Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
FERRARI!
Ауф, коа го поминаа двајцата.![]()
Иначе дефектот на ветел бил кабел од свекицата а не како што претпоставиле претходно напукнување на издувна цевка.
Берни Еклстон, челниот човек на најелитното авто-мото натпреварување Формула 1, повика на смирување на страстите по првата трка од новата сезона, Големата награда на Бахреин.
По трката на стазата Шакир изминатиот викенд во која Ферари оствари двојна победа, се појавија бројни критики на сметка на новововедните правила за Формула 1.
Во нив се вбројуваат и оние за забрана на дотур на гориво во текот на трката, како и правилото натпреварувањето да се започне со гуми со кои и е завршен квалификацискиот тренинг.
Таквите правила според бројни возачи (Џенсон Батон и Михаел Шумахер) „практички го оневозможиле престигнувањето“ освен во случај на противничка грешка и го направиле престигнувањето „досадно“.
„Мислам дека во овој момент не можеме ништо да направиме и не смееме одма да ги критикуваме новите правила. Сега не чекаат четири брзи трки и ќе причекаме да видиме како тимовите ќе се прилагодат на дадената ситуација.“
„Првите трки под новите правила секогаш претставуваат голем залак и тимовите мора уште да учат.“ - изјави Еклстон со додаток дека за примената на новите правила вината треба да се посочи и кај самите тимови бидејќи тие самите едногласно ги прифатија во пресрет на новата сезона.
Српскиот бизнисмен Зоран Стефановиќ не се откажува од можноста да има свој тим во Светскиот шампионат во формула 1 и сега најавува дека е подготвен да го откупи УСФ1, тим што поради финансиски проблеми сезонава се откажа од настапот во првенството.
Стефановиќ до самиот почеток на првенството се надеваше дека ќе добие шанса да се вклучи, но ФИА на крајот реши сезоната да ја стартува со 12 тима односно 24 болиди, УСФ1 остана без право на настап, а според последните одлуки, позицијата за следната сезона се уште не решена.
Српскиот бизнисмен во моментов преговара за откуп на акциите на УСФ1 и се надева дека следната година сепак ќе успее да има свој тим во Светскиот шампионат во формула 1.
името како и е? и за кога е најавено излегувањето?Ајде да ве загреам малце со КОНЕЧНО добра ф1 игра. Излегува оваа година еве неколку сликички.
името како и е? и за кога е најавено излегувањето?![]()