Формула 1 - сезона 2014

  • Креатор на темата Креатор на темата M1K1 007
  • Време на започнување Време на започнување
Па добро еве да ве прашам, која трка има толкава посетеност???
 

Attachments

  • 186B25EF851C1343B7158819DB76F2FD.jpg
    186B25EF851C1343B7158819DB76F2FD.jpg
    141,2 KB · Прегледи: 32
Па добро еве да ве прашам, која трка има толкава посетеност???

Тоа е, шеиците даваат повеќе пари.
Крв да сере стариов.
Но сепак, срцето на Ф1 е во Европа, кога на шеиците ќе им скурчи да си играат со Ф1, ќе нема кај да се врати освен во Европа.
 
Последно уредено:
Тоа е, шеиците даваат повеќе пари.
Крв да сере стариов.
Но сепак, срцето на Ф1 е во Европа, кога на шеиците ќе им скурчи да си играат со Ф1, ќе нема кај да се врати освен во Европа.

И преку куров веќе со правила во Ф1 што вли
Па каде ако не е во Европа, виде и самоиот колкава е посетеноста во Европа, а колкава е и кај нафтените патеки.[DOUBLEPOST=1404389549][/DOUBLEPOST]Еве ви ја посетеноста на монца. Како што може да видите не само жители на Европа, туку и од Азија, АСеверна и Јужна Амерка доаѓаат, па и Македонци (Слика бр.7/F1 Monza 7)F1 Monza 2.jpg F1 Monza 3.jpg F1 Monza 4.jpg F1 Monza 5.jpg F1 Monza 6.jpg F1 Monza 7.jpg F1 Monza 8.jpg F1 Monza 9.jpg F1 Monza.jpg[DOUBLEPOST=1404390007][/DOUBLEPOST]Најново нешто:
Еклстоун подготвен да прави F1 од 8 тимови со по 3 болиди секој
062414-motor-ecclestone-620x348.jpg

Берни Еклстоун сака големите тимови во Формула 1 да се натпреваруваат со три болиди и уште еднаш изјави дека малите тимови треба да си заминат од спортот, ако не успеваат да се справат финансиски.

Проблемот со намалувањето на трошоците е постојана тема веќе со месеци. Идејата за клиентски болиди, која Ферари се обидуваат да ја наметнат со години е едно од можните решенија. Според Еклстоун сепак во најдобрите интереси на Формула 1 од чисто комерцијална гледна точка, предлага големите тимови да се натпреваруваат со три болиди, дури и тоа да доведе до намалувањето на некои помали тимови.

- Треба да престанат да се натпреваруваат – изјави Берни пред „Газета Дело Спорт“ во одговор на прашање што треба малите тимови да сторат, за да се намалат трошоците. – Ако немаш финансии, се откажуваш. Подготвен сум да правиме Формула 1 со 8 тимови кои ќе се натпреваруваат со три автомобили секој. Што е подобро, да имаме трето Ферари или трет болид на Катерхам? Ферари би можеле да најдат нови спонзори во САД со американскиот пилот што би било фантастично. Истото важи и за останатите. Не велам нѐ Катерхам има инвестирано многу пари, а ќе им требаат уште повеќе, па бараат платени пилоти. За што, кога никогаш не се доволно конкурентни?

Во 2016 година ќе има 12-ти тим во Формула 1 (претпоставувајќи дека сите сегашни ќе останат да возат). Се шпекулира за оној тим на Американецот Џин Хаас. Дури има и гласини дека и романскиот проект Форца Роса добил простор, иако засега нема официјална информација за ова прашање. Според Еклстоун всушност подобра опција е да се купи некој од сегашните тимови, а не некој од оние кои сакаат да влезат во F1.

- Не е лесно да се почнува од нула, Формула 1 чини пари. Да се купи тим со аеродинамичен тунел, симулатор, итн. чини околу 150 милиони евра. А тоа дури и не е почетокот (на учество). Потоа се потребни пилоти, технички тим, а најдобрите се малку и поскапи. Затоа и Ферари го сакаат Адријан Нуи.[DOUBLEPOST=1404421125][/DOUBLEPOST]1. Interviewer: “The helmet has a special
meaning for many drivers. How
important is it to you?”
Kimi: “It protects my head.”

2. Interviewer: “Is it true that sometimes
you’re bored in the car?”
Kimi: “Only when I am in front by a
country mile, like in Melbourne 2013.
Then you are thinking about other things
or you’re playing with the buttons on the
steering wheel.”

3. Interviewer: “The most exciting
moment during the race weekend?”
Kimi: “I think so it’s the race start,
always.”
Interviewer: “The most boring?”
Kimi: “Now.”
 
Последно уредено:
2014 БРИТАНИЈА ГП: НИКО РОЗБЕРГ БЕЗ ПОГОЛЕМИ НАПОРИ НАЈБРЗ, ДЕБАКЛ НА ВИЛИЈАМС


Сузи Волф не се изнавозе многу, откажа ПЕ на Мерцедес...
По двонеделната пауза од трката во Австрија, Ф1 карванот се пресели на Силверстоун, каде викендов се одржува јубилејната 50-та Гран При трка. Во фокусот на вниманието е дали Луис Хамилтон ќе го победи Нико Розберг на домашната за него патека. По првиот тренинг резултатот е 1:0 за Германија, но почетното водство не значи и предност за водечкиот во генералниот пласман на возачи.

На првиот тренинг вниманието го привлече и дебито на Сузи Волф, првата жена во официјална сесија на Ф1 Шампионатот по подолго време, т.е. од 1992 година. Веднаш излезе на патеката, извозе еден инсталациски круг, па се врати во гаражата на последни проверки пред вистинската акција. Во меѓувреме Пастор Малдонадо со својот Лотус стигна само до излезот на боксовите, кога му беше кажано да запре и механичарите со туркање го вратија во нивната гаража. Тоа беше крај на сесијата за него.

По добиената дозвола, г-ѓа Волф повторно на патеката, комплетираше еден круг, и веќе во наредниот беше покрај патеката. Пријави дека болидот го изгубил притисокот на маслото. Со тоа нејзиното деби заврши неславно. Подоцна и беше соопштено дека ПЕ на Мерцедес е уништена и нема повеќе да се врати на патеката.

За катастрофата на Вилијамс да биде поголема, Фелипе Маса излета при својот брз круг и го уништи својот болид во бариерите покрај патеката. Тоа беше крај за двата болиди на Вилијамс на само десет минути од почетокот на тренингот.

Излетувањето на Маса предизвика 27-минутно црвено знаме. По пауза возачите продолжија со внимателно темпо, никој не ризикуваше повеќе од потребното и во такви услови Мерцедес АМГ нормално заврши на првите две позиции.

Фернандо Алонсо беше единствениот возач во иста секунда со водечките, а Даниел Рикиардо иако пријави можен проблем со менувачот го забележа четвртото најбрзо време. Нивните тимски колеги, иако ги имаа петтото и шестото најбрзо време, Кими Раиконен пред Себастијан Ветел, но тие се уште не може да ги контролираат нивните болиди на патеката. Во топ 10 пласманот на првиот тренинг завршија уште и двата болиди на Мекларен и Торо Росо.

Вториот слободен тренинг за Големата Награда на Британија следува во 15:00 CET/MK.
ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
ВОЗАЧ
ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:35.424 25
2. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:36.155 + 0.731 22
3. Фернандо Алонсо Ферари 1:36.263 + 0.839 23
4. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:36.623 + 1.199 21
5. Кими Раиконен Ферари 1:36.703 + 1.279 23
6. Себастијан Ветел Ред Бул 1:36.921 + 1.497 20
7. Џенсон Батон Мекларен 1:36.963 + 1.539 25
8. Дањил Квјат Торо Росо 1:37.175 + 1.751 29
9. Кевин Магнусен Мекларен 1:37.227 + 1.803 25
10. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:37.231 + 1.807 30
11. Серџо Перез Форс Индија 1:37.720 + 2.296 22
12. Роман Грожан Лотус 1:37.910 + 2.486 21
13. Естебан Гутиерес Заубер 1:38.056 + 2.632 18
14. Даниел Хундадеља Форс Индија 1:38.083 + 2.659 23
15. Гидо ван дер Гард Катерам 1:38.328 + 2.904 19
16. Жил Бјанки Марусија 1:38.917 + 3.493 12
17. Фелипе Маса Вилијамс 1:39.461 + 4.037 7
18. Макс Чилтон Марусија 1:39.814 + 4.390 24
19. Маркус Ериксон Катерам 1:40.597 + 5.173 19
20. Робин Фријнс Заубер 1:42.261 + 6.873 11
21. Сузи Волф Вилијамс 1:44.212 + 8.788 4
22. Пастор Малдонадо Лотус / / 2[DOUBLEPOST=1404489683][/DOUBLEPOST]2014 БРИТАНСКО ГП: ЛУИС ХАМИЛТОН VS НИКО РОЗБЕРГ 1:1


Луис Хамилтон го изедначи резултатот, но повторно проблеми со неговиот болид...Вториот слободен тренинг за Големата Награда на Британија започна со ветровито време и температура од 22 степени и само 10 шанси за дожд. Но, веќе за утрешниот ден се предвидува дека ќе имаме влажна сабота. Тимовите имаа полни раце работа да ги поминат своите предвидени програми и го искористат убавото и суво време. Додека на утринскиот тренинг ги гледавме само тврдите,на вториот возачите ги искористија и медиум гумите за поставување на побрзи времиња.

Никаво иненадување не беше што болидите на Мерцедес АМГ ги поставија најбрзите времиња, но сега Луис Хамилтон беше за 2 десетинки побрз од Нико Розберг. Резултатот по денешниот ден е 1:1. Но, по поставување на брзите времиња, кога дојде време за подолгите стинтови, дојдоа и проблемите за Британецот.

Речиси веднаш по излегувањето од боксовите неговиот болид застана на патеката со изгаснат мотор и потешкотии во менувањето на брзини. Разочараниот Луис мораше пеш до својата гаража да види што е проблемот. Педи Лов за СКАЈ Ф1 изјави дека не би требало да има поголеми проблеми за Луис, бидејќи во петок се возат стари, користени ПЕ.

Времињата забележани при долгите стинтови ни покажаа дека Мерцедес АМГ нема да има конкуренција од другите тимови, освен од самите себе, ако не тече се по план со издржливоста. По нив следат болидите на Ред Бул, кои исто така имаа прилично добри времиња, а секога третиот Фернандо Алонсо, беше веднаш зад нив.

Третиот слободен тренинг започнува утре во 11:00 CET/MK
ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
ВОЗАЧТИМВРЕМЕРАЗЛИКАКРУГОВИ

1. Луис ХамилтонМерцедес АМГ1:34.50814
2. Нико РозбергМерцедес АМГ1:34.736+ 0.22835
3. Фернандо АлонсоФерари1:35.244+ 0.73632
4. Даниел РикиардоРед Бул1:35.511+ 1.00311
5. Себастијан ВетелРед Бул1:35.627+ 1.11927
6. Валтери БотасВилијамс1:36.016+ 1.50833
7. Џенсон БатонМекларен1:36.228+ 1.72034
8. Кевин МагнусенМекларен1:36.299+ 1.79135
9. Кими РаиконенФерари1:36.554+ 2.04629
10. Жан-Ерик ВернТоро Росо1:36.583+ 2.07526
11. Фелипе МасаВилијамс1:36.671+ 2.16329
12. Дањил КвјатТоро Росо1:36.778+ 2.27031
13. Естебан ГутиересЗаубер1:36.951+ 2.44335
14. Пастор МалдонадоЛотус1:37.064+ 2.55635
15. Роман ГрожанЛотус1:37.097+ 2.58933
16. Серџо ПерезФорс Индија1:37.236+ 2.75537
17. Нико ХулкенбергФорс Индија1:37.449+ 2.94127
18. Адријан СутилЗаубер1:37.520+ 3.01225
19. Жил БјанкиМарусија1:38.658+ 4.15011
20. Камуи КобајашиКатерам1:39.068+ 4.56031
21. Макс ЧилтонМарусија1:39.224+ 4.71628
22. Маркус ЕриксонКатерам1:39.762+ 5.25421
 
Последно уредено:
шо се случи во последниов сектор бе... ?
 
Хахахахахахахахахахахахахахаха Хамилтон хахахахахахахахахахахахахахаха
 
И мене не ми е јасно од каде извадија Фетел и Розберг таков сектор при кој на истиот помина и Хамилтон со доста послабо време и без возачка грешка.
 
Јас па без звук гледав па ич не ми е јасно како дозволи Хамилтон да падне толку ниско на квалификацииве.
Објаснување?
 
И мене не ми е јасно од каде извадија Фетел и Розберг таков сектор при кој на истиот помина и Хамилтон со доста послабо време и без возачка грешка.
Хамилтон ојде у бокс не го ни заврши круго
 
Хамилтон се откажал во последниот круг бидеќи било многу влажно за него :). Нико си продолжи на летечкиот , последниот сектор бил целосно сув, затоа и толкавата разлика...
 
немав време да гледам, на раб сум, може некој да каже нешто повеќе? особено распоред на грид?
 
немав време да гледам, на раб сум, може некој да каже нешто повеќе? особено распоред на грид?
Розберг, Фетел, Батон, Хулкенберг, другите не ги запамтив...
а да... Хамилтон 6ти :)
 
Хамилтон ојде у бокс не го ни заврши круго
Ферари: ДУДУЦИ
Вилијамс: ДРВА
Фетел: Шофериште. Браво, во последен сектор 2.5сек. БРАВО
Батон: Одлични квалификации. БРАВО, и тој исто како Фетел во последниот сектор.
 
Ферари: ДУДУЦИ
Вилијамс: ДРВА
Фетел: Шофериште. Браво, во последен сектор 2.5сек. БРАВО
Батон: Одлични квалификации. БРАВО, и тој исто како Фетел во последниот сектор.
сите што возеа во тој круг во последниот сектор имаа многу подобро време од тие што не возеа во тој круг, едноставно се исуши патеката во тој сектор... и чилтон да возеше и тој 2.5 секунди ќе беше побрз... :rolleyes:
 
Ферари: ДУДУЦИ
Вилијамс: ДРВА
Фетел: Шофериште. Браво, во последен сектор 2.5сек. БРАВО
Батон: Одлични квалификации. БРАВО, и тој исто како Фетел во последниот сектор.
Розберг не за џабе Германец, нели они секогаш одат до крај.А, и Хамилтон го успоруваше за да не почне круг.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom