Формула 1 Сезона 2011

  • Креатор на темата Креатор на темата M1K1 007
  • Време на започнување Време на започнување
f1.


:toe:

..

--- надополнето ---

Конечно решена мистеријата околу преносот на Формула 1 трките во Македонија. Во фото-финишот, авторските права за емитување на директните преноси од квалификациите и трките ги откупи МТВ1.

Првенството веќе започна со тренинзите пред стартот на утрешните квалификации за Пол позициите за големата на града на Австралија.

На патеката Алберт парк, веќе завршија двата слободни тренинга. Во првата сесија доминантни беа болидите на “Ред Бул“, пред Ферарито на Алонсо и Мерцедесот на Розберг, а во втората првите две најдобри времиња им припаднаа на возачите на Мекларен Мерцедес, Џенсон Батон и Луис Хамилтон. Трето време постигна Алонсо со своето Ферари, а зад него беа возачите на “Ред Бул“.

Квалификациите почнуваат утре, во 07:00 часот, а трката за Големата награда на Австралија се вози в недела со почеток во 08:00 часот по македонско време.

Да потсетиме, иако сезоната 2011 требаше да започне со трката во Бахреин на 13 март, поради немирите во земјата стартот на сезоната беше одложен со одлука таа да започне со трката во Австралија.

Извор


Сеа може да се сконцентрирате на трките, а никаде не глеам коментари од типот најголем фаворит за освојување на титулата...
 
Добро е на МТВ ке даваат,ке има гледање................МЕКЛАРЕН МЕРЦЕДЕС
 
Имааааааааааааааа. :vozbud:
Сега станам за да гледам. Само што почна уклучување за квалификациите.
Јес јес јес. Топ. Браво за МРТ.
Једини сме на балканов :vozbud:
 
Имало Господ и за нас,за малку без Формула 1 ќе останавме
 
Коментатор Зоран Видевски :)
Еве ги резултатите од Квалификациите.
http://www.formula1.com/results/season/2011/844/6823/

На стартот измешано Ред Бул и Мекларените,Ферари не се лоши ... Шумахер потфрли.
 
Фетел струја бе човече, 8 десетинки пред Хамилтон :helou:
Моиве од Ферари слабо а...
 
Ред булл како да се од друга планета. Шумахер ми се чини закасна со поставување на време многу доцна испадна на писта.

А преносот на мтв искрено ме разочара. Коментарот не беше лош освен онаа грешка кога на крајот на втората сесија тврдеше дека шумахер е седми но сериозно потфрлија од технички аспект. Не се гледаа имињата од страна и само времиња гледаш а појма немаш кој на кое место е.
 
Само првиот дел го гледав за другите заспав неможев да издржам. Незнам дали забележавта коментаторот не забележа кога даваа онборд од задниот дел на еден болид како функционираат подвижните крила на правци се отвараа у кривини се затвараа исто многу добра графика имаше од страна кога се уклучува керсот и со зелено светнуваше секоја промена на позицијата на крилата. Ах зошто ли немаме коментатор што ги разбира трките вакви моменти не смеат да пропуштаат се добро сервирано ама за кого?
еве за тие што не забележаа како функционираат подвижните крила
 
5 и 8 место ферари, not good.
Не се разочарувај тука се негде се бутка алонсо со водечките само маса се повеќе и повеќе разочарува не е во можност ни грбот на алонсо да му го чува :toe:
 
Не се разочарувај тука се негде се бутка алонсо со водечките само маса се повеќе и повеќе разочарува не е во можност ни грбот на алонсо да му го чува :toe:

Лошото е што и двата болида на ред бул и мекларен се пред алонсо, не верувам дека ќе има многу шанса се умеша меѓу нив. Сеа треба да чека на нивна грешка (се разбира и “играта“ у боксот е многу битна), ама еве мое предвидување, доколку не направи некој од првите голема глупост, Алонсо ќе заврши на истата позиција или +/- 1 место.
 
Задоволен од Луис, дури и мислам дека првиот свикот него повеќе ќе му одговара, бидејќи и ако не го мине, на наредниот ќе има подобра излезна брзина, ако биди како шо треба...

Иначе времето се менва, мислам од недела кон понеделник вечерта, ако не се лажам...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom