квалификации во 07 а трката во 08 пак рано во мугрите
Хјундаи одлучи, Фолксваген во ноември
Најголемата автомобилска групација од Европа, која ги обединува брендовите Фолксваген, Ауди, Сеат, Шкода, Порше и Бугати, во ноември ќе донесе конечна одлука дали ќе влезе во Формула 1 од 2013 година.
За наводниот влез во светското првенство одамна се шпекулира, меѓутоа се чекаа правилата за моторите кои ќе се имплементираат од таа сезона. Претходно, спортскиот директор на Фолксваген, Крис Нисен, најави дека Германците можеби не се заинтересирани да формираат свој тим, туку да ги снабдуваат постоечките екипи со свои мотори. Сега најавата доаѓа од поранешниот возач Ханс Јоаким Штук, кој исто така е преставник на спортскиот оддел. За Фајненшал тајмс тој рекол дека бордот на директори ќе заседава во ноември, каде што ќе се дискутира стратегијата на компанијата за иднината. Весникот тврди дека алтернатива за Формула 1 има во варијантата да се учествува во НАСКАР трките во Америка, но не е исклучено да се случат и двете нешта. Во Формула 1 се очекува да биде промовиран брендот Порше, додека во Америка би се форсирал Ауди.
Од друга страна, со влезот на Формула 1 во Јужна Кореја, се очекуваа и посензационални вести од страна на инволвирањето на автомобилската индустрија од оваа земја. По најавите на Кумхо дека оваа година не биле подготвени да учествуваат на тендерот за снабдување на гуми во Формула 1, но дека ќе се обидат во иднина, како и по влегувањето на ЛГ како глобален технички спонзор на спортот, се очекуваше и заземање на став од страна на Хјундаи кој порано имал такви аспирации.
- Преговараме со Берни Еклстоун,- потврди своевремено претставник на компанијата во 2006 година, кога актуелни беа заканите за формирање на паралелно првенство од страна на некои фабрички тимови.
Но, оттогаш наваму, Хјундаи се јавува како спонзор на врвните фудбалски манифестации, додека автомобилскиот спорт е занемарен со нивната стратегија.
-
Гран при трките може да бидат отскочна даска за премиум бренд на автомобили, а Хјундаи не е заинтересиран за Формула 1,- пренесува Ројтерс во пресрет на ГН Кореја повикувајќи се на неименуван извор, кој наведува дека Хјудаи нема трпение да инвестира неколку години и да ги чека резултатите.
:pos2: подобро е да кажат дека се плашат да влезат а не дека не можат да чекаат резултати
Хјудаи во Формула 1? нема шанси
нека си одат во рели
а Порше слободно нека дојди ама да не гази се пред себе ко ќе дојди?
туку да прашам дали фаќате HRT2
а гледам ми ја нема и RTS2
оти мене ми ги исклучија мамето нивно и морам да го слушам страшниот сега
а си гледав Вреле Гуме на RTS2 и КС Аутомагазин на HRT2 покрај Ф1
златен дримбокс :tv:
баш сега најдоа на последните 3 трки да ги исклучат
:nerv: