единствено нешто што апсолутно го поседуваме е нашиот ум,она што секој индивидуално треба да го направи е насочување и хранење на умот со позитивна мисла само тоа е вистинскиот пат до квалитетно живеење па дури до душевниот мир до атараксијата!!!
Апсолутно?
Не би рекла.
А не би рекла ни ти ако размислиш уште еднаш.
Се разбира со сета почит кон твојот позитивен став, тој навистина изгледа ужасно сладок на хартија.
Одличен е, ден ден и ќе имаме корист од него, едвај чекам да се разбрбљам за тоа, но не сега.
Во ред, можеби будистичкиот свештеник кој последните 25 години ги минал во својата молитвена манастирска пештера високо во планинските зеленила е некаде блиску до тоа, но ние, малите нешта кои се далеку од вистинската контрола, засадени да живеат во
општество, главната легална збирштина од нивната
околина, виткајќи се под дејство на сите нејзини енергии, тешко дека апсолутно си го поседуваме умот, кога сме далеку од свесно распределување на влијанијата што стигаат до него.
Животот во основа е базиран на потреба да се еволуира.
Еволуцијата се состои од зголемување на свеста за природата на постоењето во кое сме се родиле.
Постоењето е поддржано од спиритуално/природни закони.
Сите се субјект на тие закони, но најголем дел од луѓето не се свесни за тоа; тие едноставно механички ги следат надворешните очекувања и внатрешниот глад.
Важно е да се разликуваат овие од законите поставени од човекот.
Законите кои ги создал човекот се основите на општествата; тие го претставуваат само релативното човечко сфаќање за целта на животот, и како такви се легитимни се додека не се сфаќаат како апсолутни и им се дозволува модифицирање во текот на еволуцијата.
Луѓето од сите места и времиња се обидуваат да ја пронајдат смислата, и вистинските правила; како треба да живееме, што е правилно, што може да успее.
Душата е животна сила во секое суштество која постои газејќи ги ограничувањата на времето и просторот.
А од нејзе потекнува длабоката потреба да се дознае повеќе за вистината, и целосно хармонизирање со животот.
..а у врска со мојата философија на животот? кој курац, модифицирај си твоја.