Football Manager 2012 - Општа дискусија

Член од
19 март 2011
Мислења
12.881
Поени од реакции
14.319
Венгер дава отказ,јас фаворит за менаџерското место во Арсенал...давам отказ од Портсмут аплицирам во Арсенал и ме одбија Стив Брус го земаа :pos:
Со Велика Британија земав злато на олимпијада :cool:
Прелесно стигнав до финале каде што се сретнав со Гана. :eek: Преку 10 картони 1 црвен и 3 гола..толку утки на еден натпревар немам видено.
И,во мегувреме станав менаџер на Сандерленд :D
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
1.170
Поени од реакции
2.635
Почнав со Б.Дортмунд.
пријателските 3 победи 2 нерешени и 1 пораз .
дојде Супер Куп со Шалке ... оставам вие да процените зошто јас се запрепастив ...

Dortmund v Schalke (Information_ Overview).png

А ова се формациите што игравме и јас и Шалке ...

Dortmund v Schalke (Information_ Formations).png
 

The Dude

Лајно
Член од
25 мај 2009
Мислења
502
Поени од реакции
321
Конечно во 6-та сезона шампион со Фулам. И тоа во голем стил! fm2.jpg
110 постигнати голови и ќе терав над стотка и со бодови, но на крајот нанижав 2 порази.
Првите 3 сезони завршував од 6-ти до 10-ти. Конечно 4-та извадов ЛШ. Особено тешка е првата сезона затоа што играчиве кои во живо се носители на игра во Фулам на играва се направени дрва. Демпси од 13-ка нема повисока. На Замора слабо му имаат дадено сила, а и финишинг само 13. Сендерос е дрво, мораше Хјуз да го играм. Шварцер после првата сезона паѓа значително и наместо да барам напажачи или средина мора сите пари на голман да одат. Единствени квалитетни се Хангеланд и Руиз. Плус имам наместено да немам буџет во почетокот. Сето тоа надополнето со високите очекувања од бордот (бараат во првите 10) ја прави првата сезона со Фулам многу тешка (барем за мене).
На крајот од четвратата сезона ме купи некој По-Чонг-Чој-Ким-Ли и извор на пари да имаше мислам дека ќе му секнеше. Се уби од давање пари. Оттаму и составов: fm3.jpg
Али мора и самиот себе да се пофалам, многу паметно пазарев. Голманите ми се земени на фри (го имав и Вивиано) Вокер 7.5, Смолинг 12, Шокорос 12, Муњоз 10, Бојата 1, Табану 6, Сисоко 0, Бендер 12, Видал 6, Вајс 3, Родригез 5, Флек 0, Јансен 6, Вилиан 10, Озил 12, Милер 0, Кадлец 7, Тевез 0, Руни 22.
Единствено јако платен ми е Геце 42, го продадов Бензема за 25 (го имав земено за 0) и имав буџет преку 100 и ја купив најголемата ѕвезда чисто од бес :)
Единствена грешка ми беше што накупив многу играчи првата сезона кога ме зеде Кинезот и ништо не направив во лигата, во ЛШ стигнав до полу финале.
За нареднава сезона го зедов Мвила на фри и го продадов Јансен за 9. И ги испуштив и Тевез и Флек, а ги вратив од позајмици Ковачиќ и уште двајца генерирани кои се ѕверови. Казнена експедиција направив, ама лошото во овој случај е што брзо здосадува.

п.с. Моментот во втората слика е бројот на погодоци на Руни :)
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
^На лето продај тоа што не ти треба,сигурно добра пара ќе земеш,а и да не ти се квари тимската хемија.

Ќе поставам јас после скриншоти од неколку играчи што ми ги открија скаутите,за трансфери немам гајле,Морати ми даде 300 милиони за трансфери,ќе го купам Сити ако не па :pos:

Да си го изменам постот,еве скриншотови од откритијата на скаутите,моменталниот состав и моменталната табела.
Башка и тренер на Бразил сум,ќе се изнакупам таленти на лето :icon_lol:

Ќе ставам директни линкови до сликите,за тие што имаат тапа нет да им ја отвара побрзо темава.

откритија

http://i45.tinypic.com/2ccxwtz.jpg

http://i50.tinypic.com/mjmycm.png

http://i46.tinypic.com/mrx0eb.jpg

http://i46.tinypic.com/359bwhw.jpg


Moменталната табела (колку голови имам примено,а колку дадено,од колку кола :свиркам:)

http://i45.tinypic.com/2m7ssv5.jpg

Моменталниот целосен состав без hot prospect играчите,кој на небитни утакмици ги ротирам за да добијат на искуство,а и одлично се покажуваат.

http://i45.tinypic.com/2m7ssv5.jpg


Следна мисија-да го купам Сити :pos:

Инаку многу луд сејв имам,Мурињо моментално е тренер на Билбао,а Англиската лига е бомба каде што секој клуб има по еден луд арап полн со пари.Ако на лето ме побара некој од Јунајтед,Челзи,Арсенал планирам да отидам...
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.342
Поени од реакции
5.723
Дајте пачови со средени дресови лица и се на куп ја реинсталирав играва одиме од почеток а пачовите сум ги избришал :/
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Ultra Boy линкот од составот ти е ист со линкот од табелата ;)
:facepalm: немаше ни да приметам фала на исправката,еве скриншот од целосниот тим без hot prospect играчите.




Moментално ја играм втората утакмица против Сити од четвртфиналето од ЛШ,првата во гости ги тепав 3-2,Кавани и на 32 години прави дар мар у напад :D
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.930
Одкако завршив со Свонси на 4то место на табела и с епласирав во Лш ме побараа од Интер и секако дека неможев да одбијам и прифатив/ ССеа ја започнав новата сезона прва утакмица со Јувентус на гости и победа од 3-1 се надевам дека и така ќе продолжам! Инаку станав и селектор на Италија па ќе видиме и таму како ќе течат работите. На полусезона ќе поставам еедно мало ревју со Интер!
Не си можел да одбиеш? Си почнал добар сејв со Свосни и си немал потреба да менуваш тим. Никад нема да разберам, зошто менувате тимови. Ако ти се игра со некој друг, почни си нов сејв.
Ај дај ми скриншот од Свонси, кај игра квалификации за ЛШ, како доказ дека може да игра. Треба да му покажам на еден другар :)
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Не си можел да одбиеш? Си почнал добар сејв со Свосни и си немал потреба да менуваш тим. Никад нема да разберам, зошто менувате тимови. Ако ти се игра со некој друг, почни си нов сејв.
Ај дај ми скриншот од Свонси, кај игра квалификации за ЛШ, како доказ дека може да игра. Треба да му покажам на еден другар :)
И јас ова никако да го разберам,претходната сезона ме побараа од Реал,Јунајтед,Барса,Арсенал и Челзи да бидам тренер,ама сите ги одбив,а искрено,иако зборам,и оваа сезона да ми дојде некоја милионска понуда од кој било,би ја одбил,моменталниов сејв со Интер сакам да го гурам до крај на тренерската кариера.
 
Член од
5 август 2008
Мислења
6.015
Поени од реакции
5.336
Не си можел да одбиеш? Си почнал добар сејв со Свосни и си немал потреба да менуваш тим. Никад нема да разберам, зошто менувате тимови. Ако ти се игра со некој друг, почни си нов сејв.
Ај дај ми скриншот од Свонси, кај игра квалификации за ЛШ, како доказ дека може да игра. Треба да му покажам на еден другар :)
Неам слики.. а си го продолжив истиот сејв, секад така праам. почнав со хадерсфилд па со свонси па на крај со интер па за понатака ќе видиме.. све ми е тоа на еден сјв а неам сликано :/
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.930
Па што не сликаш сега?
Иди Swansea-Fixtures и ќе најдеш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom