Моментално сум фокусиран на развојот на РБ10, но во одреден момент морам да мислам за мојата иднина."

Исто така, Ферари за брзо време ќе каже збогум на 2014 сезоната со оглед на потполната доминација на Мерцедес АМГ
и ќе се насочат кон развојот на болидот за 2015 година, чиј развој бил многу понапред отколку што треба да биде во ова време,
што покажува дека Ферари сериозно размилсува и се фокусира на претстојната натпреварувачка сезона.



2014 БАРСЕЛОНА СЕЗОНСКИ ТЕСТ: СУЗИ ВОЛФ КОНЕЧНО ВО БОЛИДОТ НА ВИЛИЈАМС


Денес во Барселона започна втората од четирите сезонски тест сесии за оваа 2014 сезона,
на која ќе гледаме микс од тековни и резервни возачи на Ф1 тимовите. Со годинешните прописи,
секој Ф1 тим мора да посвети еден ден за тестирање на гумите на Пирели, па така,
Заубер и Торо Росо ќе ги тестираат 2015 гумите во текот на денешниот ден,
а утре превземаат тимовите на Форс Индија и Мекларен.

Другите две тест сесии ќе се одржат по трките во Велика Британија и Абу Даби.

TИМВТОРНИК 13.05СРЕДА 14.05
Ред БулСебастијан БуемиСебастијан Ветел
Мерцедес АМГЛуис ХамилтонНико Розберг
ФерариКими РаиконенКими Раиконен
ЛотусЧарлс ПикПастор Малдонадо
МекларенЏенсон БатонСтофел Фандорне
ЗауберГидо ван дер ГардЕстебан Гутиерес
Форс ИндијаНико ХулкенбергДаниел Хункадеља
ВилијамсФелипе МасаСузи Волф
Торо РосоЖан-Ерик ВернДањил Квјат
КатерамКамуи КобајашиРобин Фријнс
МарусијаМакс ЧилтонЖил Бјанки
http://mkformula1.blogspot.com/
 
Кого го интересира за присуство на некоја Ф1 трка еве (за Монако): http://kupikartizase.com/Events/f1_trka_vo_monte_carlo
f1mc_golema.jpg

1 ден 21.05: МАКЕДОНИЈА
Состанок на групата во 12,ооч. Поаѓаме кон Монако. Ноќно возење.
2 ден 22.05: ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО
Пристигнуваме во Палманова претпладне. Посета на гигантски шопинг центар по што поаѓаме кон Лидо ди Јесоло. Сместување во хотел. Попладнето факуптативна посета на Венеција. Ноќевање.
3 ден 23.05: ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО - КАН - МОНАКО
Доручек. По доручекот поаѓаме кон Кан. Индивидуален разглед на филмскиот Кан по што поаѓаме кон хотел. Сместување во хотел. Ноќевање.
4 ден 24.05: МОНАКО
Доручек. По доручекот поаѓаме кон Ница. Разглед на градот: Стариот град, Променадата, калето... слободно попладне до 17,ооч кога поаѓаме со воз во Монте Карло. Разглед на местото: црквата Св. Никола каде е венчана Грејс Кели, дворецот на принц Алберт, познатото „казино ди Монте Карло". Враќање во Ница со воз околу 23,ооч. Поаѓаме кон хотел. Ноќевање.
5 ден: 25.05 МОНАКО - МАКЕДОНИЈА
Доручек. По доручекот поаѓаме кон Монте Карло каде ја гледаме финалната трка за Големата награда на Монте Карло. По завршувањето на трката поаѓаме кон Македонија. Ноќно возење
6 ден: 26.05 МАКЕДОНИЈА
Пристигнуваме после пладне.

Во цената на аранжманот е пресметано:
-Пат на наведената релација со автобус/минибуса
-2н/п во околината на Монако и 1н/п во Лидо ди Јесоло
-Посета на Кан, Ница, Монако и Монте Карло
-Организација и реализација на патувањето
Во цената на аранжманот не е пресметано:
-Патничко осигурување - 250,оо ден.
-Брод за трансфер до Венеција - 15€
-Влезница за финална трка - 70 до 90€
-Карта за воз - околу 15€
-Се она што не е предвидено со програмата
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ИЗНЕСУВА 14.990 денари
 
Задоцнето... Пријавување најкасно до 09.05.2014 г.

Нема интерес веќе за тркиве... Не може еден автобус за Будимпешта да се наполни, не пак за Монако... А убаво е да се појде, убаво место со посебен Ф1 шмек....[DOUBLEPOST=1400021701][/DOUBLEPOST] 2014 БАРСЕЛОНА СЕЗОНСКИ ТЕСТ: МАРУСИЈА СО НАЈБРЗОТО ВРЕМЕ НА ПРВИОТ ДЕН!!!


Денес во Барселона започна втората сезонска тест сесија, на која неочекувано најбрзото време го забележа Макс Чилтон со болидот на Марусија. Од табелата и постигнатите времиња може да се забележи дека Ф1 тимовите првиот ден го поминаа во лежерна атмосфера, не форсирајќи ги премногу своите болиди.

Проблеми за Кими Раиконен, на кого му откажа ПЕ и имаше излетување надвор од патеката, по што мораше да биде променет и подот на Ф14 Т. Веќе стана редовна пракса Ред Бул да има проблеми, па така и Себастијан Буеми кој за прв пат оваа сезона го испроба РБ10 мораше пред време да го заврши денот.

Во текот на утрешниот ден од Мерцедес АМГ најавија дека ќе го тестираат новиот издувен систем,кој ќе ја зголеми бучавата од новите ПЕ.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Макс Чилтон Марусија 1:26.434 60
2. Чарлс Пик Лотус 1:26.661 + 0.227 70
3. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:26.674 + 0.240 79
4. Кими Раиконен Ферари 1:26.965 + 0.531 21
5. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:27.724 + 1.290 52
6. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:27.727 + 1.293 53
7. Фелипе Маса Вилијамс 1:27.756 + 1.322 55
8. Џенсон Батон Мекларен 1:28.333 + 1.899 74
9. Камуи Кобајаши Катерам 1:30.101 + 3.667 72
10. Себастијан Буеми Ред Бул 1:31.440 + 5.006 54
11. Гидо ван дер Гард Заубер- 1:31.783 + 5.349 86


http://mkformula1.blogspot.com/2014/05/2014_1935.html
 
Последно уредено:
КОМПЛЕТИРАНА ВТОРАТА СЕЗОНСКА ТЕСТ СЕСИЈА ВО БАРСЕЛОНА


Вторaтa сезонска тест сесија заврши на патеката Каталуња покрај Барселона, а најбрзото време
на вториот ден го забележа Пастор Малдонадо во болидот на Лотус.
Toj комплетираше импресивни за овој тим 102 непроблематични и исклучително продуктивни круга,
а врвот на табелата беше обезбеден со користење на супер-меките гуми во попладневниот дел од сесијата.

Сончевото време донесе побрзи кругови и поактивни програми за повеќето тимови,
па така имавме тимови и со комплетирани 100 круга. Еден од најзафатените на патеката беше
тест-возачот на Мекларен, Стофел Фандорне, кој помина 600 километри,
двапати повеќе од потребните 300 за супер-лиценца од ФИА.

На вториот ден Мерцедес АМГ го тестираа новиот дизајн на ауспухот на W05 Hybrid
со кој требаше да се зголеми бучавата генерирана од новите ПЕ,
но општиот заклучок беше дека тој не функционира баш најдобро.
Фотографии и видеа имате на нашата ФБ страна, па може да процените и самите!!!
Во исто време, ФИА ангажирала тим на инженери по акустика кои биле присутни на тест сесија,
кои подоцна треба да предложат промени за поголема "гласност" на новите ПЕ.

Ова беше прва вистинска можност за Сузи Волф да седне зад воланот на FW36 и да научи многу
за тоа како треба да се возат овие нови хибридни болиди, кои се многу различни од претходните сезони:

"Со болидот од минатата година, кој имав шанса да го пробам на патеката Фиорано,
колку повеќе притискаш на педалата за гас, толку побрзо ќе се движиш,
но сега со новите болиди треба да се внимава на многу повеќе елементи.
Болидите, исто така, имаат многу повеќе вртежен момент и тоа ме изненади на почетокот на сесијата.
Имавме продуктивен ден за тимот и брзо ја завршивме нашата планирана програма
за аеро и механичка проценка на некои делови. Јас бев во можност да поминам добра километражата
и да ги разберам карактеристиките на болидот и како да го добијам максимумот од новата ПЕ."

БАРСЕЛОНА - ВТОР ТЕСТ ДЕН
ВОЗАЧ
ТИМ ВРЕМЕ КРУГОВИ ТИП НА ГУМИ
Пастор Малдонадо Лотус 1:24.871 102 Супер-Меки Нови
Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:25.805 102 Медиум Нови
Кими Раиконен Ферари 1:26.480 94 Меки Нови
Естебан Гутиерес Заубер 1:26.972 85 Меки Нови
Сузи Волф Вилијамс 1:27.280 55 Меки Нови
Жил Бјанки Марусија 1:27.718 55 Меки Нови
Себастијан Ветел Ред Бул 1:27.973 73 Медиум Нови
Даниел Хункадеља Форс Индија 1:28.278 91 Прототип
Стофел Фандорне Мекларен 1:28.441 136 Медиум Нови
Дањил Квјат Торо Росо 1:28.910 21 Тврди Нови


http://mkformula1.blogspot.com/2014/05/blog-post_15.html
 
ТУРБОТО ВО ФОРМУЛА 1 Е ЗАСЛУГА НА РЕНО!!!


Во 1977 година Рено напиша дел од Ф1 историјата кога стана првиот производител кој се тркаше со турбо болид во шампионатот. Францускиот производител дебитираше со мошне експерименталиот болид RS01 на Британското ГП на 17 Јули 1977 година, придвижуван од 1.5L V6 турбо мотор. Французинот Жан-Пјер Жабуљу стана првиот Ф1 возач што се натпреварувал во шампионатот со болид кој има турбо полнач.

Рено оддаде почит на оваа историја со демонстрација на патеката Силверстоун на некои од најзначајните турбо болиди кои се натпреваруваа во Ф1 шампионатот. Се разбира, оваа година новата генерација на болиди со турбо полнач ќе се врати на патеката на која е напишана историјата. RS01 беше прикажан заедно со Рено RE40, победничкиот болид управуван од страна на Алан Прост на Британското ГП во 1983 година, потоа Лотус 98T, еден од најбрзите турбо болиди, управуван од Аиртон Сена во 1986 година.

По своето деби појавување во 1977 година, RS01, воведе една нова ера на мотори во Формула 1. Првата своја Победа, RS01, ја забележа на домашен терен во Дижон, каде се одржа 1979 Француското ГП, сигнализирајќи дека тоа е вистинскиот пат за развој на моторите. Другите тимови, еден по еден, почнаа да развиваат свои турбо мотори, признавајќи дека Рено бил во право што го форсирал развојот на турбото. Се појавуваат и мотори со двојни турбо полначи, се подобрува нивното ладење, се намалуваат вибрациите и фрикцијата, па брзината на болидите достигнува невидени нивоа, со повеќе од 1000 КС за време на трката и 1300 КС во квалификациите од средината на 80-тите, само седум години од воведувањето на турбото.

Роман Грожан, кој се натпреварува со Renault Energy F1-2014 во Формула 1 шампионатот оваа година, на патеката Силверстоун комплетираше демонстративен круг во болидот со кој четирикратниот светски шампион Алан Прост стигна до втората позиција во 1983 шампионатот. Болидот е придвижуван со твин-турбо V6 мотор кој произведува околу 880КС. Прост беше победик во Франција, Белгија, Силверстоун и Австрија, со пласман на подиумот во Сан Марино, Монако и Брендс Хеч. Тој беше во трка за шампионската титула, но за жал ја пропушти последната трка од сезоната во Јужна Африка, кога, иронично, откажа турбото на неговиот болид. Нелсон Пике ја освои титулата со предност од два поени. 1983 сезоната беше најдобриот период на Рено во турбо ерата, со исто така второто место во пласманот на конструкторите.

Роман Грожан, по извозениот круг, рече:
"Возењето на овој болид во некои моменти го почувствував исто како со возењето на денешните Ф1 болиди, но многу поинакво во останатите мигови. Главната разлика е во положбата за возење и фактот што чуствуваш дека седиш на предната осовина. Управливоста со моторот, се разбира е многу различна, чувствувате дека нема моќност и потоа одеднаш се појавува, па емоции и чувствата полудуваат. Менувачот е многу поразличен и ви треба време да се навикнете на него. Може да се почувствува сопирањето, потисната сила, пролизгувањето на болидот, и болидот оди каде што тој ќе посака да се движи. Беше многу убаво да се вози овој болид, иако јас би сакал да комплетирав повеќе круга!"
"Навистина може да се почувствува разлика со турбото од оваа година. Во овие стари болиди, треба да се дојде до 2.2 бари на притисок и тогаш се исфрла вистинската моќност. Тоа би било тешко во трка. По извозениот круг, Роб Вајт, дојде да ме види и ми рече: "сега нема да се жалиш премногу на реакцијата на годинешниот турбо." Одговорив дека дефинитивно нема повеќе поплаки од моја страна!!! Tехнологија која ја имаме оваа година го прави турбото да изгледа многу лесно во споредба со овие болиди. RE40 победил на трки во 1983 година со Алан Прост, па се надевам дека и јас со мојот болид ќе го повторам истото во оваа 2014 сезона." Заедно со RS01 и RE40 беше и Лотус 98T. Тоа беше последниот од познатите JPS болиди. Управуван од Аиртон Сена и Џони Дамфрајс постигна значаен успех, особено во квалификациите. Последниот со неограничена турбо моќност, болидот беше придвижуван од V6 мотор на Рено во завршна EF15 конфигурација. И покрај проценета моќност од над 1.000 КС во трка и над 1300 КС во квалификациите моторот се покажа како неверојатно лесен за управување. До денес, тоа е најбрзиот болид на Лотус што некогаш бил направен, откако забележа 346км/ч на Мексиканското Гран При од 1986 година.

Оваа година, речиси 37 години од дебито на турбото, новите болиди се придвижувани од ПЕ, која вклучува V6 турбо мотор во комбинација со софистицирани системи за обновување на енергијата. Моторот со внатрешно согорување произведува приближно 600 КС, додека дополнителни 160 КС се произведуваат од ЕРС-системот.

Роб Вајт, техничкиот директор на Рено Спорт Ф1, ги спореди старите и новите турбо мотори:
"Со турбото од 70-тите години започна оваа историја за Рено во Формула 1. Во тоа време 1,5 литарските турбо мотори беа нешто невидено до тогаш. Се сеќавам колку импресивно и моќно делуваа на Британското Гран При, но јас сум импресиониран и со повторното воведување на турбото, бидејќи ова е сериозно најсовремена технологија. Оваа година имаме многу поразличен предизвик со турбо полначите, кои се надополнети со исклучително софистицирани системи за обновување на енергијата. Сепак, евидентно е дека има многу сличности помеѓу овие две ери. Авангарда технологија, постојани иновациии и брзи трки." На оваа демострација беа и два турбо болиди на Вилијамс, FW14B од 1992 година, управуван од страна на Најџел Менсел и FW18, управуван од Дејмон Хил во 1996 година.


http://mkformula1.blogspot.com/2014/05/1_16.html
 
Покрај тоа што предниците им се грдни, сега и задниците ќе ги направат грди. Да не има некој информации дали ќе се воведе оваа ,,труба у гзот,,? Баш ме интересира како звучи!?[DOUBLEPOST=1400357986][/DOUBLEPOST]
2014 ФИА Формула 1-ГН на Mонако (Монте-Карло)
Formula 1 Grand Prix De Monaco 2014

640px-Monte_Carlo_Formula_1_track_map.svg.png


destination_guide_main_10.jpg
Основни податоци:
Капацитет: /
Отворена: 1929
Број на кругови: 78
Должина на патеката: 3.340 km (2.075 mi)
Рекорд: 1:14.439 - M Шумахер (2004)
Старт на сесиите:
Четврток 22.05.2014
Тренинг 1: 10:00 - 11:30* (10:00 - 11:30)
Тренинг 2: 14:00 - 15:30* (14:00 - 15:30)​
Сабота 24.05.2014
Тренинг 3: 11:00 - 12:00* (11:00 - 12:00)
Квалификации: 14:00* (14:00)​
Недела 25.05.2014
Трка: 14:00* (14:00)
* Локално време​

ТВ Преноси
-Четврток 22.05
01:30 SK 1;
Inside GP-Monaco
10:00 SK 1; Ф1 Монако-Тренинг 1 (пренос)
14:00 SK 1; Ф1 Монако-Тренинг 2 (пренос)
22:45 SK 3; Inside GP-Monaco
23:30 SK 1; Inside GP-Monaco
-Петок 23.05
00:00 SK 1; Ф1 Монако-Тренинг 1 (снимка)
01:30 SK 1; Ф1 Монако-Тренинг 2 (снимка)
18:30 SK 1; Ф1 Монако-Тренинг 2 (снимка)
17:15 SK 3; Inside GP-Spain
-Сабота 24.05
11:00 SK 1;
Ф1 Монако-Тренинг 3 (пренос)
12:15 SK1; Ф1 Монако-Студио
14:00 МРТ 1, SK 1; Ф1 Монако-Квалификации (пренос)
-Недела 25.05
06:30 SK 1;
Ф1 Монако-Квалификации (снимка)
14:00 МРТ 1, SK 1; Ф1 Монако-Трка (пренос)
21:00 SK 1; Ф1 Монако-Трка (снимка)

Напомена: -Програмските шеми се под можност за промени.
-Монако од сите останати трки представува исклучок за 1-от и 2-от Тренинг, кои се возат во Четврток.
 
Последно уредено:
Покрај тоа што предниците им се грдни, сега и задниците ќе ги направат грди. Да не има некој информации дали ќе се воведе оваа ,,труба у гзот,,? Баш ме интересира како звучи!?

Нема да се воведат, само тестираа од Мерцедес АМГ, но и тие самите не се задоволни од резултатите...[DOUBLEPOST=1400706658][/DOUBLEPOST]2014 МОНАКО ГП: ГЛАМУР И БАРИЕРИ


Овој викенд следува Ф1 трка на улиците на Монако, шеста од оваа сезона, трка на која сите тимови и возачи најмногу сакаат да победуваат. Традиционално, Монако е една од најтешките патеки за престигнување, таа е тесна и оградена со многу блиски бариери, без брзи кривини, со два кратки правци и најниска просечна брзина на сезоната од само 160 км/ч.

Постојат само малку можности за успешно престигнување, од кои најверојатното место за успешно престигнување е на излезот од тунелот при кочењето за влез во двојната кривина, но возачите мора да бидат внимателни затоа што излегувањето од тркачката линија може да значи и губење на контрола врз болидот. Монако бара одредена техника на возење во близина на бариери и ова е место каде што возачот може да направи вистинска разлика. Тоа е тест на ментална сила на возачите, бидејќи треба да се задржи концентрацијата на високо ниво во секој момент од текот на трката.

Како што беше случај во последните три години, меките и супермеките гуми на Пирели се повторно номинирани за Монако ГП. Тоа се двете гуми чии карактеристики се брзото загревање и големиот механички грип, што е од суштинско значење на оваа патека. Исто така, нивната деградација треба да е најниска во сезоната, што значи максимум два пит-стопа по болид треба да биде нормален просек.

За разлика од другите трки, слободните тренинзи се одвиваат во четврток, наместо петок, што има влијание на еволуцијата на патеката. Монако е особено напорна патека за сопирачките, а новиот систем на сопирање ќе предизвикува големи главоболки на возачите кои потешко се навикнуваат на brake-by-wire системот. Сопирањето предизвикува дополнително загревање на гумите, а најголемото оптоварување го имаат при влез во Sainte Devote свиокот, кога болидите намалуваат 160 км/ч во само 100 метри. Гумите, исто така, трпат исклучително тешки оптоварувања при комплексот кривини кај базенот, каде што тие удираат врз ивичниците со повеќе од 200км/ч и доживуваат странични забрзувања од 3.65Г.

Возачот прави повеќе од 130 потези со воланoт за време на еден круг, и менува степен на пренос во просек на секои 50 метри. Loews свиокот се зема со најмалата брзина во сезоната од само 47 км/ч. Поради ниската брзина, не постои аеродинамична потисна сила, така што целосната работа отпаѓа на предното десно тркало кога станува збор за менување на насоката.

Монте Карло е статистички со најголеми шанси за употреба на безбедносното возило. Минатата сезона имавме две излегувања на безбедносното возило, јасно со големо влијание на стратегијата за трка. На секоја трка каде престигнувањата се минимални, па така и во Монако, квалификациите се многу важни.

Оптоварување на составните делови на погонската единица
Мотор1
MGU-K4
MGU-H3
Акумулатор4
Потрошувачка на гориво1
ERS-систем4
* Оценки спрема инженерите на Рено од 1-5
 
Последно уредено:
1 тренинг не бев во можност да го следам, ама 2 беше ептен досаден поради тоа што малку врнеше.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom