2014 БАХРЕИН СЕЗОНСКИ ТЕСТ: ОЧЕКУВАН РАСПЛЕТ, НИКО РОЗБЕРГ НАЈБРЗ НА ПРВИОТ ДЕН

Денес во Бахреин започна враќањето на сезонските тест сесии во Формула 1 и во согласност со редоследот на неделната трка, Мерцедес АМГ со Нико Розберг го забележа најбрзото време на првиот ден. Германскиот возач, кој беше тесно победен во неделата по имресивната битка со тимскиот колега Луис Хамилтон, забележа време од 1:35.697 што е за две и пол секунди послабо од неговата Пол позиција од минатиот викенд. Розберг комплетираше 121 круг, што е еквивалентно на две целосни трки.
Форс Индија повторно зад Мерцедес АМГ, но овојпат второто најбрзо време го забележа Нико Хулкенберг, пред Фернандо Алонсо со Ферари, чиј F14 Т запре на патеката во утринските часови, предизвикувајќи го единственото црвено знаме на денот. Тест сесијата доаѓа во особено добро време за Ферари, а Италијанскиот тим возеше со голем број на аеро уреди за мерење монтирани на проблематичниот болид и комплетираа 69 круга.
Кевин Магнусен го имаше четвртото најбрзо време на денот, пред Вилијамсот кој го управуваше Валтери Ботас. Иако комплетираа само 28 круга во тимот се охрабрени од напредокот со новите делови испробани на FW36.
Роб Смедли:
"Денес имавме добар микс на тестови на аеро и механички план, подесувања на болидот, тестови на електрониката и ЕРС-системот. Успеавме да ги поминеме сите планирани работи, а тоа е многу охрабрувачки. Резултатите беа многу позитивни и ние собравме голем број на добри податоци, што е добра вест." Даниел Рикиардо, комплетираше импресивни 91 круга со болидот на Ред Бул, но само со седмото најбрзо време:
"Ние пропуштивме малку време ова утро, но надокнадивме во попладневните часови. Мислам дека поминав добри неколку часа во болидот. Денес, ние немавме брзи круга, туку се концентриравме на долги стинтови со три сет-ап промени и добивме добри повратни информации од тоа. Ние сме се уште малку зад најбрзите, но дел по дел ја намалуваме разликата и сигурен сум дека во Кина ќе бидеме малку поблиску. Ние сме во процес на учење и ние правиме напредок." Сергеј Сироткин, 18-годишниот руски тинејџер, го имаше своето вистинско Ф1 деби во кое комплетираше охрабрувачки 76 круга и го забележа осмото најбрзо време со Заубер:
"Прв пат сум на патеката во Бахреин и ми се допадна. Во споредба со возењето во Светската серија на Рено, со C33 имав доста поголема снага од моторот и поголемо забрзување. При мојот брз круг направив неколку грешки, па јас најверојатно изгубив една секунда. Но, се на се, ова беше добар почеток на сесија." Сезонските тест сесии имаат еден услов, а тоа е дека секој тим мора да посвети еден тест ден од вкупно 12-те дена во текот на годината за тестирање на гумите на Пирели, и да работи по инструкции на Италијанскиот снабдувач на Формула 1 шампионатот.
Прв тим кој тестираше за Пирели беше Катерам со својот тест возач Робин Фријнс, но нивниот ден беше завршен пред време по проблемите со хидрауличниот систем. Сепак, тие комплетираа релативно високи 63 круга во утринскиот дел од сесијата.
Пастор Малдонадо го започна првиот тест ден за Лотус како по обичај со ограничена програма поради проблеми со погонската единица. Комплетираше шеснаесет круга, со најдобро време од 1:40.183, ставајќи го на 10-тото место во денешната класификација. За тимот на Торо Росо на должност беше Дањил Квјат, комплетирајќи задоволителен број на кругови во кои тимот се фокусираше на подесување на болдиот при долги стинтови, т.е. услови во трка.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:35.697 121
2. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:36.064 + 0.367 69
3. Фернандо Алонсо Ферари 1:36.626 + 0.929 69
4. Кевин Магнусен Мекларен 1:36.634 + 0.937 102
5. Валтери Ботас Вилијамс 1:37.305 + 1.608 28
6. Макс Чилтон Марусија 1:37.678 + 1.981 60
7. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:38.326 + 2.629 91
8. Сергеј Сироткин Заубер 1:39.023 + 3.326 76
9. Робин Фријнс Катерам 1:40.027 + 4.330 63
10. Пастор Малдонадо Лотус 1:40.183 + 4.486 16
11. Дањил Квјат Торо Росо 1:40.452 + 4.755 67
http://mkformula1.blogspot.com/