Antagonist
Systematic Victory
- Член од
- 7 април 2007
- Мислења
- 842
- Поени од реакции
- 41
ако стоиш на патот на нечија туѓа орбита тогаш е тоа твоја грешка и ќе ги сносиш последиците...нема тука сочуство, нема милосрдие, нема извини и простими...со тој чин правиш и друга грешка бидејќи секој има своја орбита со самото тоа што си му застанал на орбитата на некого ти не ја следиш својата орбита...
кажуваш дека сите си имаме своја орбита , своја патека во животот , и дека ако сите си ја следиме , дека нема да навлеземе во туѓа орбита.
и според твоето , сите би имале такви животи што по некој дефолт би ни биле предодредени ,(следејќи го патот на орбитата) така што , не би требало да застанеме во нечија туѓа орбита.
или .... сите би имале животи каде што нема да дојде до никакви пречки и борба за исти интереси.
....мислам не си баш у право со тоа што го кажуваш.
а што се однесува до моралот , немој да го ќењаш.
тоа е една прекрасна работа , без која , и без кое стадо говеда што ти го нарекуваш , немаше да постои цивилизиран свет.
замисли ти ...за да опстане едно општество ......значи тоа треба да биде регулирано на некој начин.
и замисли да мора да го регулираш со закон секој дел од животот на единките......ХАОС , нема ни да успееш да ги дефинираш сите закони.
вака , со моралот , си е многу ок.
Се наметнуваат морално исправни правила кои ако сите ги следат ќе се олесни напредокот на општеството.
едит:
Се согласувам со тебе дека е само уште една алатка за контрола врз народите.
Ама размисли....кој е потребата да се живее во општество , зошто секој не живее сам за себе?!?!?
Ако сите сме се согласиле да живееме во заедница , тогаш , треба да се согласиме на нејзините правила.
Во секој случај, има поголем бенефит во таквиот живот , отколку во дивјачкиот.
каде што слободно можеш да плукаш на моралот , законите, војската ,полицијата, даноците.