Football Manager 2012 - Општа дискусија

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.733
Го знам Јаја Саного, прераснува во еден од најјаките напаѓачи на играта. Сум го имал во многу сејвови до сега, и нигде не ме разочарал. Ќе пробам некако да го откупам дефинитивно, меѓутоа тешко ќе биде. Го купи Манчестер уште на почетокот на сезоната, јас немав шанси покрај нив. Ќе видиме на лето што како, дефинитивно ќе ми требаат напаѓачи.
Јас Саного го земав у Депортиво уште на крајот на првата сезона, поучен од претходните изданија кај што беше ѕвер, го играв на припремите не ме импресионираше го шитнав на позајмица. Даваше голови таму, го вратив пак не ме импресионираше и сеа веќе втора сезона ми е у Б-тимот, можам да го прекомандувам, ама ваму го имама Лассад кој е стара коска, ама е одличен за полесни противници. Минатата сезона ми даде неколку клучни голови, немам душа да го продадам. :D

инаку, јас ја завршив третата сезона со Депортиво (играм многу полека, сејфоф ми е почнат уште у 2011. :ROFLMAO:), завршив трет, освоив куп и ЛЕ.

Capture.JPG

Ко што глеате можев и пред Барса да завршам, но на крај имав лоша серија, па добро е и што трет завршив, обезбедив ЛШ.

На почетокот на новава сезона го осовоив и суперкупот против Реал, играа со втор состав, а во Европскиот суперкуп, изгубив од Лион, кои освоија ЛШ. И по некоја „случајност“ секогаш кога играм Лион се едни од најјаките у играва и редовно идат до самата завршница на ЛШ.

Сепак, хајлајт на сезоната ми беше фантастичната серија без пораз...

Capture2.JPG

I'm proud of that !!! Бидејќи со речиси просечни играчи у одбрана, успеав да догурам до тоа. Го земав Дени Вилсон од Ливерпул на free, и дечкото беше ѕвер, потенцијален “трансфер на сезоната“, али у договорот сум му оставил само 12м, откупна клаузула и Арсенал ми го грабнаа на полусезона.

Морав да крпам, но несакав да купам некој скап, бидејќи уште зимата го резервирав, Henrique, бразилец од Барса, на free... па така го земав, демек привмерено Silvestre од Палермо, али и тој не се покажа лош. Имав проблеми дури се ухода у тимот, па имав турбулентен период у кој примав баеѓи голови, но сепак успевав да гурам со нерешени тогаш. И изгурав така, ко што гледате до 23.3, кога дојде Реал и ме порази. :D

Нападот не ми блескаше баш, „само“ 59 постигнати гола, од кој пола на Рондон, кој е ѕвер! Но, како што кажав одбраната ми беше ѕверска, во голем дел благодарение на archor man-от, стариот лисец Борха (не Борха Валеро), кој е еден од оние кои имаат слаби на изглед атрибути но е ѕверка!

Capture3.JPG

eте ја одбраната, можете да видите, останале и позициите, кои ми се стандардните кои ги играм. :)

а глеам и повеќемина играат со англиски тимови, ви го преорачувам Tom Cairney од Хал, дечкото е ѕвер, откако го земав него, си ја склопив посакуваната тактика. Царува на средината!

Сеа ми следи нова сезона, прва у ЛШ, ќе видам што може да сторам таму, па планирам да бегам после у друг клуб.

А у меѓувреме, бев селектор на Чиле, но у меѓувреме на тоа меѓувреме ми стигна понуда од Аргентина, која неможев да ја одбијам, па сега ќе видиме како ќе оди и со нив. :)
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.961
Имам 5-6 играчи странци што чекаат да добијат дозвола за македонско државјанство .. некако да го убрзам тој процес може .. пример да им речам да излезат од репрезентација нешто ..
бтв се пренервирав сега кога видов еден бразилец што го зедов на 18 години како слободен играч го продадов во бордо за 1м и сега го викнаа во репрезентација и вреди 22.5 м прејак е направен .. али тоа е немам јас со работнички тренери како бордо :D
 
M

marko 1996

Гостин
Имам 5-6 играчи странци што чекаат да добијат дозвола за македонско државјанство .. некако да го убрзам тој процес може .. пример да им речам да излезат од репрезентација нешто ..
Неможе никако да се убрза , треба да се чека 5 години мислам , ама може да се направи солиден тим само со македонски играчи...
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.961
Неможе никако да се убрза , треба да се чека 5 години мислам , ама може да се направи солиден тим само со македонски играчи...
Абе тоа знам тие деновите што треба да се чека ги поминаа сега чекаат 5 души пишува Awating paperwork деновите ги имаат поминато 1095 дена .. кај еден од јужна африка ова Awaiting paperwork стоеше 1 недела и доби државјанство .. сега имам еден од сенегал добар напаѓач е и 3-4 од среден ред играчи .. а од македонија се прави солиден тим али јас имам јаки скаути ми нудат играчи ефтини и ги продавам скапо после .. го водам работнички 3та сезона и имам буџет 20м
 
Се успева со македонски тимови, јас на 11ката со Работнички побарај низ претходната тема ги тепав Атлетико , Милан , Зенит , Бенфика... Само треба да играш повеќе време и да земеш квалитетни играчи странци првите 1-2 години за после и регени добри вади македонци и плус они со државјанство , и странци ке можеш да земеш уште.... А у лига не е интересно по 10 гола им даваш немаш конкуренција :)
 
jovanovski

Motherfucker Jones
Член од
30 јуни 2008
Мислења
3.789
Поени од реакции
1.294
малце касно одговарам ама ако :)
мислам дека си се заебал со шакири, барем кај мене не е толку добар. игра 1 добар меч а на следните 5 кога ја држи топката само на удар оди. :) трета сезона веќе го имам и никако да го одучам. дај види изиграј една сезона и кажи како ќе оди кај тебе :D
 
Член од
24 декември 2008
Мислења
1.375
Поени од реакции
1.566
Може ли некој ако не му е тешко да постави SS од Jacob Butterfield од Барнсли?
Однапред благодарам. :)
 
Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.642
Поени од реакции
10.241
малце касно одговарам ама ако :)
мислам дека си се заебал со шакири, барем кај мене не е толку добар. игра 1 добар меч а на следните 5 кога ја држи топката само на удар оди. :) трета сезона веќе го имам и никако да го одучам. дај види изиграј една сезона и кажи како ќе оди кај тебе :D
Намести му индивидуален тренинг да престане да шутира од дистанца. И мене ме нервираше на почеток ама сега е супер, многу е брз и може да игра на двете страни. Има просечна оценка некаде околу 7.5.
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.961
Се успева со македонски тимови, јас на 11ката со Работнички побарај низ претходната тема ги тепав Атлетико , Милан , Зенит , Бенфика... Само треба да играш повеќе време и да земеш квалитетни играчи странци првите 1-2 години за после и регени добри вади македонци и плус они со државјанство , и странци ке можеш да земеш уште.... А у лига не е интересно по 10 гола им даваш немаш конкуренција :)
Е да тоа за во лига не е интересно .. прва сезона зедов шампионска титула , куп , суперкуп..во втората пак шампионска титула , купот ми го зедоја преморени ми беа играчите од лига на шампиони ..ме тепа силекс во купот во 92 ми даде гол.. после го освоив суперкупот .. сега после 7 кола сум прв со 7 победи и гол разлика 21:1 имам 21 бод и 3 натпревари помалце во однос на Вардар кој е втор со 20 бода ..имаат добри младинци али ке видам дали ке играм цело време со Работнички .. би требало после оваа сезона да ми стигне понуда од некој голем клуб ..на почеток ги одбив Депортиво .
 
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.008
Поени од реакции
917
Првото бодче во Лига на шампиони со ФК.Работнички . во најтешката група сум со Јунајтед , Јувентус и Баерн Минхен . Првата со Јунајтед изгубив на гости 0-2 , втора утакмица со Баерн дома 2-2 :D
Прегледај го приврзокот 41412
aj ako imas link ili neso takvo za znakcinjava na timovive :D fala ti odnapred...za makedonska liga zboram inace.. :)
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.365
Поени од реакции
5.756
Е да тоа за во лига не е интересно .. прва сезона зедов шампионска титула , куп , суперкуп..во втората пак шампионска титула , купот ми го зедоја преморени ми беа играчите од лига на шампиони ..ме тепа силекс во купот во 92 ми даде гол.. после го освоив суперкупот .. сега после 7 кола сум прв со 7 победи и гол разлика 21:1 имам 21 бод и 3 натпревари помалце во однос на Вардар кој е втор со 20 бода ..имаат добри младинци али ке видам дали ке играм цело време со Работнички .. би требало после оваа сезона да ми стигне понуда од некој голем клуб ..на почеток ги одбив Депортиво .
дај пач за македонската лига !
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.961
дај пач за македонската лига !
Стави го овој фајл во : documents/sport interactive/fm2012/editor data доколку нема едитор дата креирај таков фолдер и мора да почнеш нова игра .. и ке ти излезе едно прозорче во играта ке го штиклираш тоа македонија ке видиш нешто .
 
Ивица ЈМК

Forza Juve Per Sempre!!!!
Член од
28 март 2010
Мислења
1.399
Поени од реакции
270
Еј абе има ли опција коа ќе ставам во Friendly Instructions да играат 45 минути,а играат цела утакмица,да му серам на селекторот и да го терам у три лепе???
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Еј абе има ли опција коа ќе ставам во Friendly Instructions да играат 45 минути,а играат цела утакмица,да му серам на селекторот и да го терам у три лепе???
Тоа се само инструкции, не е некаква официјална забрана. Селекторот може да си ги игра колку сака. И во реален живот по секој можен натпревар за репрезентации се караат менаџери и селектори меѓу себе за вакви работи.

Ако не успееш нешто со карањето, пробај да го натераш да се повлече од репрезентацијата. Можеби ќе се повлече без проблеми ама може и да ти се налути малце. Како сакаш :)
 
Ивица ЈМК

Forza Juve Per Sempre!!!!
Член од
28 март 2010
Мислења
1.399
Поени од реакции
270
Тоа се само инструкции, не е некаква официјална забрана. Селекторот може да си ги игра колку сака. И во реален живот по секој можен натпревар за репрезентации се караат менаџери и селектори меѓу себе за вакви работи.

Ако не успееш нешто со карањето, пробај да го натераш да се повлече од репрезентацијата. Можеби ќе се повлече без проблеми ама може и да ти се налути малце. Како сакаш :)
знам знам дека с еинструкции,10 години играм менаџер веќе.само мислев да не стаиле некоја опција на новиов а да не сум ја нашол јас,малце да се спкуам со некој :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom