Формула 1 - сезона 2014

  • Креатор на темата Креатор на темата M1K1 007
  • Време на започнување Време на започнување
Од досегашниве трки сезонава, оваа беше најдобра за глеање. :cool:
 
Не беше лоша трка, гледавме јак дуел за прво место, ми се свига што Розберг покажа заби али Хамилтон никако не се дава, се бранеше многу јако.
Хамилтон психопатски вози, мудоња е ептен, не се чува ич.

Ферари болка за очи, не бе додека не лета Доменикали ништо не прави тимот, греота толку јак возачки лајн ап и пак ништо.

Рикјардо извозе ѕверски, го понижи четрикратниот шампион, прејак.
Малдонадо камиказа класична, дрво е, да не беа венецуелските спонзори никат немаше да добие место.

Се надевам ке успее некој тим да им парира на Мерцедес понатаму со некоја надградба но не верувам, многу бегаат. Највероатно ке си гледаме пак доминација на еден тим но овој пат барем ке гледаме дуел измегу Розберг и Хамилтон, како и да е послем пола сезона ке стапат тимски наредби и тој дуел ке згасне.
 
Епа, ако со дигнати носови болодите прелетуваат еден преку друг, со спуштениве ги превртуваат. Работава некако не иде. :confused:
 
Не толку лоша трка интересни дуели и конечно после толку време борба за прво место ама изгледа сезонава ке биде на Хамилтон
А Ферари тотален очај само пропаѓа жално ако не почнат нешто сериозно со болидов отидена е сезонава
Посекако сезонава на Мерцедес ќе биде си газат се пред себе.
 
Не толку лоша трка интересни дуели и конечно после толку време борба за прво место ама изгледа сезонава ке биде на Хамилтон
А Ферари тотален очај само пропаѓа жално ако не почнат нешто сериозно со болидов отидена е сезонава
Посекако сезонава на Мерцедес ќе биде си газат се пред себе.
Абе се знае за мерцедес, него кој? Розберг или Хамилтон. :cool:
 
Оваа ми е прва трка оваа сезона да ја изгледам не цела околу 35 круга..Колку е променета Ф1 од лани и оваа година,колку разлика има само...Болидиве не брчат како лани што беа,нема некоја брзина,експлозивност,па на Дакар побрзо се вози него ваму..Тука се гледа кој повеќе гориво ќе заштеди,него да го претица тој пред него..Што се дешава со Ферари,како да се Марусија,овие Перез и Хулкенберг се добри..Мекларен пак исто,разочарувачки...Него Грожџан,вози ли уште?Ботас изгледа како добар возач..
 
Одлична трка денес, со многу борба за различни позиции. Нема педерски фаворизирања како во Ферари и Ред Бул, сите клупски колеги се јадат.

А тука како да има многу огорчени Ферари фанови...
 
Одлична трка денес, со многу борба за различни позиции. Нема педерски фаворизирања како во Ферари и Ред Бул, сите клупски колеги се јадат.
Трета трка е чекај, ке видиш понатаму дали во Мерцедес нема да има тимски наредби.
И во Ред Бул се зајадоа Фетел и Вебер на неколку наврати, се двои инцидентот во Турција кога имаа силен контакт.
 
2014 БАХРАИН ГП: БРАВО ЗА ЛУИС ХАМИЛТОН И МЕРЦЕДЕС АМГ, НИКО РОЗБЕРГ ПОБЕДЕН ВО ФЕР БИТКА!!!


Браво за Луис Хамилтон и Мерцедес АМГ, Нико победен во фер борба!!!
Луис Хамилтон ја забележа својата втора победа во 2014 Ф1 Шампионатот на патеката Шакир откако успеа да се одбрани од жестоките напади на својот тимски колега Розберг. На подиумот покрај двата возачи на Мерцедес АМГ се искачи и Серџо Перез од тимот на Форс Индија. Мексиканецот, го забележа својот прв подиум од 2012 Италија Гран При-то, пред Даниел Рикиардо од Ред Бул, кој повторно беше импресивен, и со агресивна трка напредуваше по стартот од 13-тата позиција. Третото место на Перез за Форс Индија беше првиот пласман на подиумот од второто место на Џанкарло Физикела на 2009 Белгиското ГП. Јубилејната, десетта трка во Бахреин, за прв пат во својата историја се одржа во вечерните часови, време кога ќе продолжи да се одржува и во наредните години.

Луис Хамилтон на стартот го претекна својот тимски колега Нико Розберг и до крајот на трката успешно ги одбиваше нападите на Германецот. Поголема возбуда донесе безбедносното возило на 10 круга пред крајот на трката, кога Розберг при својот последен стинт беше на помеката смеша на Пирели гумите, што му овозможи силно да го нападне Хамилтон, кој на медиум гумите успеа да ги издржа сите нападите и дојде до победата.

Како што веќе напоменавме на стартот од трката, Хамилтон успеа да излезе пред Розберг во првиот свиок, но не беше само таа борба интересна. Зад нив, Ботас имаше лош старт од третата позиција, и за миг се најде назад на петтото место. За разлика од него, Фелипе Маса со истиот болид на Вилјамс направи одлична работа и се најде на третото место, пред Серџо Перез и Џенсон Батон.

Кими Раиконен, повторно нема среќа на самиот старт од трката. Финецот, кој стартуваше од петтата позиција ја загуби битката со својот тимски колега Фернандо Алонсо, за малку подоцна повторно да има контакт со Кевин Магнусен, без некоја поголема штета на болидите, но како резултат Магнусен се најде на 12-то место, а Раиконен на деветто место пред Себастијан Ветел.

За тоа време болидите на Мерцедес АМГ беа далеку напред, а првите обиди на Нико Розберг за враќање на првото место дојдоа во 17 и 18 круг кога за кратко двапати беше пред Британецот, кој сепак успеваше да најде начин да остане напред. После тоа трката доби помирен тек бидејќи двајцата возачи беа на различни стратегии со гумите на Пирели. Низ останатион поредок на патеката имавме константно менување на местата на оние болиди кои беа со стратегија од три пит-стопа, со оние болиди со планирани две застанувања во боксовите. Разноликоста на стратегии и избор на гуми направи ова да биде најинтересната трка од оваа сезона. Некои возачи напредуваа, за разлика од други кои се бранеа со сите сили.

Различните смеши на Пирели на Мерцедес АМГ болидите беше одговорна за супер-интересната битка помеѓу Хамилтон и Розберг, на која и претходеше излегување на безбедносното возило по судирот на Малдонадо и Гутиерес. Во 41-от круг, Естебан Гутиерез со својот Заубер ја поминуваше низ целната линија и во моментот кога ја земаше првата кривина, дојде до допир со тркалата помеѓу него и Пастор Малдонадо кој во тие моменти излегуваше од бокс и се обиде да го пресече патот на Зауберот. Болидот на Гутиерес имаше спектакуларно превртување, застана покрај патеката, која беше полна со делови од каросеријата, па мораше да биде повикано безбедносното возило.

Луис Хамилтон и Нико Розберг го искористија моменто за да ги променат своите гуми. Британецот, промени на медиум, а неговиот колега на побрзите меки гуми. Предноста која ја имаше Хамилтон беше анулирана, а борбата за првото место се сведе на способноста на Хамилтон да се брани и способноста на Розберг да најде начин да го помине неговиот тимски колега. Зад нив беа болидите на Форс Индија кои беа на две застанувања во боксот, со Перез пред Хулкенберг. Следуваше Џенсон Батон, и дуото на Ред Бул со Ветел пред Рикиардо. Маса и Ботас беа осми и деветти, пред Алонсо на последното место кое носи поени.

Безбедносното возило ја напушти патеката на крајот од 46-от круг, кога започна импресивна битка помеѓу водечкото дуо на Мерцедес АМГ, како и помеѓу болидите на Форс Индија. Перез се бранеше од Хулкенберг, а напред Хамилтон го задржа своето водство. Возачите на Ред Бул успеаа да го поминат Батон, кој падна на седмото место, за наскро да биде поминат и од Фелипе Маса. Џенсон Батон јави дека ја изгубил моќта од ПЕ и на крај се повлече од трката..

Следуваше битка помеѓу Рикиардо и Ветел, која ја доби агресивниот Австралијанец по неколкуте промени на позициите. Тој потоа тргна по Хулкенберг, чии гуми почнаа да попуштаат и на крај беше претекнат во 54-от круг, предавајќи го четвртото место.

Во тие моменти Нико Розберг со сите сили и на сите начини го напаѓаше својот тимски колега, се гледаше дека е побрз, но Хамилтон е најдобар кога е под притисок и не направи ни најмала грешка, која би му ја одзела победата. Во последните кругови, Германецот се откажа и мораше да се задоволи со второто место, а зад нив Перез стигна до нов пласман на подиумот. Рикиардо не можеше повеќе од четвртото место за Ред Бул, пред Нико Хулкенберг на петтото место со вториот болид на Форс Индија.

Шампионот, Себастијан Ветел, повторно посрамен од својот тимски колега го одбрани шестотото место пред болидите на Вилијамс, со Маса и Ботас на седмо и осмо место. Последните две места во бодови им припаднаа на Фернандо Алонсо и Кими Раиконен. Болидите на Ферари покажаа голема немоќ во борбата за позиции и служеа за потсмев и лесно претекнување од страна на сите болиди кои се сметаше дека се послаби од нив. Време е некој да сноси одговорност за слабите резултати на Италијанскиот тим, кој си игра со својата репутација стекната на многу тежок начин.

И покрај искажаните критики на новите правила, оваа трка беше неверојатно интересна и напната, на која Хамилтон ја забележа својата 24-та Победа во неговата кариера.За две недели сезоната ќе продолжи со трката во Кина, која очекуваме да биде во овој стил.

Голема награда на Бахреин, Шакир.
57 круга, 310.238км., Време: Суво.
ПЛАСМАН:
П. Возач Тим Време
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1ч38:42.743
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ + 1.085
3. Серџо Перез Форс Индија + 24.067
4. Даниел Рикиардо Ред Бул + 24.489
5. Нико Хулкенберг Форс Индија + 28.654
6. Себастијан Ветел Ред Бул + 29.879
7. Фелипе Маса Вилијамс + 31.200
8. Валтери Ботас Вилијамс + 31.800
9. Фернандо Алонсо Ферари + 32.500
10. Кими Раиконен Ферари + 33.400
11. Дањил Квјат Торо Росо + 41.300
12. Роман Грожан Лотус + 43.100
13. Макс Чилтон Марусија + 59.900
14. Пастор Малдонадо Лотус + 1:02.800
15. Камуи Кобајаши Катерам + 1:27.900
16. Жил Бјанки Марусија + 1 круг
17. Џенсон Батон Мекларен + 2 круга

Најбрз круг: Нико Розберг - 1:37.020

БЕЗ ПЛАСМАН:
Возач Тим При круг
Кевин Магнусен Мекларен 40
Естебан Гутиерес Заубер 39
Маркус Ериксон Катерам 33
Жан-Ерик Верн Торо Росо 18
Адријан Сутил Заубер 17


Генерален Пласман по 3-та трка:
Возачи: Конструктори:
1. Нико Розберг 61 1. Мерцедес АМГ 111
2. Луис Хамилтон 50 2. Форс Индија 44
3. Нико Хулкенберг 28 3. Мекларен 43
4. Фернандо Алонсо 26 4. Ред Бул 35
5. Џенсон Батон 23 5. Ферари 33
6. Себастијан Ветел 23 6. Вилијамс 30
7. Кевин Магнусен 20 7. Торо Росо 7
8. Валтери Ботас 18
9. Серџо Перез 16
10. Даниел Рикиардо 12
11. Фелипе Маса 12
12. Кими Раиконен 7
13. Жан-Ерик Верн 4
14. Дањил Квјат 3

http://mkformula1.blogspot.com/
 
страна/видео/линк :) од цела трка ?
Ако ми даде некој благодарен ќе му бидам многу, оти гледам коментари многу добра трка била :)
 
Одлична трка, многу претекнувања. Видовме и отворен дуел за победа, што е добро за шампионатот, макар и кога би Мерцедес зацеметирал all season domination. Посебна пофалба заслужува и Чеко, браво момче - со ФИ ќе нема мака сезонава (y). А шо се случува со МекЛарен и Ферари побогу ......:(:(

ПС - Моронот Малдонадо само 5 места на грид го казниле за глупоста што ја направи :facepalm:? Ѓилотина за овој бе, на општествено корисна работа во Северна Кореја треба да се прати, во некој од тие нивните ''рудници''.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom