Формула 1 сезона 2008

  • Креатор на темата Креатор на темата bavarec_oh
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ке биде шампион во 2008?

  • K.Raikkonen

    Гласови: 65 32,7%
  • F.Massa

    Гласови: 54 27,1%
  • L.Hamilton

    Гласови: 70 35,2%
  • H.Kovalainen

    Гласови: 0 0,0%
  • F.Alonso

    Гласови: 4 2,0%
  • N.Piquet Jr.

    Гласови: 2 1,0%
  • R. Kubica

    Гласови: 4 2,0%
  • некој трет...

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    199
А можеби Глок направи грешка во кривината? Исто како што Хамилтон ја згреши кривината кога Фетел го пројде, а што викате? Или пак не Тимо Глок е безгрешен, а Хамилтон греши на велико. Уште една варијанта по која Хамилтон пак е шампион.
 
Чим ФИА не реагирала до сега , место за дискусија нема , истата реагира на тимски наредби и намерни пропуштања , и тоа на еден Ферари на кој истата е доста наклонета , зар сметате и толку сте наивни дека истата нема да реагира на намерно пропуштање на Глок за Хамилтон .
Ведаш по трката нормално е да се прегледаат снимките , сигурен сум дека и ФИА и Ферари го согледале убаво возењето на Глок , а реакции за некаков заговор јас не видов од овие две страни , едноставно е , молчат, молчат пред фактите иако се експерти , за разлика од вас овде .
Има реакции само од гневните навивачи на Ферари кои неможат да се помират со фактот дека Хамилтон стана шампиот , најмлад во историјата на Ф1 иако го забораваат возењето на Кими на дожд со гуми за дожд кога ја пољуби оградата и пасеше трева , го заборавија Маса на дожд , инфериорен е , иако има гуми за дожд .
Е сега несватливо им е како Глок кој има гуми за суво вози катастрофално на влажна патека , мижат пред фактот дека Глок дури вози и побрзо од Трули во последниот круг , мижат пред фактот дека Хамилтон е 20 сек од кург побрз од нив во последниот круг , а истото ви укажува многу работи . Дури и доколку Хамилтон и Фетел не го поминеа Глок пред последниот свиок , тоа сигурно ке го направеа на стартно целната рамнина , тоа ви го укажуваат тие 20 секунди разлика од послениот круг .

П.С. Приметете го Глок како реагира со таа брзина кога е поминат од заостанатиот болид во последниот свиок , и уште еднаш , сетете се на Хамилтон колку беше '' стабилен '' во последниот круг , иако имаше гуми соодветни на условите . :toe:
 
Ги чекам да видам до кога да не испадне Џишот недемократ, навивач на Мекларен, ги нејке Ферари и не дозволува дискусија.... Напишаа доста страници, ако продолжи трендот :locked: извесно време.
 
Што би рекле на ова?

Михаел Шумахер уживал во гледањето на неделната трка, но поранешниот ас на Ферари вели дека Хамилтон ја заслужил титулата. "Какво финале! Се уште не можам да се соземам. Не сум видел вакво нешто, ниту како тркач, ниту како гледач, но тоа беше судбина. Му честитам на Луис за титулата, но Фелипе може да оди со главата нагоре. Сигурен сум дека и следната година ќе нападне за титулата", вели Шуми.

Фернандо Алонсо грациозно му честиташе на Луис Хамилтон за неговата прва светска титула. Според извештаите од Бразил, тој дури отишол во гаражата на Мекларен (најверојатно првпат по разделбата минатата година) за да му честита на ривалот. "Добро направено", изјавил носителот на титулите од 2005 и 2006 и го прегрнал Хамилтон.
 
lewis-hamilton-king-of-the-road-wal.jpg

Џабе уште дразните чоекот си е заслужено шампион и да се надеваме на уште титули!!!
 
Океј, recap>

200 метри!
Не 20 круга, не 2 километри.... 200 метри.
И не беше претекнат Глок - претекнување е кога некој кој е побрз од тебе ќе те престигне дури се движите по иста траекторија кон иста цел.
Глок се однесуваше како да гледа сино знаме пред себе (за незнајковците, сино знаме се покажува на болиди кои заостануваат цел круг зад други болиди, со цел да се склонат од патеката културно за да минат овие другите).

Глок се тргна од патеката. Можда не му пуштил на Хамилтон, можда само испичкал...ама во тој случај, местото не му е во Ф1. Иако, силно верувам дека направил свесна одлука во моментот.
Погледај го убаво видеото и кажи ми кај Глок се трга од идеалната патека??? Глок не се тргнува од патеката туку вози нормално но многу споро што е резултат на неговите гуми. И ако Тојотите можеа да бидат конкурентни во тие услови со тие гуми нека ми објасни некој зошто другите менуваа гуми?:tapp:
 
Ајде достате... И шефот на Ферари Лука ди монтеѕемоло му ја честита титулата на Хамилтон, не се бунеше за возењето на Глок, само нагласи дека ке се трудат до година да си го вратат бројот 1 на болидот.

Па се надеваме на интересна сезона и догодина. Би сакал и БМВ да се вмеша во битката за прво место.
 
Откако се смирија страстите, да напишам и јас едно мое видување на последната трка во оваа сезона.

Една од поинтересните трки шо сум ги гледал во животов, совршено возење од Маса и трилер завршница и разврска за шампион. Долго ќе се зборува за спорната ситуација кога Глок ги пропушти Фетел и Хамилтон возејќи по надворешната (бавната) страна на патеката, и „не можејќи“ да го контролира болидот уште 200 метри, иако е профи возач.

Многу емоции измешани кратко пред завршувањето на трката и по неа, додека во таборот на Ферари сфатија што се случи. Маса извозе перфектна трка, без ниедна возачка грешка и со максимална концентрација од почетокот па до целта. Фетел докажа дека и со послаб болид е конкурентен на фаворитите, престигнувајќи го Хамилтон чесно, за разлика од потегот на Глок кој следуваше два круга потоа. Од Фетел очекувам да прерасне во возачиште, какво што моментално е само Алонсо. Другите се успешни заради возилата, Алонсо е шофер и пол. И за лаиците на темава, уште еднаш ќе кажам: Има разлика меѓу пропуштање на тимски колега (Шумахер - Баричело многу често, сега и Кими - Маса) со цел да се освојат повеќе бодови и тактички претумбации како на стартот на тркта, така и низ нејзиниот тек, ако е потребно. Пропуштањето на Глок не беше тимско пропуштање, нормлно. Што го натерало да го пропушти, дали пари, дали слава, дали место во МекЛарен, може и никогаш да не дознаеме. Честитки до Хамилтон кој заслужено ја освоит титулата, и честитки до Маса кој лавовски се бореше до последен здив, и не ја предаде титулата на тацна.

Иначе Џиш, мислам дека Ферари и натаму ќе си ги има броевите 1 и 2 на болидите, пошто први завршија во конструктори.
 
Иначе Џиш, мислам дека Ферари и натаму ќе си ги има броевите 1 и 2 на болидите, пошто први завршија во конструктори.
E тука си грешка... Постои глупо правило кое гласи вака... Броевите на болидите се редат според завршувањето во генерален пласман на конструктори, додека единствено бројот 1 е резервиран за шампионот. Така да...
1. Хамилтон
2. Ковалаинен
3. Маса
4. Кими

понатаму 5-Кубица и 6-Хајдфелд БМВ тие беа трети во генерален,
7 и 8 Алонзо и Нелсон (Рено) и тн. Помалата бројка ја има оној што освоил повеќе бодови.
 
Ако е само првиот за шампионот, не би требело вака?

1. Hamilton
2. Massa
3. Raikkonen
4. Kovalainen
...

?
 
Откако се смирија страстите, да напишам и јас едно мое видување на последната трка во оваа сезона.

Една од поинтересните трки шо сум ги гледал во животов, совршено возење од Маса и трилер завршница и разврска за шампион. Долго ќе се зборува за спорната ситуација кога Глок ги пропушти Фетел и Хамилтон возејќи по надворешната (бавната) страна на патеката, и „не можејќи“ да го контролира болидот уште 200 метри, иако е профи возач.

Многу емоции измешани кратко пред завршувањето на трката и по неа, додека во таборот на Ферари сфатија што се случи. Маса извозе перфектна трка, без ниедна возачка грешка и со максимална концентрација од почетокот па до целта. Фетел докажа дека и со послаб болид е конкурентен на фаворитите, престигнувајќи го Хамилтон чесно, за разлика од потегот на Глок кој следуваше два круга потоа. Од Фетел очекувам да прерасне во возачиште, какво што моментално е само Алонсо. Другите се успешни заради возилата, Алонсо е шофер и пол. И за лаиците на темава, уште еднаш ќе кажам: Има разлика меѓу пропуштање на тимски колега (Шумахер - Баричело многу често, сега и Кими - Маса) со цел да се освојат повеќе бодови и тактички претумбации како на стартот на тркта, така и низ нејзиниот тек, ако е потребно. Пропуштањето на Глок не беше тимско пропуштање, нормлно. Што го натерало да го пропушти, дали пари, дали слава, дали место во МекЛарен, може и никогаш да не дознаеме. Честитки до Хамилтон кој заслужено ја освоит титулата, и честитки до Маса кој лавовски се бореше до последен здив, и не ја предаде титулата на тацна.

Иначе Џиш, мислам дека Ферари и натаму ќе си ги има броевите 1 и 2 на болидите, пошто први завршија во конструктори.

Кај прочита дека Глок го пушти на Хамилтон. Глок не можеше да издржи, затоа беше претекнат од Хамилтон. Досега ни Ферари ни ФИА не се бунеа за тоа што се случи, ама по се изгледа најголемите стручњаци се тука на Кајгана.com и знаат дека Глок го пуштил на Хамилтон :pos:
 
Далеку сум од стручњак, ама не допуштам лаик како тебе да ме прави болен мајмун. И да не можеше да издржи, требеше да си продолжи по најкратката патека, па ако беше толку побрз Хамилтон, да го поминеше од надворешната страна.
 
Не знам кој е лаик, зар прв пат гледаш како некој со такви гуми фаќа кривина? Сум видел неколку пати слични ситуации како таа на Глок, само што овојпат тоа се случи на последната трка, на последните 200 метри и така беше одлучено кој ќе биде шампион. Може јас сум лаик, ама според тебе и во Ферари се сите лаици штом сеуште не се бунеле за според тебе пропуштањето на Хамилтон од страна на Глок.
 
И шо, ќе се бунат на кој основ? Пропуштил возач? Ќе рече дека не можел да го контролира, нема да може да докаже никој што било и како било. Иначе ако е профи возач и стигнал до Ф1, мора да може да контролира болид на дожд, и да го вози по најкратка патека, без разлика со која брзина. Тој возеше со 30 на саат (30 на саат кревам јас со точак на угорница со дожд) по подолгата траекторија... Јасно им е на сите што се случи, но санкции најверојатно нема да има.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom