Формула 1 сезона 2010

  • Креатор на темата Креатор на темата M1K1 007
  • Време на започнување Време на започнување
Богами, изгледот на стазава ветува возбудувања...да се надеваме дека така и ќе биде!
 
На оваа патека очекувам да тепа Алонсо!и да избие конечно прв на табела..

2010-korean-formula-one-grand-prix-brand-identity.jpg


RED_BULL_RACING_-_SINGAPORE_GRAND_PRIX_2008029.jpg


outline_img.gif
 
Едино шо ме радва на стазата е дека барем првиот и третиот сектор се места каде Мекларен ке може да покаже нешто.. Покрај најновите и последни модификации на задното крило за последните 3 трки, очекувам барем да се конкурентни.. Сигурно ке бидат најбрзи во 3-от сектор, очекувам и на овие брзите кривини да биде истото... Вториот сектор и местото каде Ред Бул можат да надополнуваат, но ако бидат Мекларените добро котирани, тешко дека некој ке ги мине, на правиот дел од првиот сектор, каде развиваат најголема максимална брзина... Ако успеат тука да направат нешто, ке бидат назад во игра, а ако се зад Ред Булите и Алонсо, тешко...

Алонсо, исто ова очекувам да биде трка која ке му лежи и ке даде максимум, па можно е и да избие прв после оваа трка... Но, сите да бидат тука, негде, и да се вози до „смрт“ во Аби Даби...
 
пак овие булите победија :nesvest: честитки до нив и се надевам дека во кореа Ферари ќе тепа

море возење јапонецот,хамилтон некако малер во последно време...


Ф1 во Русија (наскоро)
 
квалификации во 07 а трката во 08 пак рано во мугрите

Хјундаи одлучи, Фолксваген во ноември

logo_Porsche_Racing.jpg


Најголемата автомобилска групација од Европа, која ги обединува брендовите Фолксваген, Ауди, Сеат, Шкода, Порше и Бугати, во ноември ќе донесе конечна одлука дали ќе влезе во Формула 1 од 2013 година.

За наводниот влез во светското првенство одамна се шпекулира, меѓутоа се чекаа правилата за моторите кои ќе се имплементираат од таа сезона. Претходно, спортскиот директор на Фолксваген, Крис Нисен, најави дека Германците можеби не се заинтересирани да формираат свој тим, туку да ги снабдуваат постоечките екипи со свои мотори. Сега најавата доаѓа од поранешниот возач Ханс Јоаким Штук, кој исто така е преставник на спортскиот оддел. За Фајненшал тајмс тој рекол дека бордот на директори ќе заседава во ноември, каде што ќе се дискутира стратегијата на компанијата за иднината. Весникот тврди дека алтернатива за Формула 1 има во варијантата да се учествува во НАСКАР трките во Америка, но не е исклучено да се случат и двете нешта. Во Формула 1 се очекува да биде промовиран брендот Порше, додека во Америка би се форсирал Ауди.

Од друга страна, со влезот на Формула 1 во Јужна Кореја, се очекуваа и посензационални вести од страна на инволвирањето на автомобилската индустрија од оваа земја. По најавите на Кумхо дека оваа година не биле подготвени да учествуваат на тендерот за снабдување на гуми во Формула 1, но дека ќе се обидат во иднина, како и по влегувањето на ЛГ како глобален технички спонзор на спортот, се очекуваше и заземање на став од страна на Хјундаи кој порано имал такви аспирации.

- Преговараме со Берни Еклстоун,- потврди своевремено претставник на компанијата во 2006 година, кога актуелни беа заканите за формирање на паралелно првенство од страна на некои фабрички тимови.

Но, оттогаш наваму, Хјундаи се јавува како спонзор на врвните фудбалски манифестации, додека автомобилскиот спорт е занемарен со нивната стратегија.

- Гран при трките може да бидат отскочна даска за премиум бренд на автомобили, а Хјундаи не е заинтересиран за Формула 1,- пренесува Ројтерс во пресрет на ГН Кореја повикувајќи се на неименуван извор, кој наведува дека Хјудаи нема трпение да инвестира неколку години и да ги чека резултатите.

:pos2: подобро е да кажат дека се плашат да влезат а не дека не можат да чекаат резултати

Хјудаи во Формула 1? нема шанси

нека си одат во рели

а Порше слободно нека дојди ама да не гази се пред себе ко ќе дојди?

туку да прашам дали фаќате HRT2

а гледам ми ја нема и RTS2

оти мене ми ги исклучија мамето нивно и морам да го слушам страшниот сега

а си гледав Вреле Гуме на RTS2 и КС Аутомагазин на HRT2 покрај Ф1

златен дримбокс :tv:

баш сега најдоа на последните 3 трки да ги исклучат
:nerv:
 
На оваа патека очекувам да тепа Алонсо!и да избие конечно прв на табела..
RED_BULL_RACING_-_SINGAPORE_GRAND_PRIX_2008029.jpg

Незнам дали ти е намерно или не, ама оваа слика е од Сингапур.

--- надополнето ---

:pos2: подобро е да кажат дека се плашат да влезат а не дека не можат да чекаат резултати
Хјудаи во Формула 1? нема шанси
нека си одат во рели
а Порше слободно нека дојди ама да не гази се пред себе ко ќе дојди?

За Хундаи си потполно во право. Што РЕД БУЛ да не е примиум бренд... или пак од автомобиливе РЕНО?
А за Порше дали ќе прави се лом... БМВ не излезе така јако, незнам за Порше. Навистина треба да влезат, па потоа да размислуваме.
Искрено не мислам дека ќе донесат одлука, ќе чекаат малку подолго да видат што ќе се случи со Мерцедес.
 
Линкови до надворешни сајтови кои што не се никако поврзани со кајгана нема да толерирам. Уште помалце без никаков пост. Не е ова твитер, па ќе си твиткаме линкчиња!

Ако имате нешто паметно да напишете, слободно напишете го. Ако мора да има линк, нека биде најдолу и нека стои како извор.



А кога сме кај Кореа.... мислам дека после Белгија, оваа ќе ми стани втора најомилена патека.
 
Аман веќе од Ред Бул.


Класичен пример за одземање на пол позицијата од пред нос, буквално во последните метри, видовме утринава во Кореја, откако Фетел му ја „украде“ пол позицијата на Алонсо, а за да разочарувањето за Шпанецот биде уште поголемо се погрижи Вебер, кој дополнително го потисна на третото стартно место.

vettel-retrovizor.jpg


На предвидувањата дека оваа патека нема да им одговара на RB6, возачите на Red Bull одговорија со најдобриот можен одговор, а тоа е 1-2 пол позиција за „биковите“ предводена од Фетел. Втор старт за нив од првиот стартен ред по ред, откако истото го сторија и во Сузука пред две недели.
Вистински трилер на квалификациите проследивме во последните неколку минути, откако Фернандо Алонсо беше првиот возач кој спушти под 1:36. Скоро сите пробаа во два наврати да го симнат Шпанецот од лидерската позиција, а возачите на Red Bull во последните неколку секунди обезбедија можност за нов круг. Хамилтон, Розберг, Маса, Батон и Кубица не успеаја, а сите го очекуваа финишот на Фетел и Вебер. Германецот извозе вистински круг на граница, а ризикот кој го превзема му ја донесе деветтата пол позиција сезонава. Веднаш по него, Вебер постави второ најбрзо време што значеше старт за Алонсо од вториот ред заедно со Луис Хамилтон.
Зад Хамилтон се најде Нико Розберг кој заедно со Маса го сочинуваат третиот стартен ред, а потоа следуваат Батон и Кубица. Ветераните Шумахер и Батон ја комплетираа топ десетката на денешните квалификации во Кореја.
Резултати од денешните квалификации:

1. Фетел Red Bull-Renault 1:37.123 1:36.074 1:35.585
2. Вебер Red Bull-Renault 1:37.373 1:36.039 1:35.659
3. Алонсо Ferrari 1:37.144 1:36.287 1:35.766
4. Хамилтон McLaren-Mercedes 1:37.113 1:36.197 1:36.062
5. Розберг Mercedes 1:37.708 1:36.791 1:36.535
6. Маса Ferrari 1:37.515 1:36.169 1:36.571
7. Батон McLaren-Mercedes 1:38.123 1:37.064 1:36.731
8. Кубица Renault 1:37.703 1:37.179 1:36.824
9. Шумахер Mercedes 1:37.980 1:37.077 1:36.950
10. Баричело Williams-Cosworth 1:38.257 1:37.511 1:36.998
11. Хулкенберг Williams-Cosworth 1:38.115 1:37.620
12. Кобајаши Sauber-Ferrari 1:38.429 1:37.643
13. Хајдфелд Sauber-Ferrari 1:38.171 1:37.715
14. Зутил Force India-Mercedes 1:38.572 1:37.783
15. Петров Renault 1:38.174 1:37.799 *
16. Алгуерсуари Toro Rosso-Ferrari 1:38.583 1:37.853
17. Буеми Toro Rosso-Ferrari 1:38.621 1:38.594
18. Лиуци Force India-Mercedes 1:38.955
19. Трули Lotus-Cosworth 1:40.521
20. Глок Virgin-Cosworth 1:40.748
21. Ковалаинен Lotus-Cosworth 1:41.768
22. ди Граси Virgin-Cosworth 1:42.325
23. Јамамото HRT-Cosworth 1:42.444
24. Сена HRT-Cosworth 1:43.283


ИЗВОР
 
ексик почетоков! да знаев ќе се понаспиев :(
 
зошто бе зошто ова му се случи на фетел... баш убаво си возеше :(((((((
 
Ма ај ова не се трпи.
Дел од форула знам... ама... ако, ќе се клањаат на Фетел некој ден... ќе видат сите!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom