Кое препуцавање е ова на база Анти Битола, Анти Скопје значи катастрофа....нека се базира на клубови и на навивачки групи зошто Битола немала ова а Скопје има она е муабет за мали деца. Премногу поделба се прави на народ што едвај опстоил јас кажувам за мене лично ми смета што навивачиве од двата табора пред се се Скопјани и Битолчани а после Македонци. Во стил Битола нема Мек Доналдс ај ќе им се смееме. Мислам подебилно од најавана со Мекдоналдс-от и Трговските не сум слушнал....и со тракторот. Па Скопје е главен град ќе има се нормално секој си е горд од каде е него многу е глупаво.
Или некој од Маџари, Ченто и Драчево да му кажува на некој од Битола од сред Центар што секој ден е на Широк сокак и прави шема дека е сељак. Што е мерило за сељак? Доаѓа на пример во Битола некој од Драчево и му вика дека е сељак...по кој критериум не ми е јасно? Дека зборат на дијалект? Дека се град со 100.000 жители а не 800.000?
И кај едните има сељаци што мешаат ајвар и кај другите. И кај едните има фраери со коли и што шибаат јаки женски и кај другите. Зошто мора едниве да се прикажуваат како сељаци а другиве пример зборам од Маџари и Драчево што да ги истресеш 5 денари немаат им вика сељаци?! Тоа неможам да го сконтам...
Иначе најверојатно ќе бидам присутен на натпреварот со двајца другари со наш превоз. Очекувам топ атмосфера и нека победи најдобриот

.
Памтете ми го муабетов или Пелистер ќе тепа со 1-0 или 1-1 завршува со гол во последните минути. Моја претпоставка сеа колку е точно...