Формула 1 - сезона 2014

  • Креатор на темата Креатор на темата M1K1 007
  • Време на започнување Време на започнување
Розберг не за џабе Германец, нели они секогаш одат до крај.А, и Хамилтон го успоруваше за да не почне круг.
Да, во загревачкиот Хамилтон го успоруваше Розберг, ама он нагази и го помина.[DOUBLEPOST=1404566751][/DOUBLEPOST]Хамилтон сам ќе си биде виновен шо нема да освои титула, бидејќи не иде до крај (се откажува, како денес), а Розберг секад иде до крај.
 
2014 БРИТАНИЈА ГП: НИКО РОЗБЕРГ НА ПОЛ ПОЗИЦИЈАТА, МНОГУ ИЗИГРАНИ ВОЗАЧИ ОД ВРЕМЕНСКИТЕ УСЛОВИ


Нико Розберг се враќа на првиот стартен ред за Големата Награда на Британија. Најголемата сензација беше отпаѓањето на двата болиди на Ферари и Вилијамс веќе во Q1 сесијата. По кој знае кој пат се потврдува дека во Италијанскиот тим нема човек што знае да ја работи својата работа како треба?!? Време е за сериозни промени во овој тим, за доброто на Ф1 Шампионатот!!! Ајде да речеме дека за Вилијамс Ф1 ова се почетнички грешки, но и тие како сега веќе сериозен тим мора да поработат на своите стратегиски одлуки.

Q1 сесијата започна со краток дожд и влажна патека, за да последните неколку минути донесат сува патека и сензационално испаѓање на двата болиди на Ферари и Вилијамс. Во двата реномирани Ф1 тимови никако да ја донесат вистинската стратегиска одлука. Нивната грешка ја искористија болидите на Марусија и Заубер за еден од ретките излети во Q2 сесијата, но повеќе од тоа не успеаа да направат, иако Жил Бјанки беше релативно блиску, 3 десетинки, до пласман во топ 10. За разлика од нив новите шефови на Катерам не се снајдоа баш најдобро, но мора да напоменеме дека нивните болиди имаа проблеми со електрониката. Стјуардите повторно со предупредувањето до возачите дека излегувањето со четири тркала надвор од патеката нема да се толерира, што донекаде влијаеше на однесувањето на патеката.

Q2 сесијата започна и заврши на делумно сува патека, па забележаните времиња беа далеку најбрзи. Во такви услови најбрз беше Луис Хамилтон, а возачите што испаднаа не беа изненадување. Марусија со еден од своите најдобри тимски пласмани во нивната историја, со 12-тата и 13-тата стартна позиција. Единствен инцидент беше излетувањето на Сутил во заштитните бариери покрај патеката, а Пастор Малдонадо го извежба паркирањето на Е22 покрај патеката, откако неговиот тим ќе му каже дека болидот не е во ред, по кој знае кој пат оваа сезона.

Најголемиот спектакл се одвиваше во Q3, каде што болидите започнаа на гумите за суво, но, по неколку минути започна повторно да врне, па возачите што излегоа во почетните секунди од сесијата имаа шанси за подобри времиња, освен Себастијан Ветел кој чекаше премногу долго за својот брз круг, па својот прв обид го заврши без поставено време. Поредокот по првите брзи кругови беше со Луис Хамилтон на врвот на табелата, со минимална предност од 2 десетинки пред Нико Розберг.

Со пет минути до крајот на сесијата условите на патеката се подобрија и повторно дојде време за коцкање, да се излезе на патеката или не, исто како во првата денешна сесија. Повторно одредени возачи беа затекнати од таквите услови на патеката, а Луис Хамилтон беше еден од нив. Британецот беше излезен на патеката, но донесе погрешна одлука дека нема шанси да го подобри своето време, па се откажа од неговиот втор брз круг.

Розберг, пак, заедно со неколку други возачи, мислеше поинаку. Еден од нив беше Себастијан Ветел кој ја презеде Пол позицијата, но само привремено, додека Розберг да ја помине целната линија со убедливо најбрзо време во Q3 сесијата. Надомести 4 секунди само во последниот трет сектор!!!

Џенсон Батон со изненадувачко трето најбрзо време за Мекларен и Нико Хулкенберг на четвртата позиција за Форс Индија. Кевин Магнусен ја потврди добрата одлука на Мекларен со преземање на 5-тата стартна позиција.

Изненадениот Хамилтон успеа да го има 6-тото најбрзо време, но стартот од третиот ред не би требало да биде некој голем проблем за него на трката. Тоа ни го докажа во Австрија, а силата на болидите на Мерцедес АМГ е неверојатна. Седмата позиција му припадна на Серџо Перез, пред Даниел Рикиардо. Конечниот топ 10 пласман го заокружија болидите на Торо Росо, со Дањил Квјат пред Жан-Ерик Верн.

Луис Хамилтон има заостанување од 29 поени зад својот тимски колега во генералниот пласман на возачи и според сите досегашни индикации борбата за Победата ќе се одвива меѓу нив. Интересен развој на настаните на денешните квалификации и најава за интересна трка која започнува утре со почеток во 14:00 MK.

П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:35.776
2. Себастијан Ветел Ред Бул 1:37.386 + 1.610
3. Џенсон Батон Мекларен 1:38.200 + 2.424
4. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:38.329 + 2.553
5. Кевин Магнусен Мекларен 1:38.417 + 2.641
6. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:39.232 + 3.456
7. Серџо Перез Форс Индија 1:40.457 + 4.681
8. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:40.606 + 4.830
9. Дањил Квјат Торо Росо 1:40.707 + 4.931
10. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:40.855 + 5.079
Q2 Најбрзо време: Луис Хамилтон 1:34.870
11. Роман Грожан Лотус 1:38.166 + 3.296
12. Жил Бјанки Марусија 1:38.496 + 3.626
13. Макс Чилтон Марусија 1:38.709 + 3.839
14. Естебан Гутиерес Заубер 1:39.800 + 4.930
15. Пастор Малдонадо Лотус 1:40.912 + 6.042
16. Адријан Сутил Заубер 1:44.018 + 9.148
Q1 Најбрзо време: Нико Розберг 1:40.380
17. Валтери Ботас Вилијамс 1:45.318 + 4.938
18. Фелипе Маса Вилијамс 1:45.695 + 5.315
19. Фернандо Алонсо Ферари 1:45.935 + 5.555
20. Кими Раиконен Ферари 1:46.684 + 6.304
21. Маркус Ериксон Катерам 1:49.421 + 9.041
22. Камуи Кобајаши Катерам 1:49.625 + 9.245
107% време: 1:47.406


http://mkformula1.blogspot.com/
 
Отиде Кими..........

Оп, рестарт :D
 
Маса кутриот ни самиот не е свесен колку пати има налетано на овакви инциденти...
 
*Kimi what happened ?
- I spun ... :icon_mrgr:

настрана заебанцијата, ептен лошо изглеаше сударов...се надевам е ОК
 
Мислам дека го тупат со оградава без потребно толку долго.
 
Чекајќи ја трката - Семјуел Бекет.
 
Можеа да стават неколку гуми позади оградата и решен проблем, за поправки не е место и време на сред трка.
 
За што го казнија Алонсо? Тенис имав пуштено.
На стартот кога стартувал не беше запрен на линијата, едно пола болид преку линијата му беше...
 
Штета за Кими, интересно ќе беше да видиме дали се работи за подобрување во Ферари, или Алонсо се повампири. Секоја чест за Алонсо my man!! И секако за Ботас. Она педерчето од шампион колку обиди имаше за престигнување 10? И на секој од нив плачеше што дури и коментаториве земаа да го реметат. Плачко, и после тој бил шампион, серко. Алонсо покажа уште еднаш дека е класа возач, штета што нема конкурентен болид. Интересна трка.
 
На стартот кога стартувал не беше запрен на линијата, едно пола болид преку линијата му беше...
Видов одпосле на репетиција, спомнаа коментаториве на СК дека стјуардите имале право да го оддолжат стартот за Алонсо да се намести правилно. Ако е така грешка и од двете страни.
 
Али и Алонсо плачеше малку.
 
се' на се' добра трка.си имаше свои моменти
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom