Fiverr

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Може да се проверува состојбата на картичката од Payoneer?
Да, ќе се логираш само, и се ќе ти пишува таму и кој кога ти путшил пари и колку си трошел. Исто како банкарска сметка.
 
iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Нема поента ова. Првиот пат кога ќе правиш load на картичката ќе си ги земат тие 25 долара за активација.

Знам дека ќе го земат поголемиот дел од тие пари за активација и first time loading, ама без разлика на тоа јас пак ќе му ги вратам 20те долари на тој што ми ги пратил. Мене ми треба да ми прати некој пари за да ја активираат мојата Payoneer картичка, а после тоа преку друга картичка што ми е поврзана со PayPal од неа ќе му ги вратам на PayPal или ќе ги дополнам пак на мојата Payoneer картичка и ќе му ги пратам дирекно на неговата. Значи ако некој се нафати да ми заврши услуга нема да изгуби ништо, сите fees јас ќе ги платам, тој само ќе ми прати 20 долари и после јас му ги враќам најмногу за 10 минути. Нема ништо ризично тука ниту пак се обидувам некој да измамам, бидејќи ако го направам тоа може слободно да ме пријави на Payoneer и да каже дека сум го измамил па ќе му ги вратат парите а мене ќе ми го укинат членството.
 
Член од
23 април 2011
Мислења
135
Поени од реакции
246
Бескорисна е темава овде. Си има друг форум каде е убаво разработена и во која луѓето можат да најдат идеи што да продаваат и трикови за поголема продажба.

Инаку се заработува солидно. Досега имам извадено околу 1500 евра, но мој пријател на кој му тргнаа неколку сервиси има извадено околу 4000 евра во 1 година. Сите клиенти ги вадам надвор од fiverr сервисот и ми плаќаат директно на paypal. Така избегнуваме 20% провизија od Fiverr и клиентите неретко нарачуваат многу поголеми пакети.
Payoneer користете само ако немате избор, инаку на помали пари провизиите се болка на душа.

Позз
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601

пиши го форумот во ПП
 
Член од
27 април 2011
Мислења
2.308
Поени од реакции
3.064
Сепак Payoneer е најдобра опција сега за сега во Мк (освен paypal) ако правите повеќе од 150$ месечно. Нема данок, еднаш само се плаќа 25$ за активација (додека од банка ако повлекувате може и повеќе да ви земат при СЕКОЈА трансакција), и најбрзо ви легнуваат парите на сметка така да тоа е тоа.
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Бескорисна е темава овде. Си има друг форум каде е убаво разработена и во која луѓето можат да најдат идеи што да продаваат и трикови за поголема продажба.

Инаку се заработува солидно. Досега имам извадено околу 1500 евра, но мој пријател на кој му тргнаа неколку сервиси има извадено околу 4000 евра во 1 година. Сите клиенти ги вадам надвор од fiverr сервисот и ми плаќаат директно на paypal. Така избегнуваме 20% провизија od Fiverr и клиентите неретко нарачуваат многу поголеми пакети.
Payoneer користете само ако немате избор, инаку на помали пари провизиите се болка на душа.

Позз

Ако има друг форум тогаш седи си на тој форум. Ако ја имаш прочитано темата за заработка на интернет на секои 10 страни некој прашува за fiverr. Нека бидат информациите на едно место за поголема прегледност.

Обично сите сакаат да ги привлечат муштериите надвор од fiverr . Кажи нели банираат за такви работи ? секој збор што ќе го напишеш како skype и e-mail ти го репортираат одма.

Единствен начин е преку attachment да му пратиш contact info. Оние кои што се почентици во ова нека избегнуваат вакви работи. Можат само да го изгубат акаунтот и парите.
 
Ние направивме цел форум за заработка на интернет. Затоа и велам ако некој сака да дознае повеќе или да сподели квалитетни информации да се обрати на тој форум. Нема поента информациите да бидат расцепкани по 10 различни форуми и секој да загребе само по површината, за на крај да заврши со кликање реклами за $0.01 по клик.

изгуглајте ibiz mk и ќе дојдете до вистинското место за оваа дискусија

Контакт инфо се праќа преку атачмент во енкриптирана и разделена форма.
 
Kocka

Manchild
Член од
1 август 2006
Мислења
3.531
Поени од реакции
2.752
Бескорисна е темава овде. Си има друг форум каде е убаво разработена и во која луѓето можат да најдат идеи што да продаваат и трикови за поголема продажба.

Инаку се заработува солидно. Досега имам извадено околу 1500 евра, но мој пријател на кој му тргнаа неколку сервиси има извадено околу 4000 евра во 1 година. Сите клиенти ги вадам надвор од fiverr сервисот и ми плаќаат директно на paypal. Така избегнуваме 20% провизија od Fiverr и клиентите неретко нарачуваат многу поголеми пакети.
Payoneer користете само ако немате избор, инаку на помали пари провизиите се болка на душа.

Позз

super a kako ti garantiraat deka ke ti platat? i kako garantiras deka ke im pratis toa so go naracale?
 
Член од
23 април 2011
Мислења
135
Поени од реакции
246
super a kako ti garantiraat deka ke ti platat? i kako garantiras deka ke im pratis toa so go naracale?

1. Гарантираат дека ќе ти платат затоа што однапред ти плаќаат. Плаќаат за нарачката а ти потоа ја извршуваш. Парите ти остануваат во системот 14 дена, на расчистување.

2. Ако не им го испорачаш тоа што си го ветил, или ќе ти остават негативен feedback кој ќе ти го намали рејтингот, воедно и бројот на клиенти и нарачки, или ќе ја искористат опцијата да се пожалат до системот за поддршка и бидејќи парите ти се на расчистување 14 дена ќе им ги рефундираат, а тебе може да те предупредат за грешката или да ти го банираат гигот односно сервисот.

Обој бизнис модел е направен на таков принцип да купувачите и продавачите се заедно заштитени. Се случува купувачот да биде незадоволен од услугата и да си ги добие парите назад, но ова е реткост ако нудите квалитетен продукт или услуга.

На Fiverr најмногу успеваат оние кои го користат системот како сериозна бизнис платформа. Тие го истражуваат пазарот, ја препознаваат конкуренцијата, создраваат високо квалитетна услуга, и напорно ги промовираат своите гигови по целиот интернет (социјални мрежи, форуми, youtube...).
И истите тие добиваат од 10 до 50 нарачки дневно, тоа се $40-$200 дневно. Но некои добиваат помал број нарачки со многу поголема цена, па така има услуги со толку врвен квалитет каде минималната нарачка е $50.
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
За нас моментално најдобра е payoneer картичката... Трошоците ги имате на самата страна. АТМ банкомати имаме и можеш да спиеш со мирна глава дека УЈП нема да ти дојдат на врата...

Целата процедура на повлекување на парите на paypal , па трошоци, па наоѓање посредник може само да изгубите нерви а и пари. За тие што прават големи пари само payoneer му е мајката.
 
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
Фивер замре, сега друга страница е топ. Не се трудете многу околу фивер.

А ти Strenght нели ќе си одеше од мк па не те засега веќе заработувачка онланј? Колкушто знам ги продаде компјутерите....
Која страна е твоја препорака? Сподели инфо и за некој вака како мене што му каснат секогаш информациите :D
 
Член од
9 јуни 2008
Мислења
1.380
Поени од реакции
804
Знам дека ќе го земат поголемиот дел од тие пари за активација и first time loading, ама без разлика на тоа јас пак ќе му ги вратам 20те долари на тој што ми ги пратил. Мене ми треба да ми прати некој пари за да ја активираат мојата Payoneer картичка, а после тоа преку друга картичка што ми е поврзана со PayPal од неа ќе му ги вратам на PayPal или ќе ги дополнам пак на мојата Payoneer картичка и ќе му ги пратам дирекно на неговата. Значи ако некој се нафати да ми заврши услуга нема да изгуби ништо, сите fees јас ќе ги платам, тој само ќе ми прати 20 долари и после јас му ги враќам најмногу за 10 минути. Нема ништо ризично тука ниту пак се обидувам некој да измамам, бидејќи ако го направам тоа може слободно да ме пријави на Payoneer и да каже дека сум го измамил па ќе му ги вратат парите а мене ќе ми го укинат членството.
Среди ли работа ?
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.710
Поени од реакции
6.648
Јас сум за да си стои оваа тема како посебна само за Fiverr, пошто страната е навистина сериозна можност за заработка и како таква треба да се третира. Се останато шо е со помала популарност може да оди во општата тема како досега. Вака сега, за Fiverr значи можам да кажам само пофални зборови во смисла дека е идеална можност за работа после редовно работно време, ако можете да одделите 2-3 саати во денот супер. Секако дадете си и одмор, барем во недела ако ништо друго. А за оние пак што немаат регуларна работа, на ова можат да рачунаат како нешто привремено, додека најдат, а ако им тргне зошто да не и да им стане примарна :) Секако, се зависи од тоа што нудите, за каква цена и каков квалитет. Мене, можам да кажам доста добро ми тргна и гревота е да се жалам, али ќе треба во скоро време да седнам да подразмислам малце како можам себеси да се унапредам, било во самиот фајвер, во смисла на некој нов гиг, рекламирање на други и трети страни или пак наоѓање нови начини на заработка. Она со што се бавам, можда и доста од тука ме знаат веќе, е графички дизајн, за различни потреби. Ако работите квалитетно, работа има, само треба малку среќа да се дојде до клиенти. После добриот збор за вас ќе се шири и ќе ви носи нова работа. Ова го кажувам од искуство. Кој го интересира шо сака нека праша, ќе помогнам колку можам. ;)
 
Koj што сака нека збори. Овдека на кајгана форумов, немаме ваква тема. Може има други форуми за заработка, кој сака нека чита таму.

Јас од твоите совети научив нешто, убаво би било секој доколку знае некоја информација која ќе биде бенефит за сите да ја постира тука. Па некој кога ќе ја листа темава да има што да научи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom