Како прво, сигурно не возат со гуми за суво.
Како второ, не можеш Глок да го споредуваш со легенда како Сена, споредувај го со Нелсињо Пике од Рено и такви возачи.
Spored tebe i drugi na forumof so trebase glock da napravi????
Mislenje baram
Да биде спортист. А спортистот се натпреварува, не се трга од патека. Просто е. И точно Наум, затоа и побарав прошка...само сакав да ти кажам дека има начин
Никој не ја оспорува титулата на Хамилтон како заслужена, бидејќи сезоната има еден куп трки каде таа титула се освојува...само штета, што ја освои на ваков начин (кој, секако ќе биде заборавен за некоја година и во историјата ќе остане само неговото име како шампион). Она за што коментираме сега е фото финишот на сезоната...и како се можеше да биде по-спортски. Едноставно, сите се фокусиравме на последната трка и невозможната мисија на Маса, на негов домашен бразилски терен, мисија која за малку ќе беше реалност...
Спортот е спорт со сите фактори кои влијаат на него: временски услови, добар или лош ден - исто како и судиските одлуки (фудбалски речено, иначе се мисли на човечкиот фактор) кои влијаат на епилогот на мечот. И точно такво нешто според мене се случи во Бразил - Глок од нему познати причини одлучи да му пушти на Луис да одјава до титулата.
Case closed. Сега останува ние да си муабетиме до март месец, кога се ќе биде заборавено (пошо нема шофер од рангот на Шумахер кој има меморија ко слон

).
И ДАЈТЕ МУ НА ФЕТЕЛ ПОБРЗА КОЛА. И нему, и на Бурде....
Заради такви дечки ми се гледа формула. Кубица да не го заборавам!
Од Ковалаинен очекував многу повеќе...
...а едвај чекам, според најавеното, на Бруно Сена да му понудат профи договор, па да видиме што гени има (по чичко му или по прабаба

).
И не се лажете:
Глок му пушти на Хамилтон :back:
Тоа не значи дека Хамилтон не заслужи титула.
Нити дека и Маса да ја освоеше, ќе беше незаслужена.