Конечно во 6-та сезона шампион со Фулам. И тоа во голем стил!
110 постигнати голови и ќе терав над стотка и со бодови, но на крајот нанижав 2 порази.
Првите 3 сезони завршував од 6-ти до 10-ти. Конечно 4-та извадов ЛШ. Особено тешка е првата сезона затоа што играчиве кои во живо се носители на игра во Фулам на играва се направени дрва. Демпси од 13-ка нема повисока. На Замора слабо му имаат дадено сила, а и финишинг само 13. Сендерос е дрво, мораше Хјуз да го играм. Шварцер после првата сезона паѓа значително и наместо да барам напажачи или средина мора сите пари на голман да одат. Единствени квалитетни се Хангеланд и Руиз. Плус имам наместено да немам буџет во почетокот. Сето тоа надополнето со високите очекувања од бордот (бараат во првите 10) ја прави првата сезона со Фулам многу тешка (барем за мене).
На крајот од четвратата сезона ме купи некој По-Чонг-Чој-Ким-Ли и извор на пари да имаше мислам дека ќе му секнеше. Се уби од давање пари. Оттаму и составов:
Али мора и самиот себе да се пофалам, многу паметно пазарев. Голманите ми се земени на фри (го имав и Вивиано) Вокер 7.5, Смолинг 12, Шокорос 12, Муњоз 10, Бојата 1, Табану 6, Сисоко 0, Бендер 12, Видал 6, Вајс 3, Родригез 5, Флек 0, Јансен 6, Вилиан 10, Озил 12, Милер 0, Кадлец 7, Тевез 0, Руни 22.
Единствено јако платен ми е Геце 42, го продадов Бензема за 25 (го имав земено за 0) и имав буџет преку 100 и ја купив најголемата ѕвезда чисто од бес
Единствена грешка ми беше што накупив многу играчи првата сезона кога ме зеде Кинезот и ништо не направив во лигата, во ЛШ стигнав до полу финале.
За нареднава сезона го зедов Мвила на фри и го продадов Јансен за 9. И ги испуштив и Тевез и Флек, а ги вратив од позајмици Ковачиќ и уште двајца генерирани кои се ѕверови. Казнена експедиција направив, ама лошото во овој случај е што брзо здосадува.
п.с. Моментот во втората слика е бројот на погодоци на Руни